Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
2Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
3По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
МакедонијаНационалниот дата центар ќе се гради на државно земјиште во близина на ТИРЗ Скопје Државниот дата-центар ќе се гради во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони, а во тек се разговорите за обезбедување меѓународен финансиски партнер. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека проектот е во финална фаза на дефинирање на локацијата, која посочува дека е на неискористено државно земјиште, во близина на автопат и оптичка инфраструктура. Во втората фаза од проектот се планира и изградба на фотонапонска централа, која како што објаснува Андоновски, би обезбедувала 30 до 40% од потребната електрична енергија.. -Имавме многу квалитетни разговори во изминатите неколку дена со потенцијални финансиери на на овој проект и исто така разговараме со Министерството за транспорт за утврдување на потребната процедура за употреба на таа конкретна локација и изработка на проект. Веќе ја спомнав локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони, тоа е државно земјиште кое што не се употребува за земјоделство или за нешто друго, неискористено е, така што овој простор ќе го искористиме,- Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација. Паралелно, Андоновски вели дека се работи и на воспоставување законска рамка која ќе го следи забрзаниот развој на ВИ и ќе обезбеди нејзино безбедно, етичко и одговорно користење. Првата нацрт-верзија Националната стратегија за вештачка интелигенција ќе биде презентиран утре, а планот е документот да биде донесен до крајот на годинава. Како што посочува Андоновски, Националната стратегија ќе содржи и акциски план со конкретни задачи за институциите. Како една од активностите за 2027 година се разгледува и носење посебен закон за употреба на ВИ, област која во земјава во моментов не е уредена со посебна законска рамка. - Се надевам дека потоа ќе го, ќе ја закачиме истата на ЕНЕР и ќе организираме неколку јавни расправи. Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме и една од активностите на стратегијата ќе биде и можеби, размислуваме за донесување на еден закон за употреба на вештачката интелигенција, значи не регулирање на производство или на создавање на вештачка интелигенција, туку повеќе на правилно, етичко и принципиелно користење за добро на вештачката интелигенција, така што тоа е нешто на што размислуваме за 2027 година,- Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација. Инаку, според претходните најави на Андоновски, изградбата на Националниот дата-центар во првата фаза би чинела околу 20 милиони евра и би траела околу две години, а крајната цел е на едно место да се обединат системите и податоците на државните институции и да се обезбеди поголема безбедност и контрола врз нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ЗабаваФото: Српска пејачка во топлесМладата и атрактивна српска пејачка Сара Џо повторно предизвика големо внимание и ги привлече погледите со провокативна објава на социјалните мрежи. Таа сподели серија фотографии на Инстаграм на кои позира полугола, со долги прамени руса коса и раце што ѝ ги покриваат градите. Облечена во фармерки со низок струк и придружена од песна на Бритни Спирс, пејачката ја покажа својата прекрасна фигура и предизвика вистинска бура од реакции меѓу своите следбеници. Нејзината објава доаѓа во момент кога јавноста зборува за нејзината нова врска со синот на познатиот актер=, продуцент и режисер, Драган Бјелогрлиќ, младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветДали Хамза бин Ладен е жив? Синот на некогаш најбараниот свтески терорист, Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив.Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив и ги предводи обновените напори на Ал Каеда за изградба на мрежа од милитантни групи во Азија и Африка. Ова се наведува во нова разузнавачка проценка објавена од британскиот весник „Мирор“. Според таа проценка, Ал Каеда наводно намерно ширела информации за смртта на Хамза за да го отстрани од списокот на цели и да му овозможи од сенка да преземе лидерска улога во организацијата. Хамза бин Ладен, кој сега би имал 37 години, е најстариот син на Осама бин Ладен – основачот на Ал Каеда и идејниот творец на терористичките напади врз САД од 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хамза бин Ладен бил убиен во американска операција во 2019 година. Сепак, според разузнавачка проценка до која дојде весникот „Мирор“, Ал Каеда наводно манипулирала со телефонските разговори на членовите на семејството и соработниците на Хамза за да ги убеди американските разузнавачки служби дека тој е мртов. Во проценката се наведува дека тогашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, наводно одиграл клучна улога во таа операција. Според овие наводи, соработниците на Хамза отворено разговарале по телефон за неговата смрт, свесни дека комуникацијата може да биде прислушувана. Понатаму, во проценката се наведува дека по смртта на Ал-Завахири во американскиот напад во Кабул во 2022 година, Хамза ја презел лидерската улога во организацијата. Тој потоа наводно воспоставил мрежа од кампови во Авганистан и се поврзал со разни милитантни групи, вклучувајќи организации поврзани со Иран, Хамас и Исламската држава. Во документот се проценува дека потенцијалната закана за Обединетото Кралство и САД може да вклучува напади со голем број жртви, киднапирања, поединечни напади, саботажи, атентати, како и напади врз транспортната инфраструктура и цели поврзани со Израел и еврејските заедници. Ивор. Б92.нетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Шоу бизДуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг. Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање. „Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата. Таа често зборува за врската со Косово Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче. За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00