ЗдравјеНад 100 прегледи на ден во Детската болница во Козле - респираторен вирус создава пневмонииОд 100 до 150 деца дневно им треба лекарска помош во болницата „Козле“. Ларингти, бактерии и потешки вирусни пенвмонии се најчестата клинича слика пред се кај децата од предшколска возраст кои одат во градинка. Доктор Мирјана Поповска објаснува дека освен амбулантски прегледи кај голем број од децата треба и болничко лекување. Според Поповска овие вируси се типични за есенско - зимскиот период и единствена заштита е болните деца да не носат во градинка за да се намали ширењето. Засега нема потврда на сезонски грип кај дете. Од болницата Козле велат дека периодот е мирен со ковид вирусот и нема болни од корона. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Принцезата Шарлен со стил на Бонд-девојкаПринцезата Шарлен од Монако го привлече целото внимание на Балот на Црвениот крст во блескав златен фустан што спојуваше скулптурални набори, отворен грб и холивудски гламур.Традиционалниот хуманитарен настан се одржа во салата „Сал дез Етоал“ во Монте Карло и претставува еден од најзначајните летни настани во кнежевството, пишува HOLA. Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлен традиционално ја предводат вечерта во својство на претседател и потпретседател на Црвениот крст на Монако – организација што е поврзана со семејството Грималди уште од 1948 година. За овогодишното издание, таа избра блескава златна креација која совршено се вклопи во медитеранскиот амбиент. Тесната силуета, раскошните набори и долгиот плашт ѝ дадоа на креацијата идеална доза на елеганција. Впечатливиот златен фустан има асиметричен изрез и долго здолниште што на суптилен и елегантен начин ја истакнува нејзината фигура. Дизајниран е така што се обвиткува околу телото и ја нагласува силуетата, задржувајќи нота на софистицираност, додека неговиот најголем адут се крие во наборите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЖивотВидео: Голема бела ајкула кружи околу деца во плитка водаНа драматичното видео се гледа голема бела ајкула, долга околу 3 метри, како полека плива кон група млади пливачи кои си играле во плитката вода.На интернет стана вирална застрашувачката средба меѓу млада голема бела ајкула и група тинејџери кои не биле свесни за нејзината близина, крај брегот на Јужна Калифорнија. Снимката од воздух е направена од Карлос Гауна, познат како „The Malibu Artist“, кој го документира однесувањето на ајкулите со помош на дронови. На драматичното видео се гледа голема бела ајкула, долга околу 3 метри, како полека плива кон група млади пливачи кои си играле во плитката вода. Ајкулата ѝ се приближи на групата, очигледно од љубопитност, додека децата воопшто не биле свесни дека потенцијално опасно животно се наоѓа на само неколку метри од нив. Белата ајкула кружеше во нивна близина неколку мигови, додека пливачите безгрижно продолжуваа да си играат во водата.Тагови: ајкула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Прво Гостивар, сега Валандово - кој град е следен?По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење. Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење. Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава. Проблем на еден човек - Христијан Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО која ја презеде државата. Оваа влада не знае да управува со основните работи што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните. Нема капацитет, нема стручност, нема системска контрола. Единственото што добро го познаваат се криминалните тендери и личното богатење. Во Гостивар дозволија луѓето да се трујат со фекално загадена вода. Сега во Валандово имаме арсен во водата за пиење. Утре ќе биде некој друг град. Кога институциите не функционираат, кога контролата е слаба, кога се поставуваат луѓе според партиска послушност, а не според стручност - резултатот е токму ова: граѓаните остануваат без безбедна вода за пиење. Мицкоски и неговата структура се занимаваат со базени, реконструкции и медиумски настапи. Во меѓувреме, основните системи што треба да го штитат животот на луѓето се распаѓаат. Ова е последица на нестручност, незнаење и целосен фокус на лични и партиски интереси. Прашањето повеќе не е само „што се случува во Гостивар“ или „што се случува во Валандово“. Прашањето е: кој град е следен? Скопје, 23.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33