КултураНационален слем-натпревар во ПрилепСо промоција на филмот „Ние“ на Горазд Китановски - Кени, денеска во Прилеп ќе почне 13. Национален слем-натпревар. Натпреварот потоа ќе продолжи со слемирање по улиците на градот, на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, кај сатот и на сцената кај ѕидот. Во 19:30 ч. во таверната „Клуб 1990“ ќе има промоција на збирките поезија „Празен град“ на Снежана Стојчевска и „Огнен пој“ на Перо Сарџоски, а натпреварувачкиот слем ќе го најави изложбата на кодирана поезија од Елена Пренџова и Владимир Петровиќ од Србија во 20:30 ч. во киното „Мис Стон“. За учество на 13. Национален слем-натпревар се пријаваја 24 слемер(к)и од повеќе градови во земјава: Анде Јанков, Бобан Богатиновски, Бобан Доцевски, Валерија Дамчевска, Виктор Спасески, Габриела Стојаноска-Станоеска, Горазд Keни Китановски, Даница И. Лепојевиќ, Дијана Петкова, Евгенија Узунова, Ирена Јурчева, Јасмина Волческа, Јулијана Маринковиќ, Лидија Линдоф, Љубица Петровска, Марина Икономова Шокева, Миланчо Пендев, Никола Дукоски, Сандра Авросиевска, Сања Ристовска, Сара Миланоска, Славчо Ковилоски, Соња Гаврилова и Тони Павлески, од кои 11 ќе се натпреваруваат за титулата национален победник/национална побеничка. Водител(к)и на шоуто ќе бидат Игор Трпчески и Елена Пренџова. Националниот слем-натпревар е во организација на неформалната слем-трупа Поетри слем Македонија, граѓанското зружение „Театарска работилница – Прилеп“ и Трпчески и Пренџова. За време на овие 13 години организација, националниот слем-натпревар во Прилеп има испратено пет претставници и претставнички на Европското слем-првенство и двајца на светското. Победникот/победничката ќе ја претставува земјата на Европското слем-првенство за 2024 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаПредраг Самарџиски дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на МакедонијаПредраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација.Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули во Братислава Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години. Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, главниот град на Словачка. Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води. Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација. Неговото знаење стекнато низ долгогодишната играчка кариера, но и новите тренерски предизвици, ќе бидат дополнителна вредност за младите кошаркари кои се подготвуваат за европскиот предизвик во Братислава. Самарџиски, кој беше дел од една од најуспешните генерации во македонската репрезентативна историја, сега има нова задача – да им помогне на младите таленти да го направат следниот чекор во своите кариери.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев на увид на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’.Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’ каде беше извршено тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациона и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри. Овој проект е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 6 милиони денари и површина од 4900 метри квадратни, објави на својот профил на фејсбук, градоначалникот Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
ФудбалИсториски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во Санта Клара ќе го одигра најзначајниот натпревар во својата историја. Во осминафиналето на Светското првенство, популарните „змејови“ ќе се сретнат со еден од кодомаќините на Мундијалот, Соединетите Американски Држави. Победникот од овој натпревар ќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Левис“, со почеток во 17:00 часот по локално време, односно ноќта меѓу 1 и 2 јули во 2-00 часот по наше време. БиХ стигна до нокаут фазата како една од најдобрите третопласирани селекции, со четири освоени бода, по нерешениот резултат против Канада и големата победа над Катар во Сиетл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook