19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор
119 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
2Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор
3Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
СветНад 100 починати од епидемија на ебола во Конго, СЗО прогласи меѓународна криза Најмалку 100 смртни случаи се регистрирани во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, а повеќе од 390 се осомничени за заразени, изјави за Би-Би-Си раководителот на Африканските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата за меѓународна криза во јавното здравје, а американските медиуми објавија дека најмалку шест американски граѓани биле изложени на вирусот, пишува Би-Би-Си. Американци изложени на вирусот Според CBS News, најмалку шест Американци биле изложени на вирусот ебола. Се верува дека еден од нив покажува симптоми, додека тројца имале контакт со лица со висок ризик. Досега не е познато дали некој од нив се заразил. Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) потврдија дека помагаат во „безбедната евакуација на мал број директно засегнати американски граѓани“, но не дадоа точен број. Според здравствениот портал STAT, американската влада организира транспорт на мала група Американци на безбедна локација за карантин, а американската воена база во Германија се споменува како можна дестинација, иако оваа информација не е официјално потврдена. ЦДЦ одби директно да одговори на прашања за засегнатите американски граѓани на прес-конференција, додавајќи дека ризикот за САД останува низок. САД, исто така, издадоа највисоко ниво на предупредување, ниво четири, советувајќи ги американските граѓани да не патуваат во ДР Конго. Вирус без лекови и неговото ширење во Уганда Сегашната епидемија е предизвикана од сојот на ебола Бундибугјо, за кој нема одобрени лекови или вакцини. Според ЦДЦ, два потврдени случаи и еден смртен случај се регистрирани и во соседна Уганда. Светската здравствена организација објави дека епидемијата во источната покраина Итури во ДР Конго претставува криза на јавното здравје од меѓународно значење, но дека не ги исполнува критериумите за пандемија. И покрај ова, агенцијата предупреди дека епидемијата може да биде „значително поголема“ од моментално регистрираните случаи и дека постои значителен ризик од локално и регионално ширење. Повик за претпазливост и сеќавање на минатата епидемија За време на најголемата епидемија на ебола, која ја погоди Западна Африка од 2014 до 2016 година, повеќе од 28.600 луѓе се заразија со вирусот, а 11.325 починаа. Болеста потоа се прошири во неколку земји, вклучувајќи ги Гвинеја, Сиера Леоне, САД, Обединетото Кралство и Италија. Жан Касеја, генерален директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, предупреди дека во отсуство на вакцини и ефикасни лекови, луѓето мора да ги следат мерките за јавно здравје, особено оние поврзани со погребите. „Не сакаме луѓето да се заразат поради погребот“, изјави тој за Би-Би-Си. Во раните фази на епидемијата пред повеќе од една деценија, масовните погреби каде што луѓето ги миеја телата на своите починати помогнаа во ширењето на болеста. СЗО им советуваше на ДР Конго и Уганда, земјите со потврдени случаи, да спроведат прекугранични проверки за да се спречи ширењето на вирусот. Соседните земји се повикани да „ја зголемат својата подготвеност“, што вклучува надзор во здравствените установи и заедниците. Соседна Руанда објави дека ќе ги заостри контролите по должината на границата со ДР Конго како „превентивна мерка“, додека Нигерија соопшти дека „внимателно ја следи ситуацијата“.Тагови: ебола СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска Истрагата треба да покаже како настанала несреќата.Силниот звук од силниот удар на улицата Радишанска во скопската населба Радишани на улица ги извадил жителите од улицата на самото место на сообраќајната несреќа каде на самото место загинал 19 годишниот Н.М кој управувал со моторот што имал сообраќајка со возило алфа ромео со италијански регистрарски таблици управуван од 46 годишен С.Б. Целата улица беше блокирана, а граѓаните во шок раскажуваа дека ударот бил силен, а момчето немало знаци на живот. Истрагата треба да покаже како настанала несреќата. И автомобилот е со големи оштетувања од левата страна на возилото каде што бил ударот. Возачот со повреди бил пренесен на болничко лекување. По завршување на истрагата ќе се знаат причините и околностите за сообраќајната незгода. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затворАпелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов.Апелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов, кој беше прогласен за виновен за убиството на вонбрачната партнерка 52 годишната Сузана Серенакова извршено во јануари 2025 година во Кавадарци. И одбраната на Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда. Но, апелација одлучи казната да биде повисока со цел да има поголема казна врз основа на направеното дело за лице кое било осудувано и претходно и во чести состојби на афект ја физички и психички ја малтертриал неговата партнерка. Обвинетиот не го признал делото негирајќи дека не бил кај жртвата дома, но ДНК анализата покажала дека траги од него биле пронајдени на облеката и под ноките на жртвата, за што биле клучни во истрагата. Панов беше обвинет за убиство за дело кое е привидена најстрога казна доживотен затвор. Семејното насилство е во пораст, од периодот од 2018 до 2025 година извршени се 42 убиства, 24 обиди и 192 тешки повреди, а имало скоро 45 илјади пријави за семејно насилство. Психологот Мирјана Јовановска Стојановска објаснува дека високите затворски казни се во ред, но самата казна не ја менува мотивацијата кај насилникот и неговата внатрешна намера, го менува само однесувањето да ја избегне казната. „Она што се случува внатре во личноста казната не го менува. Да треба казна но најдобро е да има комбиниран систем каде освен казна ќе му се помогне на оној што ги прави делата. Затоа што очигледно е дека им треба многу помош“, вели изјава Мирјана Јовановска Стојановска. Со новите измени во законот за спречување и заштита од насилство се предложува полицајците да имаат ново овластување со кое полицаецот врс основа на процена на ризик ќе може веднаш да изрче мерка за заштита на жрвата, насилникот да се отстрани од домот без согласност на жртвата и да трае до 48 часа со што судот може да ја продолжи до 30 дена или да ја укине. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаСкопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријаваЗа настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Алкохол мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter