Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона - Канал 5

Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона

По меѓународниот аеродром во Тирана и оној во северниот град Кукс, набрзо во Албанија ќе профункционира и новоизградениот аеродром во приморскиот град Валона.

Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона

Албанската вицепремиерка и министерка а инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку изјави дека Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) на аеродромот во Валона му додели аеродромскиот код и продажбата на билети.

- ИАТА позитивно ја оцени апликацијата на меѓународниот аеродром во Валона во согласност со меѓународните стандарди и му го додели аеродромскиот код и кодот за билети: ВЛО, наведе Балуку.

Според неа ова им овозможува на туристичките агенции да продаваат билети во име на водечките меѓународни авиокомпании на пазарот.

Балуку наведе дека во првите денови од мај „Ер Албанија“ ќе го изврши својот инаугуративен лет, од најголемата авиописта на Балканот, долга 3,2 километри.

Аеродромот ќе работи со над три бизнис модели: цивилна авијација, одржување на авиони и целосен карго терминал, а ќе се протега на 22.000 квадратни метри. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Лишено од слобода лице барано со потерница за сторени кривични дела изнуда и насилство .

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Денеска (27.09.2026) во 9:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Единицата за интервента полиција при СВР Скопје во дворот на негововиот дом го лишија од слобода Ц.А.(26) баран по централна потерница од 06.08.2026 од Основен Суд Скопје-1 по член 258 ст.1 вв член 22 изречена мерка притвор и централен распис од 17.04.2026 од СВР Скопје за сторено кривично дело по член 386 ст.6.

Од страна на Единицата за интервента полиција при СВР Скопје Ц.А. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постака, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на здравствената установа во Бардовци

Вчера попладне било пронајдено тело на мртов човек во близина на здравствена установа во Бардовци.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на  здравствената установа во Бардовци

„На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.“, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Никола Јокиќ би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА следното лето.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Имено, доколку остане со Денвер Нагетс, според сегашните проекции, српскиот центар би можел да добие околу 360 милиони долари во текот на пет години. Сепак, Кевин О'Конор го предупредува тимот на Колорадо дека неговиот престој не треба да се зема здраво за готово!

Трократниот МВП на НБА не потпиша продолжување на договорот, а зад тоа стои идејата дека ќе добие историска плата следната сезона. Сето ова е наведено ако остане во Денвер. Јокиќ можеше да потпише минимум четири години оваа година и да добие бројка од 278 милиони долари, но - реши да почека.

- Мојата идеја е да потпишам следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата - изјави Јокиќ ова лето.

Сепак, засега сè се базира на шпекулации, но треба да очекуваме Никола Јокиќ да остане во Денвер до крајот на својата НБА кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер