МакедонијаНа земјава ѝ недостигаат 52 тимови за Итна помош за да се исполни законскиот минимумНе само што е преоптоварена, туку прашање е дали итната медицинска помош може секаде да интервенира, на Македонија и се потребни 52 екипи за Брза помош за да ја исполни законската регулатива според истражувањето на невладините организации.Со тоа се поставува прашањето дали се прекршува правото на граѓантие за итна помош? Во изминативе 8 години, наместо да се зголемува, бројот на екипи се намалил за 22, вели Герман Филков од ЦГК. Според него најголемо оптоварување има во Скопје, град кој преку работна година е блиску до 1 милион жители, а каде недостасуваат најмалку 18 екипи за брза помош. -Во Скопје, тимот на медицинска помош има близу 150.000 повици годишно во текот на годината, а само итната медицинска помош има околу 25.000 интервенции, оптовареноста на екипите е различна од град во град, а некаде една екипа, на медицинска помош опслужува 1.000 жители, а во поголемите градови 40.000 жители зависат од еден тим. Скопје има 45 тимови вкупно, нормално распоредени во смени, тимови кои што седат во службата, ова не се сите тимови кои што одат на терен, а според уредбата што ја има донесено МЗ, Скопје треба да има 63 екипи. Од итната медицинска помош во Скопје потврдуваат дека недостасуваат екипи, а проблемот пред се го лоцираат во комплицираниот закон за вработување на нов кадар и непотребните административни процедури, што и самиот министер Бесими кажа дека ќе бидат олеснети. Велат дека одливот на кадар е генерлано поради пензионирање и заминување на вработените, а главоболки во интервенцијата им создава густиот собраќај, а проблем се и клиниките кои предолго им ги задржуваат екипите. -Тоа е секојдневие во Градот Скопје и тука добар дел од екипите да кажеме знаат да заглават во сообраќајот, дури имаше и едно видео каде што комбе на брза помош мораше на тротоар да се качи за да ја надмине колоната од коли./ Во повеќе наврати, ја знаеме гужвата и метежот што настанува на паркингот во клинички центар, некогаш на екипата при оставање на пациент и е потребно дури 1 час за да излезе од клинички центар, а некогаш од страна на одредени клиники се случува екипата да ни биде задржана и повеќе од 2-3 часа.- Милица Бубало - Раководител на итна медицинска помош во Скопје. Според истражувањето, покрај Скопје, најлошо стојат Струмица и Тетово, каде еден тим треба да покрие околу 40.000 жители дневно, па потоа е Куманово со 30.000. Вевчани, Пехчево и Ростуше се најдобро покриени, кои како жители на помали центри добиваат покриеност од една екипа на 1.000 жители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаГерманска ракета е лансирана во земјината орбита: Историски моментГерманскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка.Германскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка, што претставува пресвртница во напорите на Европа да обезбеди независен пристап до вселената. Беспилотната ракета „Спектрум“ стана првата комерцијална ракета што стигна до орбитата од континентална Европа, што е пробив за регион каде што неколку земји бараат упориште на брзорастечкиот пазар за лансирање сателити. „Способноста за лансирање во моментов е најголемото тесно грло во целата индустрија“, изјави за новинарите Даниел Мецлер, коосновач и извршен директор на „Исар“. „Исар“ е приватна компанија и сè уште е добро финансирана, рече Мецлер, додавајќи дека излегувањето на берза во моментов „не е опција“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави лансирањето со изјава во која го нарече „почеток на нова ера“. Мерц го посети местото за лансирање на „Исар“ во март и ги истакна напорите на Европа да воспостави поголема автономија, бидејќи глобалниот поредок, некогаш предводен од САД, се менува под водство на американскиот претседател Доналд Трамп. Лансирањето беше извршено од норвешкиот космодром Андоја, а Спектрум носеше пет мали сателити и технолошки експеримент, објави Исар. Ракетата е дизајнирана за растечкиот пазар на мали и средни товари. „Независниот пристап на Европа кон вселената штотуку доби голем поттик“, напиша комесарот на ЕУ за одбрана и вселена Андриус Кубилиус на социјалната мрежа X. Congrats to @IsarAerospace for historic launch from Andøya Spaceport, Norway! Europe’s independent access to space just got a major boost! 🇪🇺 Thrilled to see EU tools help startups scale from lab to launchpad and a visible European commercial space company. #EUSpace #Cassini https://t.co/p5X3Ut0B0R — Andrius Kubilius (@KubiliusA) September 6, 2026 Тоа беше второ лансирање на Исар, кое се случи 18 месеци откако првата ракета на компанијата падна во морето и експлодираше во огнен спектакл кратко по полетувањето од истата локација. Никој не беше повреден. Исар произведува уште пет ракети Исар објави дека во моментов произведува уште пет ракети и сега е фокусиран на зголемување на бројот на лансирања за да се задоволи зголемената побарувачка, со долгорочна цел од околу 40 лансирања годишно. Минатата недела, Исар објави дека обезбедил околу 200 милиони евра од Европската вселенска агенција за финансирање на развој на нови ракети и проширување на инфраструктурата за тестирање и лансирање. Глобалните играчи на пазарот за лансирање сателити ги вклучуваат американскиот „СпејсИкс“ на Елон Маск и француската „АријанГруп“, заедничко вложување помеѓу „Ербас“ и „Сафран“, која користи вселенски центар во Француска Гвајана во Јужна Америка. Шведска со својата лансирна рампа „Есранџ“ и Велика Британија со својот космодром „Саксаворд“ на шкотските Шетландски Острови се најблиските конкуренти на норвешката лансирна рампа и сите сакаат да ѝ обезбедат на Европа поголема автономија во вселенските летови.Тагови: ракета орбита Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкцииКрајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции, само со неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата не се премолчува и толерира.Нема ситуација во која СДС нема да се обиде да измисли, конструира и изврти нешто што нема никаква допирна точка со реалноста. Целосно ја поздравувам и ја поддржувам акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран. Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот. Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции. И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден. Токму затоа е крајно несериозно и политички бедно тоа што СДС повторно се обидува од конкретен случај да произведе политичка конструкција. Кај нив очигледно нема ситуација во која нема да се обидат да измислат „врска“, да извртуваат факти и да фрлаат клевети, само за да создадат политичка приказна таму каде што не постои. Но, конструкцијата им е целосно промашена. Нивниот проблем е што не можат да прифатат дека денес институциите постапуваат. Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денес се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината. Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција. А СДС, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши, објави на ФБ генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ФудбалИнфантино се кандидираше за четврт мандат на чело на ФИФА, нема противкандидати Џани Инфантино (56) повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во март 2027 година. Светската фудбалска организација потврди дека Инфантино, кој е на чело на ФИФА од 2016 година, се бори за четврти мандат. Неговата одлука доаѓа по турбулентен период во кој се соочи со силен отпор поради планот за продажба на удели во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори. Во официјално соопштение, ФИФА ја цитираше најавата на Инфантино во април дека повторно ќе се кандидира. „Секако, ништо не се променило. Г-дин Инфантино ќе се кандидира“, рече ФИФА. Ова е прва официјална потврда за неговата намера по контроверзиите што следеа по Светското првенство ова лето. Конфликт со УЕФА Односите меѓу ФИФА и УЕФА се влошија во последните недели. ФИФА го обвини европското тело за „кампања за оцрнување на федерацијата и нејзиното раководство“ како одговор на правната постапка што ја покрена УЕФА. Минатата недела, УЕФА поднесе правни документи во САД барајќи пристап до докази и документи на ФИФА и предупреди дека може да поднесе кривични пријави во Швајцарија. Поради спорниот финансиски план, УЕФА претходно се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Иако европската организација се откажа од обидот да гласа за недоверба на Инфантино, тие се уверени дека можат да му спротивстават на друг кандидат. Гласањето за недоверба би барало промена во статутот на ФИФА, што бара поддршка од три четвртини од членовите, односно 159 гласови, па таквото сценарио во моментов не се смета за реално. Потрага по противкандидат Кандидатурата бара поддршка од најмалку 106 од 211 национални асоцијации, а апликациите се примаат до 18 ноември. Досега нема други официјални кандидати за претседател на ФИФА. Претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, неофицијално се споменува како можен противник на Инфантино.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12