Националното студентско тело испрати барање до МОН и УЈП за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката субвенциониран студентски оброк - Канал 5

Националното студентско тело испрати барање до МОН и УЈП за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката субвенциониран студентски оброк

Со ова барање се укажува на потребата институциите да направат јасна разлика меѓу реален приход и прилив на средства на студентските сметки.

Националното студентско тело испрати барање до МОН и УЈП за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката субвенциониран студентски оброк

Националното студентско тело информира дека денеска официјално го испрати до Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи Барањето за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката за субвенциониран студентски оброк.

- Со ова барање се укажува на потребата институциите да направат јасна разлика меѓу реален приход и прилив на средства на студентските сметки со цел да се спречи неправедното одбивање на студенти од користење на оваа мерка, стои во соопштението од Националното студентско тело.

Оттаму наведуваат дека согласно член 9, став 1 од Законот за субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20, 150/21, 251/22, 91/23, 30/24 и 74/25), корисници на правото на субвенциониран студентски оброк се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во Републиката, државјани на Република Северна Македонија и кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

- Во пракса, при обработка на пријавите за користење на оваа мерка, се појавува проблем во толкувањето и примената на поимот „приход“, бидејќи институциите користат податоци за „приливи“ на средствата на трансакциските сметки на студентите, без да се направи јасно разграничување меѓу овие два поими. Како резултат на тоа, одреден број студенти се одбиваат од користење на оваа мерка затоа што имале приливи (на пример, семејни парични трансфери, уплати за кирија, студентски надоместоци или други нефискални средства), кои не претставуваат реален приход во смисла на остварен приход по основ на работа, договор или деловна активност, се вели во барањето.

Националното студентско тело во барањето наведува примери од праксата и се осврнува на правната и фискалната аргументација.

- Националното студентско тело бара од Управата за јавни приходи (УЈП) при доставување на податоци до Министерството за образование и наука да врши разграничување на приходите од приливите, односно: да ги евидентира и испраќа само оние средства кои се остварени под шифри на доход што претставуваат реален приход, како што се: плата, хонорар, самостојна дејност и други облици на остварен приход, а не и податоци за приливи по други основи, кои претставуваат нефискални трансакции или парични трансфери меѓу физички лица, се наведува во барањето.

Во поднесеното барање апелираат Министерството за образование и наука (МОН) при обработка на пријавите за субвенциониран студентски оброк да ја зема предвид оваа разлика и да ја усогласи методологијата за проверка на примањата со реалната дефиниција на поимот „приход“ од Законот.

- Ова барање има за цел да обезбеди еднаква и правична примена на Законот, со што нема да се дискриминираат студенти кои не остваруваат реален приход, туку добиваат семејна или нефискална финансиска поддршка, се вели во соопштението од Националното студентско тело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. 

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија.

Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата.

Јанша зборуваше за „изгубените можности“

Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности.

„Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили.

Претседателот и опозицијата не дојдоа

Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер