Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски
2Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
ТехнологијаНа зградата на Твитер осамна новото лого, луѓето коментираат: Ова е страшно (ФОТО)Илон Маск го смени логото на Твитер од препознатливата сина птица во огромен Х, кој сега се појави на зградата на компанијата која се наоѓа во Сан Франциско.Откако на интернет се појави фотографија со новото лого на зградата, луѓето почнаа да му се потсмеваат на потегот на Маск. „Изгледа страшно“, коментира еден корисник на Твитер. Lmao looks horrible — Kofi (@blackkingkofi) July 28, 2023 „За ова го отфрлија едно од најпрепознатливите логоа на интернет, навистина не ми се верува“, напиша друг. they threw away one of the most recognizable brands and logos online for this i genuinely cannot believe it https://t.co/HLTGOozx5C — pudding person (@JUNlPER) July 28, 2023 „Навистина е импресивно колку е просечно сè што прави овој човек“, коментира трет, додека четвртиот забележал: „Тие дури и не го симнаа знакот на Твитер“. Legitimately impressive how mediocre everything this guy does is https://t.co/7JOLZdv2k8 — The Art of Asty (@ArtOfAsty) July 28, 2023 „Дали ова е направено од отпад?“ праша петтиот, а шестиот заклучи: „Изгледа како тотална глупост“. Is this…is this literally made out of garbage? https://t.co/DlU3OQ56Jt pic.twitter.com/67DWN5mwYO — Paul Tassi (@PaulTassi) July 29, 2023 Се огласи и Маск, кој твиташе фотографии и видеа од новиот знак и ги информираше твитерџиите дека „сопственикот на зградата постојано повикува полиција поради промената на знакот“. Looks like total dogshit https://t.co/iUz3CI8WVU — Casey @ Twitch.tv/caseyexplosion (@CaseyExplosion) July 28, 2023 Found pic of 𝕏 landlord in San Francisco pic.twitter.com/3CKSAr9ek2 — Elon Musk (@elonmusk) July 29, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕксплозија во Монако: Украински олигарх повреден; Напаѓачот во бегство!Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев е повреден во експлозија што потресе станбена зграда во Монако. Властите велат дека осомничениот активирал експлозивна направа и избегал, а истрагата е во тек. Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев е едно од тројцата повредени лица во експлозијата што се случи синоќа во станбена зграда во Монако, додека осомничениот е во бегство, објавија властите денес. Според извор близок до истрагата, Ермолаев е меѓу повредените во инцидентот во кој две лица се тешко повредени, додека едно 13-годишно момче се здобило со полесни повреди, објави порталот „Франс 24“. Според обвинителството на Монако, осомничениот поставил торба или пакет во лобито на станбената зграда пред да ја активира експлозивната направа и да избега од местото на настанот. Принцот Алберт Втори го осуди нападот, нарекувајќи го „грозоморно злосторство“ и рече дека безбедноста во Кнежевството ќе остане приоритет. Властите објавија дека ова е прв ваков инцидент во историјата на Монако и дека е во тек интензивна истрага во соработка со француските безбедносни служби. Осомничениот е идентификуван на снимки од безбедносните камери и е виден како ја напушта областа и се движи кон соседниот француски град Босолеј. 🇲🇨 A bomb packed with bolts and metal shot tore through the lobby of a luxury building in Monaco tonight, injuring sanctioned Ukrainian oligarch Vadym Yermolaiev and his family. A man was caught on CCTV dropping a backpack at the entrance around 9 PM before fleeing toward the… pic.twitter.com/pYgD8AHVOZ — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) June 29, 2026 Повредените се префрлени во болниците во Ница. Истрагата за мотивите на нападот е во тек, а безбедносните мерки во Монако се зголемени.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДенес се слават тројца големи светители: Еве што не треба да правите на овој празникПравославните верници денеска, на 30 јуни, го празнуваат денот на Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил – тројца родени браќа кои со својата непоколеблива вера оставиле траен белег во христијанската традиција.Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил биле браќа од Персија, воспитани во христијанската вера и високи чиновници на персискиот цар. Како негови пратеници биле испратени кај царот Јулијан Отстапник за да преговараат за мир. Кога одбиле да им принесат жртва на паганските идоли, јавно сведочејќи дека се христијани, биле затворени и сурово мачени. И покрај страдањата, останале цврсти во својата вера. На крајот биле погубени со меч. По нивната смрт, според преданието, настанал силен земјотрес, а нивните мошти подоцна биле пронајдени и чесно погребани од христијаните. Над нивните мошти се случиле бројни чуда, кои довеле многумина да ја прифатат христијанската вера. Според народното верување, на овој празник треба особено да се внимава на зборовите и делата. Се смета дека денот е посветен на вистината, па затоа верниците се трудат да не изговараат лаги, да не шират кавги и да не влегуваат во конфликти. Се верува дека искреноста и добрите дела носат внатрешен мир и Божји благослов. Многу верници одат во црква, палат свеќи за здравје и мир во семејството, а денот го поминуваат во молитва и со добри мисли.Тагови: православен календар светите маченици Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
МакедонијаПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави МицкоскиДоговор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, порача премиерот Христијан Мицкоски... По објавувањето на дефинитивниот состав на владата, предложените министри веќе в среда или четврток се очекува да бидат испратени до Собранието, но дали ќе се менува една третина од владиниот состав за што Собранието би гласало за секој министер поединечно или ќе бидат назначени поголем број нови кадри, со што ќе се избира целосно нова влада засега е неизвесно.Тагови: Владата Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook