МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата во посета на контингентите на Армијата распоредени во Романија и Република БугаријаПридонесот на Армијата во НАТО активностите во Романија и Република Бугарија започна на крајот на 2022 година.Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој претстојува во тридневна работна посета на Романија и Република Бугарија, ги посети припадниците на македонскиот контингент распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“. Во рамки на посетата во Романија, на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓита Влад, вчера, 13 ноември, присуствуваше на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Dacian Fall 2025“, која се одржа на полигонот за обука во Чинку. Мултинационалната вежба „Dacian Fall 2025“, која се реализира во период од 20 октомври до 13 ноември, обедини околу 5000 војници од 10 земји членки на НАТО, при што беше потврдена подготвеноста, соработката и единството на Алијансата. Генералот Лафчиски, за време на престојот во Романија, оствари средби и со командантот на Мултинационалниот корпус југоисток, генерал-потполковник Кристијан Дан и командантот на Мултинационалната дивизија југоисток, генерал-мајор Дорин Тома, на кои беше истакнат професионализмот и придонесот на македонските војници кои се распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“. Во рамки на посетата на Република Бугарија, армиската делегација предводена од генерал-мајор Лафчиски оствари средби со командантот на Здружените сили на Република Бугарија, генерал-мајор Станимир Христов, командантот на бригада „Пинероло“, бригаден генерал Паоло Ведове и со командантот на Мултинационалната борбена група во Република Бугарија, полковник Матиа Широко. На средбите беше потврдена целосната интероперабилност на македонскиот контингент со останатите сили од НАТО армиите во овој состав, по што ги посети припадниците на Армијата, како дел од Мултинационалната борбена група на НАТО во Ново Село, при што им оддаде признание за нивното залагање и посветеност во извршувањето на задачите . Придонесот на Армијата во НАТО активностите во Романија и Република Бугарија започна на крајот на 2022 година со испраќање на два свои состави во овие земји, каде заедно со припадниците на Вооружените сојузнички сили се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Канцеларија за воени односи со јавноста Генералштаб на АрмијатаТагови: армија Сашко Лафчиски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста ценаОд полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар..Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседитеВо меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ. Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада. Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта КосКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook