На зградите во Франција се појавија проекции на карикатурите на пророкот Мухамед (ВИДЕО) - Канал 5

На зградите во Франција се појавија проекции на карикатурите на пророкот Мухамед (ВИДЕО)

Франција минатата недела беше згрозена од бруталната ликвидација на наставникот по историја Самуел Пети, кој беше обезглавен, снимен и објавен на социјалните мрежи од страна на тинејџер од Чеченија на улица во Париз.

На зградите во Франција се појавија проекции на карикатурите на пророкот Мухамед (ВИДЕО)

Наставникот бил брутално убиен заради карикатурите на пророкот Мухамед што Пети им ги покажал на своите ученици.

Како дел од почитта кон Пети, цртежите на Мухамед од сатиричниот весник Шарли Ебдо, светски познат по исламистичкиот масакр во јануари 2015 година кога браќата Чериф и Саид Куачи упаднаа во редакцијата и убија 12 лица, беа проектирани на владините згради во неколку француски градови.

Карикатурите на Мухамед биле изложени во градските собранија на Монпелје и Тулуз, а на Пети му е направен споменик, на чие откривање во Париз присуствуваше и претседателот Емануел Макрон.

YouTube video

Макрон го опиша Пети како „тивок херој кој ги отелотворува вредностите на Француската Република“. Тој постхумно му додели орден Легија на честа, највисока француска цивилна почест.

Таткото на 13-годишна ученичка на исламистички сајтови и профили повикал на мобилизација против Пети, бидејќи тој им покажал карикатури на Мухамед.

Тој ги објавил името и презимето на Пети и адресата на училиштето каде што работел на социјалните мрежи, само неколку дена пред нападот.

На мобилниот телефон на убиецот, 18-годишниот Абулах Анзоров, кој беше убиен од полицијата, биле пронајдени фотографија од Пети и порака како ја препознае жртвата. Сведоците изјавиле дека убиецот бил виден во петокот во училиштето, како се распрашува меѓу учениците каде можел да го најде Пети.

Уапсени се вкупно 11 лица, вклучувајќи исламски проповедник и татко на ученик, кој се пожалил на прикажувањето карикатури со Мухамед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за Онкологија

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. 

Продолжува судењето за Онкологија

На минатото рочиште, на предлог на одбраната, беше сослушано вешто лице Владимир Даниловски. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП: Граѓаните да внимаваат, стигнуваат лажни СМС пораки за поврат на ДДВ

Управата за јавни приходи  предупредува на внимателност кај граѓаните откако, како што информираа почнале да  пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк.

УЈП: Граѓаните да внимаваат, стигнуваат лажни СМС пораки за поврат на ДДВ

Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци , посочувајќи дека ваквите пораки може да бидат дел од обид за кражба на лични и финансиски податоци. Од УЈП велат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги коштаат граѓаните на Гази Баба и Скопје  околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот?

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје.

Врз основа на Нацрт-верзијата за Деталниот урбанистички план ЦС09 Блок , кој се однесува на потегот кај East Gate, доаѓаме до фрапантни податоци. Податоци кои отвораат сериозен сомнеж за потенцијална финансиска штета врз буџетот на општината и градот во висина од неверојатни 23 и пол милиони евра.

За што всушност станува збор и како е возможно ова? Да одиме по ред.

Според овој Нацрт-ДУП, на вкупно четири градежни парцели се предвидува изградба на објекти со намена Б5 – или хотелски комплекси. Станува збор за огромна вкупна површина од близу 141.000 метри квадратни. За да ви ја доловам големината – ако една просечна хотелска соба има околу 40 квадрати, ова значи дека таму се цртаат неверојатни 3000 -3.500 хотелски соби.

Тука леѓи главната дилема и сомнеж за корупција: Дали преку оваа намена за хотели, всушност, се подготвува терен за класични станбени згради, со цел да се изигра законот и да се избегне плаќањето на реалните комуналии?

• Регуларниот надоместок за уредување на градежно земјиште за овој дел од Скопје изнесува околу 180 евра по метар квадратен.

• Ако се градат станови, за оваа површина во буџетот би требало да се слеат околу 25 милиони евра.

• Но, бидејќи инвеститорот добива маркица за „хотел“ намена Б5, тој законски плаќа само 5% од овој износ.

• Тоа значи дека наместо 25 милиони, ќе се платат само нешто над 1.2 милиони евра.

Оттука, прашуваме:

Дали со овој ДУП директно му се овозможува на инвеститорот да заштеди 23.500.000 евра, пари кои треба да завршат во буџетот на Гази Баба и Град Скопје, а објектите потоа повторно да ги продава како апартмани за живеење?

Дали со ваквиот план му се прави дополнителна услуга на инвеститорот да заштеди пари преку изградба на помал број паркинг места, согласно стандардите за хотели кои бараат помалку паркинзи отколку оние за станбени згради?

Дали идните купувачи свесно ќе бидат доведени во правна замка? Дали тие луѓе ќе можат воопшто да извадат лична карта во МВР на таа адреса, со оглед на тоа што објектот ќе се води како хотел?

Ова не го зборуваме на памет.

Дали ќе се повтори истиот случај како со веќе изградениот објект на соседната градежна парцела каде луѓето веќе се вселени и живеат во станови, но не можат да ги пријават како свое место на живеење во МВР?

Почитувани, 23.5 милиони евра се пари на граѓаните. Со тие пари се градат градинки, улици, и училишта.

Институциите мора да дадат одговор на овие прашања.

Дали и кој ќе сноси одговорност доколку се дозволи вакво оштетување на буџетот?

Ви благодарам.

YouTube video

Александар Вељановски, советник во општина Гази Баба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер