Националната единица за борба против криминалот од свети николе поднесе кривична пријава против скопјанка - Канал 5

Националната единица за борба против криминалот од свети николе поднесе кривична пријава против скопјанка

Националната единица за борба против криминалот од  Свети Николе поднесе кривична пријава против 39-годишна скопјанка за сомнение за несовесно работење во службата.

Националната единица за борба против криминалот од свети николе поднесе кривична пријава против скопјанка

Пријавата до обвинителството е заради тоа што не организирала и не спровела законски предвидени контроли кај правно лице во Свети Николе.

Пријавата е поради наводно непостапување при извршување на службените обврски.

Според МВР, пријавената во периодот од ноември 2022 до август 2024 година, како претседател на комисијата за оценување на исполнетоста на условите за одгледување канабис за медицински цели при министерството за здравство, не организирала и не спровела законски предвидени контроли кај правно лице во Свети Николе.

Од МВР информираат дека со пропуштањето на контролите било овозможено производство над дозволеното количество, при што со последователна контрола во февруари 2025 година бил констатиран вишок од 56 килограми канабис. Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со 149 милиони евра грант од ЕУ ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија

Со грант од Европската Унија од 149 милиони евра ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија.

Со 149 милиони евра грант од ЕУ ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија

во оваа фаза ќе се гради прекуграничниот железнички тунел, дел од Коридорот 8, кој почнува од Крива Паланка и продолжува на територијата на Бугарија. Договорите со европската инвестициска банка и европската банка за обнова и развој за финансирање на изградбата на 22-километарската делница беа потпишани денеска во Владата, а премиерот Мицкоски посочи дека ова доаѓа откако изминатиот период биле дополнително прецизирани и усогласени сите детали со нашиот источен сосед. Проектот претходно, како што кажа тој, подразбирал дека работата треба да заврши на половина тунел кон Бугарија.

-Онака како што беше овој проект, требаше да завршиме на пола тунел и без јасна определба од нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата од нивната страна, вклучително и за изградба на другата страна на тунелот. Да, требаше време, требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот источен сосед. Тој напредок се постигна, имаме определба од двете страни и имаме тунел кој што е практично трет дел од проектот,- - Христијан Мицкоски – Претседател на владата.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пак, оцени дека на овој начин, по речиси две години интензивни преговори и подготовки, проектот конечно станува реален и остварлив.

-По скоро 2 години работа доаѓаме до проект кој е реален, остварлив и може да биде реализиран. Не беше лесно овие две години, но важно е што дојдовме до договор со Бугарија за изградба на прекуграничниот тунел и само на тој начин овој договор добива смисла,- - Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Од делегацијата на Европската Унија порачаа дека потпишувањето на договорите е силен сигнал за заедничката посветеност Коридорот 8 конечно да стане реалност, но нагласија дека очекуваат и брза реализација на терен.

-Сметам дека нашето силно присуство денес е потврда за споделените и заедничка обврска да се направи Коридорот 8 реалност. Се надеваме да видиме поголем и по конкретен напредок на терен наскоро,- - Бен Нупнау- Заменик шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во наредниот период, според најавите треба да биде распишан тендерот за избор на изведувач, а градежните работи да започнат до крајот на годинава.

Првата железничка делница од Куманово до Бељаковце инаку веќе е пуштена во употреба, а втората до Крива Паланка е во изградба. Со третата фаза треба да се затвори и најсложениот дел од трасата кон Бугарија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки

Идејата за уставни измени стана политички токсична по премногу направени отстапки, Македонците се уморни од постојаното поместување на целта и не веруваат дека Бугарија нема да побара нешто ново.

Муцунски за „Политико“:  Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки

Идејата за уставни измени стана политички токсична по премногу направени отстапки, Македонците се уморни од постојаното поместување на целта и не веруваат дека Бугарија нема да побара нешто ново- вели во интервју за Политико шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски. Потенцира дека Македонија има целосно усогласено законодавство со ЕУ и заслужува праведни и предвидливи евроинтеграции по две децении статус на кандидат. Немаме луксуз за план Б, со нашиот напредок, најмногу придобивки покрај Македонија, ќе има токму Бугарија, оценува Муцунски.

-Понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати. Станавме „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија. Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација. Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија,- Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи.

Во меѓувреме опозицијата во земјава му забележува на министерот за надворешни зошто водел тајни преговори за деблокада на евроинтеграциите, со тврдење дека владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Велат дека дел од таа стратегија е и патувањето на премиерот кој кажа дека наместо на класичен одмор ќе оди на ексурзија во Белгија летово.

-Брисел во август не е туристичка дестинација. Не е град за екскурзии. Не е место каде што се оди на одмор. Брисел е град на европската бирократија - Европската комисија и Европскиот парламент. Таму се оди само кога имаш конкретна работа со Европската унија. Зошто Христијан Мицкоски токму сега оди во Брисел? - Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи.

Власта негира дека се тајни разговорите кои се водат „под радарот“, но не споделувале детали за да не пропаднат обидите. Уште пред еден месец евроамбасадорот Рокас откри дека има дипломатска офанзива, а потврда за тоа имаше и претседателката Сиљановска Давкова. Министерот Муцунски кажа дека се далеку од решение, но се бара начин за деблокада на европскиот пат на Македонија, со тоа што ќе се спречи ново вето во иднина поради идентитетски прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти Јаневска

Пред почетокот на новата учебна година, загрижува драстичниот падот на бројот на запишани првачиња.

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти Јаневска

Според првичните податоци, во училишните клупи оваа година ќе седнат околу 4.900 првачиња помалку во споредба со лани кога имало 17.250 првачиња.

Иако оваа бројка не е конечна, бидејќи можноста за упис се уште трае, прогнозите на министерката Весна Јаневска се дека нема да се запишат уште повеќе од две илјади, за што смета дека е сериозен показател за негативните демографски трендови во земјава.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска изразија задоволство од реализацијата и постигнатите резултати од полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок, со средна оценка 3.66. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Најголемо знаење матурантите покажале на полагањето на странските јазици.

На 226 ученици им бил поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на лице место, а дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите и биле најдени идентични раскази.

Августовската испитна сесија ќе се реализира во четири градови, на 12 август кога се полага странски јазик, а на 14 август е полагањето по мајчин јазик. Полагањето на интерните испити и одбраната на проектните задачи ќе се одвива во периодот од 17 до 24 август.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер