Над 140 пациенти со ботулизам се уште се лекуваат во руските болници - Канал 5

Над 140 пациенти со ботулизам се уште се лекуваат во руските болници

Во руските болници се уште се лекуваат 148 пациенти со ботулизам по труење со храна, од кои 44 се на репиратори, изјави денеска помошникот на рускиот министер за здравство Алексеј Кузњецов.

Над 140 пациенти со ботулизам се уште се лекуваат во руските болници

Кузњецов изјави дека 232 лица, меѓу кои и три деца, се пуштени од болниците откако им се подобриле здравственaта состојба. Пациентите со симптоми на ботулизам почнаа да се примаат во болниците во голем број руски региони во средината на јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено

Македонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично.

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено

Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 каде што говореше за напредокот на најголемите инфраструктурни проекти во земјава и ги откри роковите за нивно завршување.

За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба започна пред неколку дена, Николоски истакна дека станува збор за технички сложен проект, а како обезбедување дека рокот на изграбда ќе биде испочитуван, обезбедени се високи банкарски гаранции од изведувачите.

"Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван", посочи вицепремиерот.

Заменик претседателот на Владата зборуваше и за автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка", каде динамиката на работите се одвива според планираното.

"На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат, на Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година.

Уште подобра динамика имаме на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го имаме на средина на следната година, околу 12 км, втора половина следната година ќе имаме уште едно отварање и 2028 ќе го завршиме цел", истакна Николоски.

Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите за овој регион на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турција би можело да организира предвремени избори за Ердоган повторно да се кандидира

Турција веројатно ќе одржи избори порано од првично закажаното во мај 2028 година, потег што ќе му овозможи на претседателот Таип Ердоган да ги заобиколи уставните ограничувања и повторно да се кандидира. 

Турција би можело да организира предвремени избори за Ердоган повторно да се кандидира

Ова го изјави неговиот советник Мехмет Уџум, објави Ројтерс.

„Речиси е сигурно дека изборите во 2028 година ќе се одржат во март или април“, изјави Уџум за новинарите во Анкара. Иако не зборуваше директно за плановите на претседателот, неговата изјава е најјасна јавна поддршка досега од висок функционер за идејата на сојузниците на Ердоган да го поместат датумот на изборите за да обезбедат нов мандат.

Реџеп Таип Ердоган е на власт во Турција речиси 23 години, прво како премиер, а потоа како претседател. Референдумот од 2017 година го воведе извршниот претседателски систем, што му овозможи да биде реизбран во 2018 и 2023 година. Иако Уставот го ограничува претседателскиот мандат на два мандата, тој дозволува повторна кандидатура ако парламентот распише предвремени избори за време на вториот мандат на сегашниот претседател.

Ставовите на опозицијата и владејачката партија

Турската опозиција е исто така за предвремени избори, но велат дека нивната цел е да ги оспорат економските политики на Ердоган, а не да му дозволат повторно да се кандидира. „За нас е неприфатливо целото прашање да се сведе на тоа како повторно да се избере Таип Ердоган за претседател“, изјави минатата недела лидерот на главната опозициска партија, Озгур Озел.

Од друга страна, сојузникот на Ердоган, Девлет Бахчели, лидер на националистичката МХП, минатата недела го повика парламентот да распише избори во погодно време за да „може претседателот Ердоган повторно да се кандидира“.

Потребно парламентарно мнозинство

За распишување предвремени избори е потребно мнозинство од три петтини во парламентот, или 360 од 600 членови на парламентот. Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган и нејзините сојузници моментално имаат 331 место. Тоа значи дека на владејачката коалиција ѝ недостасуваат 29 гласови за таа одлука, што може да претставува предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба, кадрови решенија, како и за понатамошното организациско и програмско јакнење на Унијата.

На седницата едногласно беше усвоена Декларација за унапредување на активното учество на жените и јакнење на демократската култура во партијата и општеството, промовирана на 14 септември во рамки на настанот посветен на Меѓународниот ден на демократијата. Со истата се потврди определбата за поголема вклученост на жените во политичките процеси.

Во однос на кадровските решенија и спроведените интервјуа за избор на нови претседателки на Општинските комитети на Унија на жени, Извршниот комитет ги избра следните претседателски:

1.Рената Томеска-Македонски Брод

2.Вера Велинова – Аеродром

3.Ленче Николовска – Кисела Вода

4.Виолета Блажевска – Сопиште

5.Диана Ристовска Додевски – Центар

6.Катерина Јакимовска – Карпош

7.Габриела Тодорчева-Сарај

8.Доце Павлова – Чаир

9.Каролина Насковска – Бутел

10.Маја Мисердовска – Чучер Сандево

11.Бранкица Дуковски – Ѓорче Петров

12.Марија Живачки – Куманово

13.Сузана Димковиќ – Старо Нагоричани

14.Марија Сотиров Пулковска – Пехчево

15.Андријана Илиевска Велковски – Делчево

16.Антигона Постоловска – Македонска Каменица

17.Елена Павлова – Виница

18.Снежана Хаџи Паунова – Кочани

19.Јадранка Симионова-Зрновце

20.Весна Митевска-Петровец

21.Светлана Слезенковска – Илинден

22.Тамара Јованова – Чешиново Облешево

23.Добрила Черќезова – Штип

24.Елизабета Стојанова-Карбинци

25.Фросина Ѓорѓиева – Свети Николе

26.Александра Наунова – Пробиштип

27.Емилија Јакимовска Ристовска-Крива Паланка

28.Биљана Николовска – Ранковце

29.Снежана Бошевска – Велес

30.Маријана Трајковска – Чашка

31.Јулија Тарабунова – Радовиш

32.Ивана Дујовска Атанасов – Конче

33.Пале Галева – Струмица

34.Анита Божинова – Босилово

35.Елена Шопчева – Богданци

36.Лилјана Арсова Митрова – Неготино

37.Марија Катарова – Демир Капија

38.Ѓурѓица Алексова – Кавадарци

39.Трајанка Ризова – Росоман

40.Андријана Челибитова – Прилеп

41.Светлана Аџиоска-Кривогаштани

42.Маргарита Груевска – Могила

43.Наташа Марковска – Битола

44.Менче Андрева Маркоска – Долнени

45.Маја Павловска-Ресен

46.Катерина Стојаноска – Охрид

47.Билјана Стефаноска – Дебарца

48.Радмила Мојсова Кикоска – Струга

49.Александра Велкоска – Вевчани

50.Елена Макаријоска Милеска – Демир Хисар

51.Цветанка Попоска – Маврово Ростуше

52.Санида Муслиоска – Дебар

53.Ружица Димитриеска – Гостивар

54.Александра Спироска – Тетово

55.Маја Зафироска – Брвеница

56.Валентина Марчевска – Јегуновце.

57.Емина Демеска – Студеничани

58.Џансу Рахман – Центар Жупа

59.Жаклина Богдановска – Шуто Оризари.

Воедно, ја информираме јавноста дека за прв пат во рамки на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ се формира Унија на жени во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари.

Ова е силен показател на огромниот потенцијал кој Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ континуирано го надградува.

Во следниот период Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активна мобилизација и нови кадровски решенија и во преостанатите Општински комитети со цел спроведување на политики во интерес на граѓаните.

За една повеќе!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер