ЗабаваНачинот на кој се држите за раце со вашиот партнер открива важно нешто за вашата врска Нежен или силен допир, испреплетени прсти или дланка со дланка…Овие ситници откриваат детали за вашата врска кои можеби не сте ги знаеле. Секој пар си има своја посебна приказна. И додека уживате да се држите за раце со својот партнер, дали некогаш сте се запрашале што тоа зборува за вашата врска. Дланка кон дланка Ако сте еден од оние парови кои се држат вака за раце вашата врска се базира повеќе на љубов отколку на страсти. Оној кој ја поставува дланката надолу има посилна личност, често презема иницијатива и е одлучен.Во овој случај симболиката е баш таква каква што изгледа – оној чија рака е одозгора, тој има слична, доминантна позиција и во врската. Држење на раката на партнерот со двете раце Иако делува така, овој вид на држење за рака укажува на тоа дека меѓу вас станува сериозно. Сепак, ова не мора секогаш да биде добар знак, затоа што може да значи дека се претворате во луд и посесивен партнер. Држење за прст Оваа положба симболизира дека партнерите ја цената својата независност. Овие парови знаат како да се почитуваат едни со други, го ценат просторот на партнерот и приватноста. Меѓутоа, овој начин на држење на рацете е честа појава во време кога двојките поминуваат низ тежок период и може да укажува на тоа дека еден од партнерите сака да се повлече од врската. Подршка со другата рака Ова е многу повеќе од просто држење за раце. Овде контактот се пренесува на целото тело, делува заштитнички, а улогата на заштитник ја има партнерот чија рака е онаа која другиот ја држи со двете раце. Преплетени прсти Паровите кои ја практикуваат оваа положба сакаат секогаш да бидат еден до друг. Поврзани се преку физичка привлечност, но и многу подлабоко. Немаат проблем со тоа да ја покажат ранливоста пред партнерот. Без држење за раце Ако вашиот партнер избегнува да ве држи за рака тоа може да значи дека не е доволно заинтересиран за вас. Меѓутоа, ова можа да биде знак и дека вашиот партнер е срамежлив, и сака одредено ниво на приватност на вашата врска. Немојте да носите избрзани одлуки и обрнете внимание на другите знаци во вашата врска, бидејќи веројатно немате потреба да се грижите. фото: телеграф.рсКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќај по суви коловозиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степениСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Берово, -1 Лазарополе, Битола, 0 Попова Шапка, Струмица, Скопје – Петровец, 1 Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, 2 Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Виница, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 6 Маврови Анови, 5 Охрид, 4 Попова Шапка, Прилеп, 3 Крушево, Лазарополе, 2 Битола, Струмица, Претор, Берово, 1 Пожаране, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне наместа повремено засилен со силен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 22. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 22. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ловечки приказни би можела да продолжи и денес. Бидете внимателни да не започнете да ги нервирате другите. Врските се добри. Кариера Веројатно ќе направите мал попис на една тема што ќе ви донесе мало задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои можеби се уморни од сè, некои се вкочанети и не очекуваат ништо повеќе, а некои уживаат во осаменоста. Кариера Целите кон високо ниво, за што се потребни одредени квалитети и квалификации. Бидете сигурни дека имате сè што ви треба. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да комуницирате со пријателите и да ги разрешите вашите љубовни грижи со нивна помош. Кариера Ќе се посветите на два фронта: оној редовен и оној што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Обидете се да живеете поуредно, и тоа е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Покрај малите дневни задоволства во двојка, денеска заедно ќе разговарате за некои подлабоки филозофски теми. Кариера Вашата кариера веќе не е проблематична, туку напротив. Ова се вашите пет минути во деловното работење и искористете најголем дел од нив. Здравје и совети Спортувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ќе ве направи среќни чувството за дружељубивост, па доколку имате можност ,излезете меѓу луѓе. Кариера Сè што вклучува соработка, контакти и споделување на идеи, ќе ви биде подобро денеска од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе има мала привремена конфузија во комуникацијата со партнерот, и малку фрустрација. Сепак, ќе издржите сè херојски. Кариера Мали дискусии со претпоставените за поставување норми и работни критериуми. Бидете што е можно пореални. Здравје и совет Нервоза Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте колку што е можно поразумни, денеска ќе се потрудите да не зборувате премногу. Тежи секој збор. Кариера Вашите газди ќе бараат одредени активности за кои сметате дека се неразбирливи. Сепак, не се расправајте,туку прифатете. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани, но ќе помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ако сте во двојка ќе излезете и ќе си поминете одлично. Ако сте сами, излезете па макар и за момент. Кариера Ја сфаќате важноста од воспоставување добра соработка со другите. Тие ви даваат, но сега почнете и вие да давате. Здравје и совет Подобро е да верувате, отколку да се сомневате. Рак 22.6-22.7. Љубов Поканата за дружење ќе биде по ваш избор. Ако ја прифатите и излезете, добро ќе си поминете. Кариера Размислувате како да вклучите професионалци во бизнисот. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совети Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со истовремената потреба за интимност и социјализација, поточно со околината. Кариера Она што другите предлагаат, анализирајте го полека и во мир за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Ослободете се од нездравата исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете упориште во смислата за сочувство кон другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другите. Кариера Не сте сигурни дали отворено да кажете што мислите. Ви недостасуваат повеќе информации за да имате целосна слика. Почекајте Здравје и совет Бидете трпеливи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Одличен ден за дружење, излегување и склопување нови познанства, па дури и преку интернет. Оние што се млади можат да поминат особено добро. Кариера Не двоумете се дали треба да воведете некои иновации во работниот процес. Во исто време, ќе биде важно да го направите тоа на убав начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33