И тоа не било каква: поминувањето низ тунел долг само 15 километри меѓу Франција и Италија го чинело дури 72,60 евра, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Патарини и вињети се стандард во многу европски земји, но некои примери знаат да остават горчлив вкус. Во Фејсбук групата „Camping Switzerland“, еден корисник сподели сметка за поминување низ тунелот Фрежис, кој ги поврзува двете земји. Основната цена на патарината изнесувала 60,50 евра, додека дополнителни 12,10 евра биле за ДДВ.
Можеби ќе ве интересира: Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот
– И после некој ќе каже дека Швајцарија е скапа – напиша тој, предизвикувајќи лавина реакции.
Луѓето коментираа дека ваквата цена е претерување и се прашуваа како е можно ЕУ да го дозволува тоа. Една корисничка предложи и други познати тунели, како Готард или Сен Бернар, да воведат слични цени – но само за странци. Други, пак, го свртеа разговорот против Германците: „Ги затрупуваат Алпите, нека си платат“, беше еден од коментарите.
Но, имаше и такви што се обидоа да ги смират тензиите.
– Секогаш истата приказна – против Германците. А штом почне шопингот, сите доаѓате кај нас – напиша еден член на групата, огорчен од стереотипите.
Можеби ќе ве интересира: Од 4 јули нови цени на патарините низ Србија
Некои сепак ја истакнаа клучната поента: можеби е време сериозно да се размисли за цените на возењето. „Превише евтино возење со автомобил доведува до гужви. Ако патарините беа двојно поскапи, ќе имаше помалку автомобили на патиштата“, наведе еден член, пренесува „Блиц“.