Над 1.000 посетители на отворањето на изложбата на МСУ Скопје во Виена - Канал 5

Над 1.000 посетители на отворањето на изложбата на МСУ Скопје во Виена

На официјалното отворање на изложбата имало обраќање на двете директорки на партнерските институции Кунстхале и МСУ, Сабина Саболовиќ и Мира Гаќина.

Над 1.000 посетители на отворањето на изложбата на МСУ Скопје во Виена

Во Виена преку 1.000 посетители беа на големото отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје" (No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection), со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност - Скопје, што ќе биде отворена сѐ до 28 јануари 2024 година, информираа од Музејот на современа уметност - Скопје.

- Галерискиот простор на Кунстхале, буквално беше претесен да ги собере сите оние кои трпеливо чекаа да влезат во музејот за да ја погледнат изложбата за солидарно Скопје и делата, кои светски познатите уметници ги подарија на нашиот Музеј на современата уметност во знак на солидарност по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. На 1.000 метри квадратни, импозантните 94 избрани дела од солидарната колекција на МСУ во симбиоза со 50-те дела од шестмината современи уметници, делуваат импресивно во просторот. Во изложбениот проект, вклучена е и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ и неговата колекција, документи и макетата на Кензо Танге, позајмени од архивите на Музејот на град Скопје и текстови и макети од позначајни градби од постземјотресната обнова на градот, од архивата на Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков, кои наедно одржаа и предавање вчера пред виенската публика, се наведува во соопштението.

На официјалното отворање на изложбата имало обраќање на двете директорки на партнерските институции Кунстхале и МСУ, Сабина Саболовиќ и Мира Гаќина.

- Во Виена пристигна и министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, која присуствуваше на отворањето, амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Дејвид Гир, голем дел од дипломатскиот кор во Виена и претставници од македонската амбасада во Австрија. Современите уметници вклучени во изложбениот проект, Брук Ендру од Мелбурн, Синиша Илиќ од Белград, Иман Иса од Берлин и Ѓулсун Карамустафа од Истанбул и македонското уметничко дуо Јане Чаловски и Христина Иваноска од Скопје, синоќа беа во центарот на вниманието, пишува во соопштението.

Како што се додава, „тие направија своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на познатите уметници од колекцијата и нивната авторска работа. Идејата е да се види како денес современите уметници ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. Покрај нив, фотографката Елфи Семотан од Виена, направи дела од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ од Виена, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје“.

- Пред отворањето се одржа и конференција за печат пред повеќе десетици претставници на австриските медиуми, каде говореа Гаќина и Саболовиќ. Изложбата што ќе биде отворена до следната година, според искуствените статистики што ги има Кунстхале Виена, се предвидува да ја погледнат повеќе од 75.000 илјади посетители од целиот свет, се нагласува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

На дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри.

Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море.

Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег.

Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата.

„Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај.

Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште.

Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“.

Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство.

Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон.

Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани.

Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал.

Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување.

„Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Девојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.

Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан.

Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан.

Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика.

За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота.

Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финците се најсреќната нација во светот, но земјата тоне во долгови

Финска, земјата што девет години по ред е прогласувана за најсреќна во светот, се соочува со најави за тешка зима и најстрог буџет во последните години, насочен кон силни мерки за штедење.

Финците се најсреќната нација во светот, но земјата тоне во долгови

Пред изборите во април, дебатата не се води околу тоа дали ќе има кратења, туку кои услуги, социјални бенефиции и пензии ќе бидат најмногу погодени.

Показателите за долгот и дефицитот на Финска се најлоши уште од 1990-тите години, кога колапсот на банкарскиот систем и распадот на Советскиот Сојуз – тогаш клучен извозен партнер – предизвикаа длабока економска криза, пишува DW.

Раст на јавниот долг Финскиот завод за статистика минатиот месец потврди дека јавниот долг во вториот квартал достигнал 90,3 отсто од БДП, што претставува пораст од околу 65 отсто пред пандемијата.

Една од причините лежи на исток: Финска ги зголеми трошоците за одбрана по влезот во НАТО, поттикната од руската инвазија врз Украина.

Покрај тоа, Хелсинки се соочи со значително повисоки трошоци за енергија откако стави крај на зависноста од Москва, од каде што набавуваше околу една третина од својата енергија. Сепак, финската влада троши повеќе отколку што прибира средства уште од финансиската криза во 2008 и 2009 година, делумно поради стареењето на населението и бавниот економски раст.

Минатиот месец, Државната управа за финансии прогнозираше дека буџетскиот дефицит во 2026 година ќе изнесува 4,2 отсто од БДП.

Брисел бара од Хелсинки да го намали новото задолжување, бидејќи правилата на Европската Унија наложуваат дефицитот да не надминува три отсто од БДП.

Во јануари, Европскиот совет покрена постапка и ѝ даде рок на Финска до крајот на 2028 година да ја постигне оваа цел. Владата на премиерот Петери Орпо, која е на власт од јуни 2023 година, планира да заштеди приближно девет милијарди евра во текот на својот мандат.

Економистите предупредуваат дека следната влада – без оглед на тоа кој ќе победи на изборите – ќе мора да спроведе значително подлабоки кратења.

Иако стапката на ризик од сиромаштија во Финска е под просекот на ЕУ, земјата има една од највисоките стапки на невработеност во Унијата.

Според „Еуростат“, во август таа изнесувала 10,3 отсто – малку повеќе отколку во Шпанија (10 отсто). Невработеноста кај младите достигнала 23,3 отсто, наспроти просекот во ЕУ од 15,4 отсто. Лаури Олапа, директор на Финскиот центар за нови економски анализи, предупреди дека нов круг на мерки за штедење би ѝ нанел тежок удар на домашната економија, бидејќи потрошувачката на домаќинствата веќе опаѓа.

„Повеќе од четвртина од населението работи во јавниот сектор; доколку овие работници се соочат со закана од отпуштање, стапката на штедење ќе порасне, а приватната потрошувачка дополнително ќе се намали“, изјави Олапа за DW. И покрај низата предизвици – од пандемијата и повисоките каматни стапки до последиците од две војни – нацрт-буџетот за 2027 година сепак предвидува дефицит од 12,4 милијарди евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер