3Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
МакедонијаНационален самит за дигитална, енергетска и безбедна критична инфраструктураСамитот пред се е посветен на безбедноста и енергетската транзиција и планирањето преку презентација на одлични примери од светот кои брзо може да се имплементираат кај нас.Во дигиталниот свет податоците се елементарниот приоритет и како такви мора да се третираат со највисоко ниво на доверба и сигурност, а институциите имаат обврска да ги штитат транспарентно, правично и по сите европски стандарди поради што земјава мора да има сопствено решение за справување со сајбер предизвиците, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на Националниот самит за дигитална, енергетска и безбедна критична инфраструктура. На самитот, чија цел е да го подигне нивото на одржливо планирање на дигиталната и енергетската инфраструктура, нејзината безбедност и транзиција и да создаде сигурна и светла иднина за генерациите што доаѓаат, своето искуство го презентираат компании од светски рамки со долгогодишно искуство во полето на дигитализацијата и енергетиката. Самитот пред се е посветен на безбедноста и енергетската транзиција и планирањето преку презентација на одлични примери од светот кои брзо може да се имплементираат кај нас. - Живееме во време кога енергетските системи не се системи сами по себе, туку се длабоко поврзани со ИКТ системите на државата и се двигател и основа на македонската економија. Затоа безбедноста, одржливоста и адаптибилноста на овие системи мора да е на врвот на нашите приоритети, рече Андоновски. Порача дека првиот дел од сајбер безбедноста е опоравувањето по сајбер катастрофи, вториот дел заштита на податоците, третиот дел решение за опоравување од рамсовер напади и четвртиот дел е што тоа значи во поглед на инвестициите во македонската економија. - Секоја држава треба да ја гледа сајбер безбедноста како дел од националната безбедност, бидејќи денеска нападите не се само против компаниите, тие се против училиштата, болниците, енергетските системи, водоводите, телекомуникациите, социјалните фондови,... Тоа се напади против секојдневниот живот на граѓаните и против функционирањето на бизнисот, посочи Андоновски. Се соочуваме, додаде, со сет на комплицирани и многу почести закани и затоа градиме нови стандарди и стратегии за одбрана, вклучувајќи ја и Националната стратегија за сајбер безбедност. - Не можеме со сајбер стратегијата, ниту со било која друга стратегија да гарантираме дека нема да се случат сајбер напади, но треба да се осигураме дека кога ќе се случат да имаме капацитети брзо и сигурно да го вратиме во функционалност дадениот критичен систем. Македонија мора да има сопствено решение за справување со сајбер предизвиците, а не решение што исклучиво зависи од странски локации, туку внатрешно направен систем кој ќе гарантира дека и во најлошо сценарио државата, институциите и компаниите може да продолжат непречено да функционираат, потенцира Андоновски. Тоа, како што рече, значи целосно искористување на „Дизастери кавери дата центарот“ во Прилеп, но и изградба на нови и максимално искористување на домашните ресурси во таа насока. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска посочи дека имаме мисија да изградиме безбедна, одржлива и отпорна критична инфраструктура која ќе ја поддржи економијата. -Критичната инфраструктура особено во енергетскиот сектор не е само технички систем, тоа е основа за економски развој, за социјална стабилност и национална безбедност. Сведоци сме на зголемени сајбер напади врз критичната инфраструктура што ја истакнува потребата од зајакнување на нашите капацитети за сајбер безбедност, рече Божиновска. Порача дека дигиталната трансформација е клучна во енергетскиот сектор за ефикасно управување со ресурсите и обезбедување на сигурна енергетска мрежа. -Интеграцијата на обновливите извори на енергија (ОИЕ) како соларната и енергијата од ветерот бара модернизација на инфраструктурата и примена на напредни технологии за управување и заштита. Меѓународните искуства покажуваат дека инвестициите во ОИЕ не само што придонесуваат за енергетска независност, туку ја зголемуваат и енергетската безбедност, посочи Божиновска и додаде дека имаме потенцијал да станеме регионален лидер во енергетската транзиција. Нагласи дека во соработка меѓу јавниот и приватниот сектор може да се развијат иновативни решенија кои ќе ја зајакнат инфраструктурата и ќе обезбедат одржлив економски развој. Порача дека очекува дискусиите и презентациите од денешниот настан да придонесат за формирање на конкретни стратегии и иницијативи кои ќе ја унапредат инфраструктурата и ќе ја подготват за предизвиците на иднината. Извозот на ИКТ услугите од земјава е над 500 милиони евра годишно, а увозот е помалку од 200 милиони. Тагови: самит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook