СветНад 15 милиони луѓе во Индонезија живеат во страв од ерупција на вулкан- во земјата има 127 активни (ВИДЕО) Во Индонезија моментално има 127 активни вулкани, а околу 15 милиони луѓе живеат во состојба на тревога од ерупција, соопшти Геолошката агенција на индонезиското Министерство за енергетика и минерални ресурси.Раководителот на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности на Геолошката агенција, Пријатин Хади Виџаја, изјави дека до средината на декември 2025 година имало три вулкани со статус на ниво 3, или „во состојба на тревога“, додека 24 други вулкани биле во статус на ниво 2, или „статус на предупредување“. Тој рече дека проценува дека бројот на луѓе што живеат околу вулканите во состојба на тревога ќе достигне 15 милиони, и дека подготвеноста и почитувањето на препораките се важни за минимизирање на ризикот од катастрофи, објави денес VNA. Тој исто така рече дека голем број вулкани регистрирале високо ниво на активност. “A moment when fire and smoke speak for the earth — the eruption of Mount Levotobi Laki Lakicha in Indonesia.” Hashtags:#Volcano #VolcanoEruption #MountLevotobi #indonesiaviral pic.twitter.com/3BoJe7GtXS — V GUHAN (@vguhan955) December 21, 2025 Центарот издаде низа безбедносни совети, вклучително и забрана за активности во југоисточниот сектор долж Бесук Кобокан до 13 километри од врвот и ограничувања за активности во радиус од пет километри од кратерот поради потенцијална опасност од исфрлање на топол материјал. Покрај ерупцијата, Геолошката агенција предупреди и за потенцијални потреси како што се дожд од пепел и лавини, особено кога интензитетот на дождот се зголемува. Се очекува врвот на дождовната сезона да трае до крајот на јануари 2026 година и има потенцијал да го зголеми влијанието на вулканската активност во ранливите области. Како земја на Тихоокеанскиот огнен прстен, Индонезија има високо ниво на ранливост на геолошки катастрофи.Тагови: вулкан индонезија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНајсекси хокеарката во светот заведе познат спортист Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова, а наводно и двајцата се многу среќни.Ѕвездата на голфот Брајсон Дешамбо и манекенката Микајла Демајтер – која некои медиуми ја нарекуваат „најсекси хокеарка во светот“ – наводно се во врска. Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова и наводно и двајцата се многу среќни. Шпекулациите за нивната романса се интензивираа откако Микајла беше забележана на турнир во голф од серијата „LIV Golf“ во Њујорк. Таа имаше пропусница за гости и носеше качкет на „Crushers GC“ – тимот што го предводи ДеШамбо. Сомнежите дополнително се поттикнаа кога поранешната хокејарка објави фотографија пред полица полна со патики и качкети, што ги наведе некои од следбениците да заклучат дека таа се наоѓа во домот на голферот. Набргу потоа, таа објави фотографија од терен за голф покрај море на својата „Инстаграм стори“ (Instagram Story), со што дополнително ги подгреа гласините. Сепак, ДеШамбо (32) и Демаитер (26) сè уште јавно не потврдиле дека се во врска. Според истиот извор, „и двајцата се прилично повлечени кога станува збор за врски“. Микајла Демајтер се здоби со огромна популарност на социјалните мрежи, а медиумите ја нарекоа „најсекси хокеарка во светот“. Таа беше голманка на тимот „Блувотер Хокс“ во канадска јуниорска лига, но беше принудена да ја заврши својата хокеарска кариера на 19-годишна возраст поради повреда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во КиевПратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година во Киев.Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина. Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 августМакедонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена. Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена. Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање. Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter