Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотНад 150 студенти на Бреинстер на хакатон ја градат апликацијата Breathe.mkНад 150 студенти на Бреинстер на хакатон ја градат апликацијата Breathe.mk за пријавување загадување на воздухот во СкопјеВо еден здив, повеќе од 150 студенти на водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster) и првиот практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), викендов ја создаваат апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На 48-часовниот хакатон, кој воедно е најголем ваков настан во живо во регионот,во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) се креира платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Врз основа на победничкото решение од првиот Air Care хакатон, кој се одржа на почетокот на октомври, студентите сега ќе работат на реализација на одбраниот UX/UI дизајн, преку кодирање на Front-End и Back-End на платформата, нејзино тестирање, поставување на можност за следење и лоцирање на загадување и останати функционалности. На овој хакатон учествуваат студенти од пет академии: Front-End, Full Stack, Data Science, Software testing и Проект и продукт менаџмент, како и студентите од програмата за Софтверско инженерство и иновации од Бреинстер Некст колеџ. Генералниот менаџер на Бреинстер Некст колеџот и директор за човечки ресурси во Бреинстер, Александар Клашниновски, истакна дека оваа организација верува во инвестирање во дигитални решенија и апликации што ќе прават добро за заедницата. „Една од мисиите на Бреинстер и на Бреинстер Некст колеџот е имплементација на „tech for good“ парадигмата, односно решавање на општествени проблеми од страна на нашите студенти преку креирање на дигитални решенија. Така и на овој хакатон, студентите ќе работат на дигитално решение кое се надеваме дека ќе помогне во намалување на загадувањето на воздухот како еден од најгорливите проблеми во секојдневното живеење, не само на жителите на град Скопје, туку и на сите жители на нашата држава. Хакатоните се реализираат како дел од нашата програма за учење и работа на реални проекти. Нашата цел е со овие проекти да вложуваме во заедницата и да адресираме општествени проблеми, во соработка со државни и невладини организации и со општествено одговорни компании, како што е Air Care со апликацијата Breathe.mk“. Иницијаторот на Breathe.mk, Алекс Долстра истакна дека ова не е само уште една веб-страница, тоа е решение што ѝ овозможува на нашата заедница активно да известува за загадувањето на воздухот. „Еден мудар човек еднаш ми рече дека единственото нешто што никогаш нема да биде успешно е она што никогаш не го започнуваме. Извонредната иницијатива Breathe.mk е олицетворение на оваа мудрост. Breathe.mk е повеќе од обична платформа – тоа е движење, повик за акција и моќен начин скопјани да ја преземат контролата врз квалитетот на воздухот. Breathe.mk е доказ за моќта на колективната акција. Но, она што навистина ја издвојува оваа апликација е визијата за автоматизиран систем, кој може точно да ја одреди најслабата алка. Тука започнува вистинската промена. Со Breathe.mk повеќе нема да бидеме пасивни набљудувачи, туку ќе бидеме сведоци што ќе бараат одговорност од нашите институции. Ќе видиме дали нивните заложби за борба против загадувањето на воздухот се само празни ветувања или конечно ќе се претворат во смислени дела. Ова е нашата шанса да направиме разлика, да го вратиме правото на чист воздух и да обезбедиме подобра иднина за нашето сакано Скопје. Breathe.mk ни даде платформа, но наше е да ја искористиме шансата. Да почнеме денес, за утре, полесно да дишеме“, истакна Долстра. Тој нагласи дека оваа иницијатива се реализира со повеќе поддржувачи и пријатели од Македонија, Белгија, Германија, како и од Холандија. Поддршка на иницијативата за справување со загадувањето даде и заменик-амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Роберт Декер, кој изрази надеж дека Breathe.mk ќе направи промена. „Холандија е една од петте најиновативни земји во светот. Да се направи разлика и да се работи заедно за општото добро е во нашата ДНК и јас сум многу задоволен што го гледам ова во пракса денеска во Скопје. Холандските компании и брилијантните македонски млади умови работат заедно со цел да го намалат загадувањето на воздухот и да го подобрат животниот стандард. Се надевам дека производот на денешниот хакатон ќе направи промена, која е многу потребна и од која сите ќе имаме корист. Како што вели нашето мото за годинешното одбележување на 30-тиот јубилеј: Блескаме заедно“, рече Декер. Преку апликацијата, корисниците ќе можат да поднесуваат извештаи за загадување на воздухот со датум, време, локација во живо, ниво на загадување што можат да го почувствуваат, дополнителна забелешка и да посочат во која општина е загадувачот. Пријавите ќе стигаат директно до инспекторите, кои ги обезбедува Град Скопје. „Драго ми е што толку голем број млади ентузијати, односно студенти, се јавија на повикот да придонесат во создавање решение против загадувањето. Сите граѓани се засегнати од проблемот на загадувањето. Затоа, секоја промена и иницијатива треба да тргне пред сѐ од секој од нас, да придонесеме да се намали загадувањето на воздухот. На Air Care хакатонот има многу млади ентузијати, кои сакаат да помогнат да дојдеме до решение, односно апликација со која ќе добиеме поточни информации и иникатори од каде доаѓа загадувањето. Верувам дека учесниците на овој настан ќе дадат живот на апликацијата, која ќе ни помогне на сите да дишеме поквалитетен воздух. Ова е одличен постулат да се издигнеме во борбата против загадувањето. Во името на Град Скопје, им благодарам на студентите на Бреинстер кои учествуваат во изработка на оваа апликација“, рече заменик-градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски. По иницијатива на Долстра, Град Скопје минатата година почна со поставување на густа мрежа со сензор, па од почетните 40, сега има иоколу 200 сензори, кои ќе бидат во функција на попрецизно лоцирање на загадувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавуваПрвото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. „Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал. „Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка. Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето? „Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена. Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00