Началникот на ГШ на српската армија: Не ги заплашуваме граѓаните и не им се закануваме - Канал 5

Началникот на ГШ на српската армија: Не ги заплашуваме граѓаните и не им се закануваме

Началникот на ГШ српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, изјави дека армијата не сака да учествува во политичката арена и игри, туку да стои настрана, отфрлајќи ги критиките дека воената парада ги заплашува граѓаните и им се заканува на соседите.

Началникот на ГШ на српската армија: Не ги заплашуваме граѓаните и не им се закануваме

Таквите критики тој ги оквалификува какоа „манипулација“.

„Сите треба да се обединиме околу фактот дека она што ќе се прикаже следната сабота е национално, за гордост на сите. Оние на кои не им се допаѓа армијата, сигурно има такви, за да можат да стекнат доверба дека можат мирно да спијат. Додека постои ваква армија, Србија е безбедна“, изјави Мојсиловиќ за ТВ Прва.

Зборувајќи за критиките во врска со парадата, тој рече дека е убеден дека некои сакаат да освојат политички поени со неа, наведувајќи дека армијата ќе ја надомести штетата доколку биде предизвикана.

Според него, „парадата ќе има порака за сите - за пријателите, сојузниците, радост и среќа, а за другите веројатно гнев и нервоза“, бидејќи ќе се види дека Вооружените сили се модерни, современи, добро вооружени и опремени, и дека зајакнувањето ќе продолжи.

Во врска со враќањето на задолжителната воена служба, тој рече дека се прават интензивни подготовки и следно нешто што треба да се направи е „усогласување на законодавната сфера со она што го сакаме - 75 дена воена служба“, за што српскиот Парламент треба да донесе закон.

В сабота на 20 септември во Белград ќе биде организирана воена парада на српската армија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Сојуз на синдикатите на Македонија  денеска ја објави Синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 год. која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари.

Структура на новата СMK за месец септември 2026 година

03. Станарина, вода, електрична енергија 21.754

и греење ( со изнајмен стан 60м2 )

Синдикална минимална кошница вкупно: 84.807 100 %

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“

 Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека војната меѓу Русија и Украина „не е словачка војна“ и нагласи дека ќе стори сè за да спречи Словачка да биде вовлечена во, како што рече, „неодговорна воена авантура“.

Фицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“

Во видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо изјави дека не сака конфликт меѓу НАТО и Русија и оцени дека секој што сака да предизвика таков конфликт заради сопствените национални интереси, треба да ја сноси одговорноста за таквата одлука.

„Војната меѓу Русија и Украина не е наша, словачка војна. Ако некој сака да предизвика воен конфликт меѓу НАТО и Русија за да ги задоволи сопствените национални интереси, тогаш мора и да преземе одговорност за таков чекор, а не да ја префрла на другите членки на НАТО“, рече Фицо.

Тој оцени дека е многу лесно да се најде изговор за започнување војна, но дека државите се доволно развиени за да можат да направат разлика меѓу вистински вооружен напад и, како што рече, измислена провокација.

„За време на мојата влада, никој нема да испрати словачки војници надвор од територијата на Словачка за да се борат против Русија или која било друга земја под измислен изговор“, изјави словачкиот премиер.

Зборувајќи за членот 5 од Северноатлантскиот договор, Фицо рече дека оваа одредба, во случај на вистински вооружен напад врз една или повеќе членки на НАТО, остава широки можности за пружање помош на нападнатата држава.

Истовремено, тој повика на крај на, како што рече, „приказната за лажната солидарност“, наведувајќи дека земјите од Европската Унија не се способни да покажат солидарност дури ни кога станува збор за цените на електричната енергија, а камоли кога се работи за смртта на војници.

Фицо изјави дека Словачка ќе продолжи да води „суверена“ политика, притоа почитувајќи го своето членство во Европската Унија и во НАТО. „На тлото на Европската Унија нема да се откажеме од нашите суверени ставови, кои имаме намера да ги продлабочиме во рамките на соработката на Вишеградската група. А во НАТО сакаме да бидеме сигурен партнер, а не играчка во рацете на другите, и наш доминантен збор ќе биде мирот, а не војната“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нејмар го изненади Олисе

Францускиот репрезенативец Мајкл Олис блесна во победата на Баерн Минхен над Унион Берлин, а по натпреварот доби подарок што не го очекуваше.

Фото: Нејмар го изненади Олисе

Францускиот напаѓач постигна три гола и запиша една асистенција, потврдувајќи дека е еден од клучните играчи на Баварците оваа сезона. Сепак, она што се случи по натпреварот привлече речиси исто толку внимание колку и неговата игра на теренот.

Олисе доби дрес од Нејмар, а подарокот му го врачи новинарката Изабела Паљари.

Таа веќе еднаш приреди слична сцена, кога му го подари дресот на бразилската ѕвезда на Дезире Дуе. За Олисе, кој важи за многу повлечен фудбалер и човек чии прослави на голови се главно крајно смирени, реакцијата беше необична.

Кога го виде дресот на Сантос, на лицето му се појави широка насмевка. Дресот пристигна како еден вид порака од Нејмар, поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Барселона, а Олисе возврати на гестот. Французинот потоа му го испрати својот дрес на Бразилецот, со што продолжи оваа интересна размена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер