Нацрт-заклучоци од ЕУ: Уставни измени, па меѓувладина конференција без одложување - Канал 5

Нацрт-заклучоци од ЕУ: Уставни измени, па меѓувладина конференција без одложување

Советот нотира дека Македонија сè уште не ги завршила уставните измени на кои се обврзала. 

Нацрт-заклучоци од ЕУ: Уставни измени, па меѓувладина конференција без одложување

Македонија уште еднаш ќе биде повикана да ги направи уставните измени за да може да продолжи со преговарачкиот процес - штом го направи тоа, Советот на ЕУ е подготвен да свика меѓувладина конференција а потоа и да го отвори првиот преговарачки кластер - РСЕ објави увид во нацрт-заклучоците на Советот на Европската Унија за проширувањето кои се очекува да бидат усвоени на 16ти декември во Брисел.

„Советот нотира дека Македонија сè уште не ги завршила уставните измени на кои се обврзала. Советот ја потврдува својата подготвеност да свика уште една меѓувладина конференција, без понатамошни одложувања или дополнителни политички одлуки, штом С. Македонија ја спроведе оваа обврска, во согласност со своите внатрешни процедури.„се забележува во -Нацрт-заклучок за проширување од Совет на Европска Унија.

За аналитичарот Петар Арсовски, формулацијата на овој заклучок треба да ја увери Владата дека усвојувањето на уставните измени директно носи кон втората меѓувладина конференција, без дополнителни чекори, за што и соседна Бугарија е свесна.

-Тој вординг укажува на тоа дека нема да има меѓучекори помеѓу усвојувањето на уставните измени и закажувањето на втората меѓувладина конференција. Можеби бидејќи уставните измени во меѓувреме станаа жешка политичка тема можеби чуствува Советот дека е потребно да се реафирмира таа позиција и дека нема да има меѓучекор дека усвојувањето на уставните измени директно без дополнително гласање или потврдување носи до втората меѓувладина конференција. Тоа е можеби повеќе политички потстрек дома да не се користат изговори како дополнителни услови,- -Петар Арсовски, ЕУ аналитичар.

Освен уставните измени, според нацрт-заклучоците, Советот ќе и укаже на Македонија дека мора брзо да ги спроведува реформите првенствено во областа на владеење на правото и борбата со корупцијата. Ова е суштинска порака за Владата бидејќи само уставни измени нема да ни ги започнат преговорите, реформите се клучни и се всушност вториот услов, оценува Арсовски.

-Имајќи предвид дека ние немаме напредок по правосудството и владеењето на правото, ова е суптилен начин да се каже дека веднаш штом ќе има некаков напредок по тоа прашање подготвени се да го отворат кластерот “fundamentals”. Мислам дека тоа треба да се чита како порака дека не смеат реформите да застанат зашто уставните измени не се спроведуваат. За нас е најдобро ние да се сме што е можно поподготвени. За жал, во заклучоците ова не го читам така, ова го читам дека сега веќе и уставните измени се еден критериум но и недостатокот на реформи се втор критериум,- -Петар Арсовски, ЕУ аналитичар.

Во документот со нацрт-заклучоци што се предлагаат се посочува укинување на роамингот за Украина и Молдавија од 1 јануари 2026та, додека за земјите од Западен Балкан се нагласува дека треба да го добијат истото во текот на 2026 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

Гласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. 

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

„Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник.

Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД.

Уапсен маж

Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството.

Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг.

Нацистичка историја

Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден.

Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер