Националната мрежа против насилство предлага мерки за заштита на жените и децата во услови на криза

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на Владата и предлага итни мерки за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство во услови на криза.

Предлага Министерство за труд и социјална политика во соработка со Министерство за здравство да развие протоколи за безбедно сместување на жени жртви на насилство и нивните деца, согласно препораките за заштита од Ковид -19.

Министерството за труд и социјална политика да објави броеви за пријава на семејно насилство кои ќе бидат функционални 24/7, посебно за секој град каде има центар за социјална работа.

Министерство за внатрешни работи и Министерство за труд и социјална политика, пак, на неделно ниво да објавуваат статистика за бројот на пријавени случаи на семејно насилство, поделена по градови и пол на жртва.

Една од предложените мерки е жртвите на насилство да ги користат линиите за пријавување на истото (СОС линии, МВР и ЦСР, граѓански организации) и линиите за помош и поддршка да работат преку онлајн чатови и пораки, и СМС пораки. Покрај пријавување на насилство на 192, да се наложи на службите за брза помош (194) и противпожарната бригада (193) да одговараат на повици за пријави на насилство и да ја известат надлежната полициска станица да постапи во најкраток можен рок.

Националните и локалните телевизии, како и другите видови на медиуми редовно да ги објавуваат броевите за пријавување и помош при семејно насилство и насилство врз деца, за сите градови каде што има сервиси и Центри за социјална работа. Националните и локалните телевизии, како и другите видови на медиуми да ги објават безбедносните насоки за жртвите како да се заштитат во своите домови.

Насоките за пријавување насилство и барање помош и поддршка да се објават на веб-страницата https://koronavirus.gov.mk/ каде се објавуваат сите податоци, мерки, насоки и друго поврзани со КОВИД 19 и кризната состојба. Мерките за полициски час и останување во домот треба да прават исклучоци за сторителите на семејно насилство кои, во услови на ваква вонредна состојба, мора да се отстранат од домот и да бидат приведени, притворени или сместени на друга локација.

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство предлага сите кои работат на терен (здравствените работници, матичните лекари, граѓански организации, полициски службеници, Црвен крст итн.) итно да пријават семејно насилство во надлежната полициска станица доколку увидат дека тоа се случува. Истото да го сторат и фармацевтите и вработените во маркетите.

Да се подготват безбедносни насоки и планови за бегство кои на жртвите ќе им помогнат полесно да ја напуштат насилната средина и да побараат помош.

Специјализираните сервиси за заштита на жртви на семејно насилство кои обезбедуваат сместување, да се дезинфицираат редовно како би се превенирало пренесување на вирусот;

Да не се дозволи гледање на насилникот со децата, повторно со цел да се намали ризикот од насилство кон жрвата.

Државата да алоцира средства за исплата на издршка за децата, во случаи кога истата не може да се наплати од другиот родител поради невработеност.

Изработка на плакати и стикери со броеви и насоки за пријавување на насилство кои би се дистрибуирале во маркети и аптеки на видно место, како и на семафори, бандери, автобуски постојки, се дел од предложените мерки на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

На Борис Џонсон не му дозволиле да гласа без лична карта, самиот тој го вовел овој закон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласањето, вчера беше отстранет од гласачкото место бидејќи заборавил да си ја донесе.

Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече од функцијата во 2022 година по скандалот со локдаун забавите, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна Англија, додека се обидувал да гласа на локалните избори одржани низ Англија.

Неговиот портпарол рече дека Џонсон гласал за конзервативците, не оспорувајќи дека поранешниот премиер првично не носел лична карта со фотографија.

Во 2022 година, владата на Џонсон воведе барање за лична карта на гласачките места за да се спречи можната изборна измама, а владата тогаш беше жестоко критикувана за потенцијалот да ги обесправи деловите од електоратот.

Претходно, гласачите требаше да го наведат само своето име и адреса за да гласаат.

„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што првпат гласаат да покажат некаков доказ за идентитет“, рече Џонсон за новите правила од 2021 година.

Минатата година, при првото гласање со спроведување на новите правила, на околу 14.000 луѓе во Англија им била ускратена можноста да гласаат на локалните избори, бидејќи не приложиле лична карта.

Ова е само последниот инцидент во шарената политичка кариера на Џонсон.

Како градоначалник на Лондон, тој еднаш беше оставен да лебди во воздух од зип-лајн, а како премиер беше снимен како се повлекува во голем ладилник додека новинарската екипа бараше интервју.

Анкетата на YouGov покажа дека 14 отсто од Британците сè уште не знаеле, во деновите пред вчерашните избори, дека има правило за задолжително носење лична карта за гласачите.

притисни ентер