Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори
1Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори
3Мерлин од Мексико е нова сензација на Светското првенство- патката носи дрес и чорапи на репрезентацијата (ВИДЕО)
СветНад 12 илјади станбени објекти и згради уништени или оштетени во досегашните напади врз ТехеранНајмалку 12 илјади станбени објекти во Техеран се делумно или целосно уништени во американско-израелските напади врз Иран, изјави гувернерот на Техеран, Мохамед Садег Мотамадијан.Ирански медиуми го цитираат Мотамадијан, кој истакнал дека жителите на Техеран чиј објект е оштетен можат да поднесат барања за надомест на штетите до општинската канцеларија. Според податоците на Министерство за културно наследство на Иран, најмалку 56 музеи, историски споменици и културно-историски локации во земјата се оштетени во тековните американски и израелски напади. Од нив, најмалку 19 се во главниот град, вклучувајќи ја палатата Голестан, Техеранскиот базар и поранешната зграда на Сенатот. Претходно беа објавени информации за оштетени културни локалитети во градот Исфахан, вклучувајќи делови од џамијата на Имам Шах, сместена на историскиот плоштад Нагш-е Џахан заштитен од УНЕСКО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговориНема пазарање за идентитетот, Брисел да даде јасни гаранции дека нема да има нови билатерални услови, порача премиерот Мицкоски од партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ.. Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, нејзиното место е на масата во Брисел, но нема пазарење и отстапки за македонскиот идентитет и тоа е црвената линија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во говорот на 36 -тиот партиски роденден што се одржа во Струмица. Тој ја обвини поранешната власт,дека со своите политики нанела сериозна штета на државата и на нејзиниот пат кон ЕУ. Мицкоски упати порака до европските институции дека очекува јасни гаранции дека нема да има нови билатерални условувања и потврда за македонските идентитетски обележја како неспорен факт. Осврнувајќи се на спорот со Бугарија, Мицкоски повторно повика Софија да ги спроведе пресудите од судот во Стразбур за регистрација на македонски здруженија таму. - Бидејќи ни велат дека ова било последно, тогаш ајде сите гласно да испратиме порака до тие што ни велат, донесете заклучок дека нема повеќе билатерални прашања, дека е константа и факт македонскиот многувековен идентитет, култура, традиција, обичаи, јазик. И дека нема повеќе никој да ја отвора таа тема. Нема цена. Нема слава, нема моќ што може да ме убеди дека без овие работи, ќе прифатиме било што. Ова е нашата црвена линија. Сите треба да не слушнат гласно и јасно. Нема пазарење со идентитетот наш македонски. Доста беше, кажа Мицкоски. Во обемниот говор, Мицкоски се осврна и на претстојната реконструкција на Владата и најави промени во ешалоните на власта, поради забележани слабости во работата. Без да прецизира од кого не е задоволен, но со индиректна порака посочи дека дел од функционерите се одвоиле од граѓаните и станале недостапни, а сите отстапувања ќе бидат нотирани и санкционирани. -Очигледно. Добивам поплаки дека дел од министрите и директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите. Заборавија од каде дојдовме и како започнавме. И ова е порака дека нема да толерирам занес во привилегиите што ги нуди власта. Ние сме овде да му служиме на народот. Чистиот образ тешко се одржува, а лесно се губи. Кога јас можам да одговорам во текот на денот на стотици луѓе, сигурен сум дека тоа го може секој тоа да го прави. И секој заслужува одговор. И нема изговор овој сто пати ми пратил. Сто и еднаш ќе одговорите. Не прифаќам оправдувања од ниту еден именуван функционер дека е уморен. Ако е уморен, чесно е да си оди, изјави Мицкоски. Околу полемките во јавноста дали власта соработува со одредени опозиционери лидерот на Вмро-Дпмне порача дека компромиси со криминалот нема да има..Според Мицкоски опозицијата се плаши од предвремени избори, порачувајки и да внимава што посакува, бидејќи, како што кажа, може да им се оствари, а ВМРО-ДПМНЕ вели тој е подготвена за секое сценарио. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо ЃорѓиоскиУтринава во координирана акција уапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски – неофицијално, тој и уште 11 физички лица, како и 14 фирми, се опфатени во истрага на ОЈО ГОКК отворена пред шест години .Утринава во координирана акција уапсен е екс-претседателот на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски – неофицијално, тој и уште 11 физички лица, како и 14 фирми, се опфатени во истрага на ОЈО ГОКК отворена пред шест години по кривична пријава од Финансова полиција за наводна проневера на над 2,5 милиони евра во периодот кога бил претседател на Федерацијата. Според сомнежите од истрагата, при водењето на финансиите на ФФМ, преку различни механизми, како фиктивни фактури, договори за услуги кои не биле реално извршени и исплати преку фирми, биле извлекувани пари од федерацијата. Во моментов дополнителни детали нема ниту од Обвинителството, ниту од МВР и Финансова – оти истрагата е во тек, а посочија и дека се вршат претреси на повеќе локации и дека станува збор за долгогодишна предистражна постапка. Од ФФМ пак велат, според доставената документација до надлежните институции штетата нанесена на ФФМ од 2015та до 2019та година надминува 2,5 милиони евра. „Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупјната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од Јануари 2015 година, до крајот на 2019 година, изнесува повеќе од 2,5 милиони евра. На крајот на 2025 година од федерацијата беше побарана дополнителна документација, која во целост беше доставена до надлженото обвинителство на почетокот на 2026 година. Истовремено, со официјален допис повторно беше укажано на висината на утврдената штета и беа доставени дополнителни релевантни информации.“ Во пријавата на Финансова полиција беа опфатени и тогашните раководители на финансии и сметководство и на одделот за судии и судење, како и сопственици и управители на повеќе компании. Финансова тогаш наведе дека осомничените сториле повеќе дела, меѓу кои се перење пари, злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, несовесно работење, проневера, измама и фалсивикување на деловни книги. Наведено беше и дека Ѓорѓиоски како претседател не извршил соодветен надзор, и овозможил исплати од сметките на ФФМ кон повеќе правни лица врз основа на фиктивни фактури за услуги и стока, кои никогаш не биле испорачани. Исто така, според Финансова, преку фиктивни фактури биле исплатени над 200.000 евра од сметките на „куќата на фудбалот“ што директно нанело штета врз федерацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотпишан мировен договор меѓу САД и Иран за окончување на војната на Блискиот Исток САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање кој се очекува да донесе моментален прекин на огнот и отворање на 60-дневни преговори за примирје и крај на војната на Блискиот Исток, вклучително и во Либан. На свечена вечера во дворецот во Версај и на маргините на самитот на Г7, американскиот претседател Доналд Трамп и официјално го потпиша меморандумот за разбирање со Иран, кој треба да воспостави итен прекин на огнот во рок од 60 дена, до финализирање на мировен договор меѓу двете страни. Паралелно, истиот документ во Техеран го потпиша и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Меморандумот кој утре треба да биде потврден на свечена церемонија во Женева е долг речиси 800 збора и поделен во 14 точки. Иако повеќе клучни детали се оставени за дополнително усогласување, во документот се предвидува итен прекин на непријателствата, вклучително и во Либан, укинување на поморските блокади, пристап на Иран до светските пазари, ослободување на замрзнатите средства и 300 милијарди долари за обнова на Иран. Најважно за официјален Вашингтон сепак, е потврдата дека Иран се обврзува трајно да не развива нуклеарно оружје, во спротивно Трамп се закани со нови воени дејствија. „Кога велам трајно (Иран нема да има нуклеарна програма) треба да биде трајно. Но, ако не биде трајно ќе бидат бомбардирани, како што ги бомбардирав во вторникот и средата вечерта и ќе ги бомбардирав во четвртокот вечерта три пати посилно. Така е со мене како претседател, ако имавте слаб претседател, можеби тоа немаше да се случ.“ Иранските власти документот веќе го оценија како победа за нивните преговарачки позиции. Иако во меморандумот се предвидува слобода на движење низ Ормускиот теснец во следните два месеци, сепак главниот ирански преговарач Мохамед Галибах посочи дека Иран нема намера да се откаже од суверенитетот на теснецот. „Договорот е доказ за поразот на САД. Луѓето ќе го видат и самите ќе проценат. Ормускиот теснец нема да се врати на состојбата пред војната. Иран има право на суверенитет над теснецот и секако дека ќе добиваме надокнада за неговото користење.“ Потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран и најавеното отворање на Ормускиот теснец експресно влијаеше и врз цените на нафтата на светските берзи кои паднаа за околу 2 проценти, а цената на Брент нафтата падна на 77 долари за барел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook