Националниот театар од Мексико го отвора „Битола Шекспир фестивал“

Националниот театар од Мексико ќе го отвори второто издание на меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“ вечер на сцената на Народниот театар-Битола.


Актерите од Мексико Сити ќе ја изведат претставата „Хенри Четврти“ од Вилијам Шекспир во режија на Хуго Аревиљага Серано, кој по доаѓањето во Битола изјави дека нивната театарска претстава досега се одиграла два пати, еднаш во Лондон на фестивалот „Глоб ту Глоб“ и еднаш на плоштадот во нивниот главен град.

- Претставата наиде на огромен прием кај мeксиканската публика, а на плоштадот, на отворено имаше околу 2.000 посетители. За мене тоа беше големо докажување и задоволство да се работи со националниот театар, со актери кои имаат големо искуство и кои со нетрпение вечер во Битола уште еднаш ќе го претстават овој наднационален театарски проект, посочи режисерот Хуго Аревиљага Серано.

Главната улога, ликот на Кралот Хенри Четврти ја игра актерот Марко Антони Гарсија кој вели дека иако првпат доаѓа во Македонија сепак веќе е информиран за државава по остварените контакти со битолските актери на фестивалот во Лондон.

- Често ја прелистувам фотомонографијата што ја добивме од шекспировиот фестивал во Лондон, а во која се поместени фотографиите на нашиот и театарите од Јужна Африка, Кореја, Македонија и од други држави. Во таа фотомонографија се покажува дека театарот и Шекспир се занимаваат со човештвото, за тоа што било некогаш и тоа што денес може да се извлече како поука од делата на Шекспир, рече мексиканскиот актер Марко Антони Гарсија.

Од вечер до 26 јули на сцената на Народен театар-Битола ќе настапат Националниот театар од Истанбул-Турција, Националниот театар од Тирана-Албанија, Театар Поколенија од Санкт Петерсбург-Русија и македонските ансамбли Театар Комедија од Скопје со „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски, Велешкиот театар ќе ја изведе „Крал Лир“ во режија на Ѕвездана Ангеловска, Битолскиот театар претставата „Отело“ во режија на Диего де Бреа, а Прилепскиот театар „Сон на летната ноќ“ во режија на Нела Витошевиќ.

„Битола Шекспир фестивал“ се одржува и организира под покровителство на македонското Министерство за култура и со поддршка на локалната самоуправа.

Монд: Кинескиот претседател во посета на „освоените територии“ – Србија и Унгарија

 По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со посета на пријателските земји Србија и Унгарија, каде ќе се разговара за нови инвестиции, но не треба да се очекува да се споменат прашања како што се критиките за човековите права и кинеската трговска политика, односно поддршката на Пекинг за Москва, оцени денеска парискиот весник „Монд“.

- По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија. Кинескиот претседател избра со своето присуство да почести две земји со ограничена демографска и економска тежина, но чии двајца лидери, претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан користат многу критичка реторика кон Западот, а тоа им се допаѓа на Кинезите, пишува весникот.

За време на четиридневната посета на Белград и Будимпешта, „не треба да очекуваме критики за човековите права во Кина, за трговската политика на Кина или за поддршката на Пекинг за Москва. Напротив, Вучиќ има намера да го прослави, како што го опишува тој, „челичното пријателство“ меѓу Србија и Кина“, оцени францускиот весник.

Што се однесува до Унгарија, Орбан сака да ја одбрани „својата отворена политика“, бидејќи верува дека „Западна Европа е болна“, додаде Монд.

- И Србите и Унгарците се надеваат дека ќе добијат конкретни најави за инвестиции за време на оваа посета. Вучиќ објасни дека од кинескиот претседател ќе побара помош „за обновување на производството на возови“ во неговата земја, но и инвестиции во областа „летечки возила и „вештачка интелигенција“, пишува францускиот весник.

Унгарските медиуми шпекулираат за изградба на нова кинеска фабрика за електрични возила. Со својата одлучна прокинеска политика, Унгарија за неколку години успеа да стане водечка дестинација во Европската унија за кинеските производители на електрични возила.

- Во споредба со другите земји во регионот, како Чешка или Полска, кинеските компании ја ценат Унгарија поради континуираните добри односи со Кина веќе 20 години, оценуваат унгарски експерти, пренесе Монд.

Во Долнени до 9 часот гласале 1,73 отсто за претседателските и 2,34 отсто за парламентарните

Во општина Долнени гласањето се одвива без проблеми, информираат од општинската изборна комисија.

До 9 часот на гласање за претседателските избори излегле 1,73 проценти од запишаните 11 730 избирачи, а за парламентарните избори правото на глас до 9 часот го искористиле 2,34 проценти од 11 748 гласачи.

Украина го осуди најновиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Во текот на изминатата ноќ руските сили извршија уште еден „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, при што беа повредени најмалку шест лица, соопштија украинските власти.

„Непријателот не се откажува од своите планови да ги лиши Украинците од уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, напиша украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Телеграм.

Нападите беа насочени кон производството и преносот на електрична енергија во регионите Полтава (исток), Кировоград (центар), Запорожје (југ), Лавов, Ивано-Франковск и Виниција (запад).

Локалните власти соопштија дека шест лица се повредени во текот на ноќта во неколкуте нападнати области.

Се додава дека „сериозно се оштетени“ зградите на компанијата ДТЕК, најголемиот приватен инвеститор во енергетскиот сектор на Украина, како и три термоелектрани.

Локалните власти соопштија дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, енергетските објекти се бомбардирани околу 180 пати, од кои пет во последните неколку недели.

Како што соопшти денеска воената управа на градот Киев, руските стратешки

притисни ентер