Националното здружение за МС го одбележа Светскиот ден на мултипла склероза - Канал 5

Националното здружение за МС го одбележа Светскиот ден на мултипла склероза

Националното здружение за мултипла склероза денес организираше прес-конференција по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. 

Националното здружение за МС го одбележа Светскиот ден на мултипла склероза

Настанот послужи како платформа за обединување на пациентите, здравствените работници, здравствените власти и соработниците на здружението со заедничка цел: редефинирање на иднината на здравствената заштита, подобрување на квалитетот на живот и овозможување соодветна, современа и децентрализирана грижа за секој поединец.

Претседателката на Националното здружение за МС, Ана Карајанова Димитрушева, го отвори настанот со силна порака за солидарност, нагласувајќи дека луѓето кои живеат со оваа комплексна состојба во Македонија повеќе не се сами во својата борба.

Клинички напредок: Зголемен пристап до високоефикасна терапија

Во своето обраќање, ВД директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, асс. д-р Јован Божиновски, презентираше податоци од клиничката пракса и се осврна на системските напори за модернизација на дијагностиката. Според официјалните евиденции, во нашата земја во моментов живеат околу 2.500 дијагностицирани пациенти со МС. Трендот на откривање на нови пациенти со МС има нагорна линија, што се потврдува со регистрираните 115 новодијагностицирани пациенти во текот на 2025 година.

Д-р Божиновски објави дека Клиниката е во интензивен процес и напори за набавка на нов апарат за магнетна резонанца (МРИ), кој драстично ќе го скрати времето за поставување дијагноза и евалуација на болеста. Дополнително, буџетот на Клиниката само за набавка на лекови за МС за 2026 година пораснал за дополнителни средства и сега изнесува 451 милиони денари. Ова зголемување овозможува пристап на поголем број пациенти на третман – од 961 пациент во 2025 година, планот за 2026 година опфаќа над 1 020 лица на терапија. Што е уште позначајно, во согласност со светските медицински трендови, близу 600 пациенти се на третман со високоефикасна модифицирачка терапија, со што директно се спречуваат релапси и долгорочен инвалидитет.

Историска пресвртница: Започнува децентрализацијата на МС грижата во три регионални центри

Како најексклузивна вест на прес-конференцијата беше означен официјалниот старт на децентрализацијата на третманот на пациентите со МС. Овој проект, кој претставува долгогодишно примарно барање на Националното здружение, успешно се имплементира како пилот-програма во три клучни јавни здравствени установи низ државата:

ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје

ЈЗУ Клиничка болница – Штип (за покривање на Источна и Североисточна Македонија)

ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид (за Југозападниот регион)

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), д-р Сашо Клековски, потврди дека Фондот максимално излегува во пресрет на зголемените потреби преку одобрување на зголемен наменски условен буџет. Клековски со гордост истакна дека ветувањето дадено минатата година на истиот овој ден е во целост исполнето благодарение на макотрпната синергија меѓу ФЗО, Здружението и Клиниката за неврологија. Доколку оваа пилот-фаза ги потврди очекуваните резултати, децентрализацијата ќе се прошири и во други градови со цел терапијата да биде доближена блиску до домот на пациентот, со што ќе се елиминираат исцрпувачките патувања и патните трошоци.

Разбивање на митовите: МС не е пречка за мајчинство и планирање семејство

Посебно емотивен и сензитивен дел од настанот беше презентацијата на најновото истражување, спроведено меѓу членките на здружението од страна на науч. сор. д-р Слободанка Бурнеска Саздова од Клиниката за неврологија. Анкетата, фокусирана на планирањето на семејството кај жените со МС во Македонија, покажа дестимулирачки, но алармантни резултати кои бараат итна општествена акција. Имено, мултиплата склероза сè уште се доживува како огромна психолошка бариера за бременост, но не поради биолошка неможност, туку исклучиво поради неоправдан страв од влошување на состојбата и изразен дефицит на информации.

Клучни заклучоци од истражувањето за бременост и МС:

1. Пациентките имаат силна желба за остварување како мајки, но се оневозможени од страв од релапс по породувањето.

2. Лекарите невролози се перципираат како најголем авторитет, но жените се чувствуваат недоволно информирани.

3. Постои огромна и итна потреба од специфични едукативни материјали кои јасно ја докажуваат безбедноста на современите иновативни терапии за време на бременоста и доењето.

Како директен и брз одговор на собраните податоци, Здружението официјално промовираше локализирана и испечатена едукативна брошура за планирање семејство кај МС. Претседателката Ана Карајанова Димитрушева ја покажа брошурата пред присутните, објаснувајќи дека нејзината цел е да ги скрши табуата, да ги охрабри и едуцира жените и да послужи како мост за похрабар дијалог со нивните лекари.

Здружението со гордост објави дека, почнувајќи од вечерва па сè до крајот на неделата, монументалната зграда на Археолошкиот музеј на Македонија во центарот на Скопје ќе биде целосно осветлена во портокалова боја – официјалниот меѓународен симбол за поддршка на лицата со МС. Организаторите ги повикаа граѓаните деновиве да прошетаат покрај кејот на реката Вардар во знак на симболична поддршка за надминување на бариерите.

Дополнително, присутните гости и медиуми имаа можност надвор од салата да ја погледнат уникатната изложба на постери инспирирани од секојдневната борба и достоинството на пациентите. Оваа уметничка поставка е плод на успешен заеднички проект и креативна соработка помеѓу Националното здружение за МС и Семос Едукација, насочен кон преточување на личните приказни на пациентите во моќни визуелни пораки. Настанот беше заокружен со неформален коктел на кој се дискутираа идните заеднички чекори на сите чинители во здравствениот сектор.

За Националното здружение за МС

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 11. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance) и асоцијативна членка на Националната Алијанса на пациентски организации (НАПО).

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 4. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро.

Кариера

Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Не претерувајте со колачи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста.

Кариера

Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.

Кариера

Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина.

Здравје и совет

Се потрудивте да живеете уредно , што е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања.

Кариера

Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате посилно .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе.

Кариера

Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор.

Кариера

Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги.

Здравје и совет

Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите.

Кариера

Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни.

Здравје и совет

Нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете.

Кариера

Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати.

Здравје и совет

Имате смисла за хумор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време.

Кариера

Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни.

Здравје и совет

Почнете со здрава исхрана.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна.

Кариера

Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика.

Здравје и совет

Причекајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите.

Кариера

Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илија Димовски и Гордан Георгиев во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Илија Димовски и Гордан Георгиев

Илија Димовски и Гордан Георгиев во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли да се онесвестите за време на паничен напад?

Забрзано чукање на срцето, плитко дишење, вртоглавица и заматен вид се некои од симптомите што го придружуваат паничниот напад.

Може ли да се онесвестите за време на паничен напад?

Тие можат да создадат силно чувство дека ќе се онесвестите; сепак, вистинско губење на свеста за време на паничен напад се случува ретко.

Паничниот напад предизвикува низа интензивни физички реакции кои делуваат страшно, особено ако ги доживувате за првпат. Разбирањето на она што се случува во вашето тело може да помогне да се намали стравот – кој, пак, често ги засилува самите симптоми.

Зошто се јавува чувство дека ќе се онесвестите?

За време на паничниот напад се активира механизмот на телото за одговор на опасност, познат како реакција „бори се или бегај“. Мозокот препознава закана (дури и кога таа всушност не постои) и поттикнува лачење на хормони на стрес, вклучително и адреналин.

Како резултат на тоа, срцевиот ритам се забрзува, крвниот притисок расте, дишењето станува побрзо, а крвта се пренасочува кон мускулите за да го подготви телото за акција.

Истовремено, може да дојде до хипервентилација – пребрзо или предлабоко дишење. Ова го намалува нивото на јаглерод диоксид во крвта, што може да доведе до вртоглавица, чувство на зашеметеност, трнење во рацете, стапалата или лицето, како и заматен вид. Некои луѓе може да се почувствуваат како да се одвоени од сопственото тело или од околината.

Бидејќи овие симптоми наликуваат на оние што се јавуваат непосредно пред онесвестување, лесно е да се заклучи дека ќе ја изгубите свеста – иако, во повеќето случаи, тоа не се случува.

Дали може да дојде до губење на свеста?

Во повеќето случаи – не. За време на напад на паника, крвниот притисок обично се зголемува, додека до онесвестување најчесто доаѓа кога крвниот притисок ќе падне до тој степен што се намалува протокот на крв кон мозокот.

Сепак, постојат исклучоци. Кај некои поединци, интензивниот страв, емоционалниот стрес или болката можат да предизвикаат вазовагален одговор, при што нагло опаѓаат и срцевиот ритам и крвниот притисок. Ова може да резултира со краткотрајно губење на свеста.

Иако ваквата реакција не е типична за напад на паника, таа сепак е можна. Затоа, самото онесвестување не треба автоматски да се припишува на анксиозноста, особено ако се повторува или се случува во необични околности.

Маѓепсаниот круг на стравот и симптомите

Мозокот постојано ги следи сигналите од телото и се обидува да ги протолкува. Кога срцето чука забрзано, а начинот на дишење се менува, мозокот може да ги протолкува овие сензации како знаци на непосредна опасност. Ако се појави и вртоглавица, стравот од онесвестување може дополнително да ја засили анксиозноста.

Ова создава маѓепсан круг: чувствувате вртоглавица, мислите дека ќе се онесвестите, станувате уште поанксиозни и почнувате да дишете побрзо – што, пак, може дополнително да ја влоши вртоглавицата.

Препознавањето на оваа шема може да помогне да се прекине кругот на страв и физички симптоми. Важно е да се разбере дека чувството на недостаток на воздух или вртоглавица за време на хипервентилација не значи нужно дека на вашето тело му недостасува кислород.

Како можат да се ублажат симптомите? Ако чувствувате дека ќе се онесвестите, обидете се да примените неколку едноставни техники.

Забавете го дишењето. Дишете полека и тивко низ носот, а потоа нежно издишувајте преку устата. Не се присилувајте да вдишувате премногу длабоко, бидејќи тоа може дополнително да ја влоши хипервентилацијата.

Седнете или легнете. Ако чувствувате силна вртоглавица, заземете безбедна положба и почекајте симптомите да се смират. Ова го намалува ризикот од пад и повреда доколку ја изгубите рамнотежата.

Насочете го вниманието кон околината. Техниката за враќање во реалноста може да ви помогне да го тргнете фокусот од интензивното следење на физичките симптоми. Обидете се да идентификувате пет работи што можете да ги видите, четири работи што можете да ги почувствувате со допир, три звуци што можете да ги слушнете, два мириса што можете да ги почувствувате и еден вкус што можете да го осетите.

Потсетете се што се случува. Ако ги препознаете симптомите на напад на паника, обидете се да си кажете: „Ова можеби е напад на паника. Чувството е непријатно и застрашувачко, но симптомите ќе поминат.“ Овој пристап може да помогне во намалувањето на стравот – особено ако сте доживеале слични епизоди и претходно, а лекар утврдил дека тие се поврзани со паника.

Кога треба да побарате лекарска помош?

Иако нападот на паника може да предизвика интензивни физички симптоми, не секоја појава на вртоглавица е резултат на анксиозност. Треба да побарате лекарски преглед доколку изгубите свест, доколку епизодите на онесвестување се повторуваат, доколку чувствувате постојана болка во градите или доколку развиете значителен недостиг на воздух што не може да се објасни со анксиозност.

Особено е важно да преземете мерки доколку се појават нови невролошки симптоми – како што се слабост, тешкотии во говорот или збунетост – доколку имате познато срцево заболување или семејна историја на ненадејни срцеви проблеми, или пак, доколку чувството дека ќе се онесвестите се јавува за време на физички напор.

Ненадејното губење на свеста, силната болка во градите, сериозните тешкотии со дишењето или ненадејната појава на невролошки симптоми бараат итна лекарска проценка.

Извор: ordinacija.vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер