Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
СкијањеНад 130 скијачи се побунија против новото правилоПовеќе од 130 учесници на Светскиот куп протестираа против контроверзната одлука на ФИС од оваа сезона да доделува бодови во новата дисциплина.Управниот одбор на ФИС ја измислил екипната комбинација, натпреварување во кое репрезентациите ќе се натпреваруваат со еден специјалист за спуст и еден специјалист за слалом. Нивните времиња ќе бидат додадени, а потоа секој од двајцата скијачи ќе добие половина од освоените бодови за пласман на Светскиот куп. Марко Одермат, Микаела Шифрин, Хенрик Кристоферсен, Александар Аамод Килд и останатите најдобри во светот потпишаа писмо со кое се спротивставија на ваквата распределба на поени. Сметаат дека е неправедно на таков начин да се освојуваат бодови за индивидуален пласман на Светскот куп. На пример, Петра Влхова, двократна шампионка во слалом, не може да се натпреварува во екипна комбинација бидејќи нема Словачка во спуст. Слични проблеми имаат Гркот Еј Џеј Гинис и Британецот Дејвид Рајдинг. Тие веруваа дека бодовите ќе важат само за неважниот пласман на Купот на нации. „Скијањето е индивидуален спорт и не треба да се случува бодовите од екипната конкуренција да бидат пресудни за победа во поединечен редослед спуст или слалом“, изјави Швајцарецот Даниел Јуле. За четири недели стартува новата сезона, а конечната одлука за бодувањето на тимската комбинација ќе биде донесена утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаТројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook