Нацева: Вардар од септември ќе настапува со ракометарки од сопствените школи - Канал 5

Нацева: Вардар од септември ќе настапува со ракометарки од сопствените школи

Извршната директорка на ЖРК Вардар Гордана Нацева, денеска на прес-конференцијата пред дуелот со Будуќност во ЛШ потврди дека клубот на крајот на сезоната го распушта досегашниот состав.

Нацева: Вардар од септември ќе настапува со ракометарки од сопствените школи
Нацева нагласи дека и покрај сите промени, иднината на ЖРК Вардар не е доведена во прашање. Но, и дека остануваат максимално фокусирани на главната цел – освојување на трофејот во Лигата на шампионите.

- Од септември клубот ќе настапува со играчи од сопствениот погон, млади ракометарки од школите на Вардар. Планираме со нив да се работи на подолг рок, да им се наметне амбиција и во иднина тие да станат дел од македонската репрезентација за ЕП во 2022 година. Тоа е мотив и предизвик за нас, изјави Нацева.

Извршната директорка на клубот потенцираше дека при одлуката се воделе според професионалните кодекси и на ракометарките на време им соопштиле да си бараат нови клубови.

Вардарки сезонава се единствената непоразена екипа во досегашниот тек од ЛШ. Четири сезони по ред настапуваа на Ф4 турнирот, при што три пати беа трети, а лани ја освоија вицешампионската титула./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата

Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. 

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата

Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја.

По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да бидат во фокусот на образовните политики и реформите, како најважен ресурс за развој на државата.

Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството.

Особено внимание посветуваме на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал. Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања.

Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите.

Честит 12 Август - Меѓународен ден на младите!

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Силно светна ден во Битола, но му се стемни на талогот Филипче и Жерновски

Народот вели: една фотографија –илјада зборови.

ВМРО-ДПМНЕ: Силно светна ден во Битола, но му се стемни на талогот Филипче и Жерновски

А овие фотографии покажуваат илјадници граѓани кои масовно дадоа поддршка на манифестацијата за прослава на независноста во Битола, насловена „Силно светнал ден“.

Токму против тој народ работи талогот – Филипче, Жерновски и Заев.

Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДС, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола. Така, уште еднаш, народот го порази талогот кој оркестрирано ја опструираше прославата.

Филипче доби уште една порака од народот.

Ова не е прослава ниту на СДС, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа прослава им припаѓа на граѓаните.

А народот ја испрати својата порака.

Пораката е во продолжение – на фотографиите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска

Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно нилска треска потврдија за Канал 5 од Клиниката за инфектологија.

Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска

Денеска министерството за здравство ќе има информација за болните и за евентуално ново заразени со вирусот.

Особено внимание се препорачува кај повозрасните лица и оние со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешка форма на болеста.во последните 15 години во Македонија биле регистрирани пет смртни случаи поврзани со западно-нилската треска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер