Над 1000 деца од Тетово уживаа во симфониската бајка „Петар и волкот“ - Канал 5

Над 1000 деца од Тетово уживаа во симфониската бајка „Петар и волкот“

 Националната установа „Музички Ансамбл” - Тетово во петокот имаше преполна сала за двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“, на македонски и албански јазик. 

Над 1000 деца од Тетово уживаа во симфониската бајка „Петар и волкот“

На овој начин го реализираше вториот проект од Годишната програма поддржана од Министерството за култура и туризам.

-Над илјада деца во Центарот за култура уживаа во маестралното дело на Сергеј Прокофјев, оркестрирано и диригирано од палката на Ангел Спировски и Агона Чупи, со нарација на Рахим Рамадани, во изведба на камерен оркестар, што предизвика позитивни реакции и овации од најмладата публика. На децата од Тетово потребни им се повеќе вакви настани кои им овозможуваат средба со нов свет кој допрва треба да го откријат. Задоволни сме од успешната изведба на двете претстави и реализацијата на проектот, истакна ВД директорот на НУ „Музички Ансамбл”-Тетово Ардиан Исмаили.

Тој посочи и дека преку вакви едукативни претстави не само што се негува најмладата публика, туку се влијаеме на нивниот развој и на нивниот вкус за уметноста.

-Децата беа воодушевени и среќни. Тоа е мотив плус да ги повторуваме ваквите настани и затоа работиме да ги има што повеќе во нашиот град. Атмосферата и енергијата за време на изведбата на симфониската бајка ја пренесе и диригентката Агона Чупи која на својот Фејсбук профил по завршувањето на настанот напиша: „1000 деца и неверојатна енергија. Едно од најубавите чувства”, посочи Исмаили.

Следен настан на репертоарот на НУ „Музички Ансамбл”- Тетово е Концерт на млади таленти, а до крај на година преостануваат уште проектите: „Концерт за ноемвриски празници” и „Концерт на популарна музика”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година

Изјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година

„Добар ден и од мене.

Претходните говорници кажаа речиси сè што е поврзано со испораката на учебници. Јас би додал само дека можеби сето ова треба да претставува нормална работа, иако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат.

За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала.

Јас сум свесен дека има граѓани коишто трпението им е при крај, но важно е да ние нашите цели и приоритети ги реализираме и да оставиме впечаток дека даваме максимум за да работите се доведат онаму каде што им е местото. Еден од тие процеси е и ова системско решавање за снабдување на нашите најмили, на децата, со учебници.

Повторно ќе кажам, жалам што во време на вештачка интелигенција, современи напредни технологии, ние се радуваме дека на време ги доставуваме учебниците.

Но, тоа е што е. Таа катаклизма е сега политичка катаклизма која што ја донесоа СДСМ и ДУИ е минато, и она што ние како Влада имаме обврска да го направиме е да никогаш повеќе не се повтори.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на министерката за образование, на луѓето од нејзиниот тим во Министерството во образование, на градоначалникот, на пратениците од Општина Аеродром, на директорката во ова училиште и во суштина на директорите и вработените во образованието низ цела Македонија, за трпението коешто го имаат и за знаењето коешто го пренесуваат на нашите најмили, а тоа се дечињата.

Сепак тоа е, би рекол, нобелова работа и јас уште еднаш им честитам за сето она коешто го прават и за децата и за Македонија како држава.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андроид прави голема промена: Еве што значи сината точка на екранот

„Google“ воведува нова функција за приватност за „Android“ уредите што ги известува корисниците кога некоја апликација ги користи нивните податоци за локација.

Андроид прави голема промена: Еве што значи сината точка на екранот

Новата функција прикажува сина точка на екранот кога некоја апликација пристапува до податоците за локација, а корисниците можат да го допрат индикаторот за да видат која апликација моментално ги користи тие информации.

Според достапните информации, функцијата треба да биде дел од „Android 17“, но некои корисници веќе ја забележале на уреди што работат со понови верзии на „Android“.

Целта на функцијата е да им обезбеди на корисниците подобар увид во тоа кога и како апликациите ги користат податоците за локација. Иако се очекува апликациите како Мапи да пристапуваат до овие информации, некои апликации можат да ја користат локацијата во позадина без јасно да го предупредат корисникот.

Сепак, новата функција веќе предизвика мешани реакции кај корисниците.

Некои корисници велат дека сината точка се појавува толку често што со текот на времето ја губи својата намена. На форумите се појавија поплаки дека индикаторот често се активира од апликации на кои корисниците веќе им дале пристап до локацијата, како и од одредени системски услуги.

Другите корисници ја сметаат додадената транспарентност за корисен потсетник која го олеснува препознавањето на апликациите што ја користат вашата локација без ваше знаење.

Сината точка се приклучува на постојните индикатори за приватност на „Android“ уредите. Зелената точка означува дека камерата е активна, додека портокаловата точка означува дека апликацијата го користи микрофонот.

Сличен систем на индикатори постои на „Apple“ уредите со години, каде што корисниците можат да видат кога апликациите пристапуваат до нивната камера, микрофон или податоци за локација.

„Google“ вели дека целта на овие функции е да им дадат на корисниците поголема контрола врз нивната приватност и да им олеснат да видат како апликациите користат чувствителни податоци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор во САД: Од библиотеката се слушале звуци од огнено оружје и вресоци на луѓе, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа во пукотница што се случила во библиотека во Калифорнија, соопшти локалната полиција.

Хорор во САД: Од библиотеката се слушале звуци од огнено оружје и вресоци на луѓе, има мртви (ВИДЕО)

Пукањето се случило во градот Чико на северот од оваа американска држава, а еден осомничен е во притвор, јавува Асошиејтед Прес.

Полицијата соопшти дека одговорила на повик во кој се слушале звуци од огнено оружје и вресоци на луѓе од библиотеката.

„Кога полицајците влегле во библиотеката, осомничениот избегал низ задната врата. Дополнителни сили за спроведување на законот зад библиотеката го привеле осомничениот“, изјави началникот на полицијата Били Олдриџ.

Според него, инцидентот е многу тажен и трауматичен за многу луѓе.

Улиците околу библиотеката биле привремено затворени, а за луѓето што биле во зградата бил отворен центар за семејно обединување.

Едно дете е однесено во болница со полесни повреди.

Полицијата не го објави името на осомничениот ниту детали за тоа што го предизвикало пукањето, но рече дека верува дека стрелецот дејствувал сам.

АП додаде дека полицијата изјавила дека нема да ги објави имињата на убиените додека не бидат известени најблиските роднини.

Локалните власти ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер