МакедонијаНацков: Со јасна визија за иднината, продолжуваме одговорно и транспарентно во интерес на жителите на ГрадскоЈас сум тука за вас и ветувам Градско да биде добро место за живеење, посакувана дестинација за посета, бидејќи само заедно може да создадеме подобра и посилна заедница.Почитувани медиуми, Почитувани граѓани на општина Градско, Со гордост Ви го претставувам отчетот за транспарентното работење на Општина Градско, каде во овие изминати четири години, заедно со тимот реализиравме низа проекти и активности кои имаа за цел да ги подобрат условите за живот на сите наши граѓани. Во продолжение на ова мое излагање ќе ги набројам најважните реализирани проекти од сите области за време на четири годишниот период. Воведовме: -Бесплатна градинка за 60 деца кои што се згрижени во детската градинка -Бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение -Стипендирање на талентирани ученици и студенти ( основец, средношколец, студент) -Еднократна помош за секое новороденче во општина Градско по 10.000,00 денари Во Градско за период од 4 години беа изведени: -Реконструкција на дел од улица 8 ми Септември, дел 4 во должина од 280 метри и дел 2 во должина од 640 метри -Се модернизираше централно подрачје со нова урбана опрема -Хортикултурно се уреди и реконструираше детскиот парк -Се набави нов комбиниран багер (ровокопач-натоварувач) за одржување на комуналната инфраструктура -Се подобри водоснабдување со два нови цевководи -Се постави модерна тартан подлога, се огради училишното игралиште и беа поставени нови кошеви и фудбалски стативи -Се реконструираше дел од улица „Илинденска“ со атмосферска канализација (фаза 3 и 4) -Се реконструираше улица „Јане Сандански“ во населба Стопанство со сите нејзини три крака -Се реконструираше улица „Обиколница“ -Се изврши реконструкција на улица „Панко Брашнаров“ и крак од неа -Се реконструираше дел од улица „Панко Брашнаров“ и дел од улица „Борис Трајковски“ -Се реконструираше кошаркарско игралиште во Градско со поставување на модерна тартан подлога -Се уреди просторот за детско игралиште во населба Стопанство -Се изврши реконструкција на училишното детско игралиште со поставување на нови детски реквизити, урбана опрема и нова подлога во Градско -Се набави опрема за контрола на нивото на водата во системот за водоснабдување во Градско на релација пумпа-резервоар -Секоја година за добар почеток на нашите најмили, се врши набавка на ранци со училишен прибор за секое прваче -Се набавија 30 креветчиња со душеци и постелнини во детската градинка „Кокичиња“ и се изврши набавка и монтажа на парно со комбиниран котел во истата Во населеното место Виничани во континуитет се изведуваа инвестициски активности: - Се реконструираше локалниот пат до селото - Партерно се уредија двете селски чешми - Се постави модерна тартан подлога на спортското игралиште - Се уреди училишниот двор - Се асфалтираа улица бр.4 , крак 11, крак 12 и крак 13 - Се постави ново улично осветлување на локален пат до селото Во Ногаевци се работеше на: - Изградба на улици во село Ногаевци во должина од 800 метри - Се постави тартан подлога на спортското игралиште - Се уреди училишниот двор Во Водоврати исто така имаше неколку градежни зафати: -Се изгради улицата во должина од 240 метри -Се асфалтираше улица во должина од 220 метри -Се постави тартан подлога на спортско игралиште Во Долно Градско - Се поплочи улицата и се уреди пред црквата Св.Ѓоргија, и за радост на најмалите се изгради ново детско игралиште Во Долно и Горно Чичево се - Се асфалтираше локалениот пат Долно Чичево - Манастир „Св. Архангел Михаил“ и се реконструираше дел од локален пат до с.Долно Чичево Во Уланци се постави ново училно осветлување од мостот на реката Вардар до селото и се реконструираше улица со поставување на бекатон плочки во должина од 220 метри. Задолжително да ги споменам и тековните проекти кои се од круцијално значење за граѓаните од нашата општина: - Проширување и доградба на ООУ „Даме Груев“ Градско со нов образовен објект; - Реконструкција на дел 1 и дел 3 од улица 8 Септември со вкупна должина од 580 метри; - Подобрување на водоснабдување со питка вода во населба Градско со два нови цевководи (фаза 2); - Реконструкција на крак од улица во село Ногаевци и Реконструкција на крак 14 во село Виничани; - Реконструкција на крак 7 во с.Виничани во должина од 194 метри; - Изработка на техничка документација за изолација на фасади и кровови на сите објекти во ООУ„Даме Груев“ Градско; - Изградба на детско игралиште во населено место Кочилари; - Набавка на специјален камион-цистерна за одзатнување на шахти, перење на улици и противпожарно возило; - Реконструкција на детско игралиште во населено место Ногаевци. Ја промовиравме општината преку организирање на културни и спортски манифестации за сите вкусови. Секоја година се одржува: -Фолклоријадата -Се обележува Патронот на општината, Павловден, со манифестацијата Градско, храна, вино и традиција - Се одржуваат фолклорните средби со збратимени општини со Брежнички Хум од Хрватска, Ноздрец од Полска, Конак од Турција и Лебане од Србија; - За прв пат започнавме со организација на Кошаркарски турнир 3х3. Исто така општината обезбедува и бесплатни екскурзии за пензионерите, организација на жени, децата бегалци од Егејска Македонија и крводарители и организира превоз за земјоделци на саеми и за присуство на фудбалски натпревари. Редовно се обележува и се дава поддршка на светскиот ден на лицата со попреченост и организирање на новогодишна забава за нив, како и грижа за најранливите категории на граѓани преку обезбедување на прехранбени пакети со основни продукти и новогодишни пакетчиња. Со јасна визија за иднината, општината ќе продолжи одговорно, транспарентно, и во интерес на сите жители, насочувајќи ги ресурсите кон одржлив развој, економски раст и подобрување на квалитетот на живот. Јас сум тука за вас и ветувам Градско да биде добро место за живеење, посакувана дестинација за посета, бидејќи само заедно може да создадеме подобра и посилна заедница. Благодарам! Киро Нацков, градоначалник на општина Градско Тагови: Киро Нацков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалМакедонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување. „Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски. Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“. „Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров. По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит. Трамп ја опиша Куба како пропадната држава. „Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој. Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида. „Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“ На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“. Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“. „Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот. Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“. За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите. На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нацииИталијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, воФранција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0. Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути. Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот. Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“. Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1. На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter