Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
2Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
СветНа Зеленски му се закануваат со смрт, доколку ги повлече трупите од Доњецк Украинскиот националистички активист Сергеј Стерненко, еден од најпознатите воени блогери во Украина, индиректно му се закани на Володимир Зеленски со смрт ако одлучи да ги повлече трупите од Доњецк во корист на мировен договор со Русија.„Ако Зеленски се откаже од која било неокупирана територија, тој ќе заврши како труп, прво политички, а потоа и во реалноста. Тоа би била бомба за нашиот суверенитет. Луѓето никогаш не би прифатиле такво нешто“, рече Стерненко во интервју за британскиот весник „Тајмс“. Во истото интервју, Стерненко повика на подготовки за „вечна борба“ со Русија, бидејќи „компромисот е невозможен“. „На крајот, ќе има само еден победник, Русија или Украина. Ако руската империја продолжи да постои во сегашната форма, тогаш таа секогаш ќе сака да се шири. Компромисот е невозможен. Борбата ќе биде вечна до моментот кога Русија ќе ја напушти украинската територија“, рече тој. Путин сака украинските трупи да се повлечат од Доњецк Според западните медиуми, рускиот претседател Владимир Путин му рекол на Доналд Трамп на самитот во Алјаска дека Москва сака украинските трупи да се повлечат од регионот Доњецк во замена за замрзнување на војната. Во моментов, руската армија контролира околу 75% од Донецк и 99% од Луганск. Во пракса, Кремљ бара повлекување на Украинците од преостанатите 25% од територијата што Русите сè уште не ја освоиле, објавува Антена Обзерватор. Кој е Стерненко? Сергеј Стерненко, 30, е контроверзна личност во Украина. Некои го сметаат за симбол на украинскиот отпор, активист кој се посветил на помагање на армијата преку собирање средства од почетокот на војната. Други го обвинуваат дека е десничарски екстремист, кој претходно го водеше огранокот на Десниот сектор (Правји Сектор) во Одеса, украинско националистичко политичко и паравоено движење кое се појави во 2013-2014 година, за време на Евромајдан. Стерненко има повеќе од два милиони следбеници на YouTube и стотици илјади на Telegram, што го прави еден од најпознатите воени блогери во Украина. Тој преживеал најмалку четири обиди за атентат што им се припишуваат на Руси, вклучувајќи пукања и избодувања, што го направи уште попознат. Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко, исто така од Одеса, го обвини за промовирање ултранационалистичка и радикална линија што го нарушува имиџот на Украина на меѓународно ниво. Во мај 2018 година, Стерненко го избоде до смрт Иван Кузнецов во Одеса. Тој тврдеше дека тоа било самоодбрана откако бил нападнат од двајца мажи вооружени со ножеви додека се враќале дома од шопинг навечер. Во тепачка гради в гради, тој го убил едниот од напаѓачите, додека другиот избегал. Обвинителството во Одеса се обидело да го обвини за убиство со умисла, но во декември 2023 година случајот бил затворен, бидејќи била признаена самоодбрана. Гончаренко го обвинува и за насилството во Одеса на 2 мај 2014 година, кога 42 проруски активисти загинаа во пожар во Домот на синдикатите. Стерненко негираше директна вмешаност, велејќи дека наредил спасување на оние што биле заробени во зградата. Гончаренко го обвини и на Телеграм за нетранспарентно управување со пари собрани преку донации преку кампањи за купување беспилотни летала за армијата, имплицирајќи дека проневерил средства.Тагови: Володимир Зеленски Доњецк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лицаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „измама во службата“ и „перење пари“.Денеска (29.10.2026) од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени Наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и по една во Тетово и Куманово, при што лишени од слобода се осум лица, а при извршените претреси пронајдени и одземени се парични средства околу 50,000 евра и мобилни телефони. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д.Д.(60) од Скопје, О.Р.(66) од Тетово и С.Б.(59) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.5) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, Р.А.(45) од Куманово за „несовесно работење во службата“ (чл.353-в ст.3) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, З.А.(35) од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280) од Кривичниот законик, В.Ќ. (47) од Скопје, С.А.(40) од Скопје и Г.А.(33) од Р. Албанија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3) в.в (чл.45) и „измама во службата“ (чл.355) од Кривичниот законик, Ц.С.(47) од Скопје, Ж.С.(58) од Скопје и И.П.(49) од Скопје за „несовесно работење во службата“(чл.353-в ст.2) в.в (чл.45) од Кривичниот законик и против приватната здравствена установа од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.12) в.в (чл.22 и чл.45) од Кривичниот законик. Според наводите во пријавата, двајца тогашни директори на ФЗО во 2020 година, заедно со претставник на приватната здравствена установа, склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и интерни акти на Фондот. Претседателот на Управниот одбор се сомничи за неправилности при неговото одобрување. Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од Фондот и од пациентите. На пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од ФЗО. Пријавениот директор на Секторот за контрола се сомничи дека не ги доставувал извештаите за утврдените неправилности до надлежната комисија и го одлагал спроведувањето редовни контроли, со што се избегнувало изрекување дополнителни договорни казни и можно раскинување на договорот. Две раководителки на Подрачната служба Скопје се сомничат дека не ја следеле наплатата на веќе изречените казни и не ги известувале надлежните служби, поради што исплатите кон установата продолжувале без пребивање на долговите. Постојат и сомнежи дека средствата исплатени од ФЗО, за кои овластените лица во установата знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесувани во платниот промет, евидентирани на различни сметководствени конта и користени за плати, набавки и други исплати. Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаМицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услугиПретседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата.Претседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан состанок на премиер, министер за образование и претставници на владата со претставници од студентските парламенти на сите универзитети во државата и на којшто каде отворено се разговарало за студентскиот стандард и за проблемите. Притоа, од страна на премиерот бил даден предлог во однос на студентскиот оброк, за којшто студентите на нова средба ќе одговорат на понуденото. - Имаме чувство, но и делумни информации дека голем дел од корисниците на студентскиот оброк, средствата коишто ги добиваат на дебитните картички не ги користат токму за студентски оброк, туку ги користат за нешто друго. По промоцијата на новите услуги, М-Услуги, излеговме со еден предлог со министерката: наместо картички и сегашните 3,5 илјади денари месечно, бидејќи студентите добиваат по 140 денари за 6 дена во неделата, и тоа е речиси три ипол илјади денари месечно, ајде да направиме на ова апликација М-Услуги да додадеме М-Студентски оброк, со коишто вашите 3,5 илјади денари сега што ги добивате ќе вредат 4,5 илјади денари. И притоа ние, користејќи ја таа апликација, да обезбедиме список на ресторани, маркети, млечни ресторани итн. каде што вие навистина ќе можете користејќи ја таа апликација да купувате храна, бидејќи станува збор за студентски оброк. Да не се трошат за алкохол за цигари или некои други девијантни однесувања, го образложи премиерот Мицкоски предлогот до студентите. Обезбедениот попуст, според премиерот, не би важел само за овие пари, туку севкупно до крајот на месецот. - Откако вие и би го потрошиле тој студентски оброк, повторно би ви важел до крајот на месецот, ако некој ресторан, доколку обезбедиме 20-25% попуст, а вие сте го искористиле парите за вашиот студентски оброк до 15-ти во месецот, но и потоа на 20-ти со вашите колеги седнувате повторно на доручек, вие ќе го платите, но наместо да речеме 100 денари, ќе добиете попуст од 25%, и ќе го платите 75 денари. Ќе има внатре вградена вештачка интелигенција, ние сме про-дата центри, про-светски модерни текови, не сме против, тоа имаме и такви коишто се против слушнавме, така што со таа вештачка интелигенција којашто ќе биде вградена во таа апликација не ќе може тие пари да завршуваат на друго место, а ние како влада ќе си имаме однос со трговците коишто ви ги продаваат тие производи. Да не завршуваат парите за нешто за коешто не треба да завршуваат, ем вие да добиете покачување, ако е сега три и пол илјади, тие да вредат четири илјади, објасни Мицкоски додавајќи во одговорот на пратеничко прашање за студентскиот стандард дека ги очекува претставниците на студентските парламенти со одговор за да се почне со процедура за сето да се подготвува. Претседателот на владата, споделувајќи дека со студентите се согласиле дека се работи на подигнување на стандардот и со градбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза, потоа со градбите и реконструкциите на студентските домови Премиерот притоа откри и дека со претставниците на студентите од сите универзитети во Македонија се согласиле споредбено со 2022 година, сега во 2026 година студентскиот стандард е подобрен два пати, односно два спрема еден, дека се подобрува стандардот со тоа што се сложиле дека универзитетот Мајка Тереза се гради забрзани, дека се реконструираат и студентските домови со услови какви што имаат европските студенти, дека се надоместува се што минатата влада не го направи, а се ветуваше и студентски град, дека можеби денес сè уште студентите во Германија имаат подобар стандард, но таа разлика е намалена и дека тоа е суштината. Но, од друга страна, на средбата со студентските претставници било посочено и дека пред 20 години УКИМ беше подобро рангиран од денеска на Шангајската листа, откри Мицкоски којшто ги повикал студентите заедно да се работи, да се врати на тие места, со што студентите ќе имаат повеќе знаења, а тоа ќе донесе дополнителен имиџ и за самата држава, посочи Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши за гласањето во недела: Во Брвеница не треба да се гласа етнички туку за најдобриот кандидатНа изборите во Брвеница не треба да се гласа по етнички критериум, туку за најдобриот кандидат кој ќе ја реализира неговата изборна програма, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши. По денешниот брифинг со новинарите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11