КултураНа вработените во културата на сила им се даваат решенија спротивни на Колективниот договор На вработените во културата на сила им се даваат решенија спротивни на Колективниот договор и нема да ги прифатиме, вели Атанасовска. На вработените во културата на сила им се даваат изготвени поединечни акти и решенија, со кои се регулира правото на покачување на плата спротивно на нивната волја, бидејќи се спротивни на одредбите за плата во Колективниот договор за култура и Општиниот колективен договор за јавен сектор, изјави денеска претседателката на Синдикатот на културата, Вера Атанасовска. Според Атанасовска, со најавеното покачување на 10 проценти на плата во јавниот сектор, се врши обид кај вработените во културата ова покачување да биде времено - од септемвриска до февруарска плата, а од март ќе се работи по некои други правила. -На сите состаноци одржани во Министерството за култура, претставникот од министерството за финансии Тоше Паноски на почетокот ни ги нудеше 10 отсто покачување од ОКД како небаре милостина, со реторика ако потпишете анекс на колективниот договор ќе го добиете покачувањето ако не значи се откажувате, за да на вториот состанок затскриен позади заклучокот на Влада повторно го нудеше истото, за да на крајот се сведеме на тоа дека ова покачување на плата не треба да го гледаме како покачување, туку како еднократно право на плата кое важи до следното поповолно право од колективниот договор за култура, кое, не е на овој начин утрдено ниту со Колективниот договор за култура ниту со Општиот колективен договор за јавен сектор, рече Атанасовска. Таа додаде дека вработените во културата нема да прифатат такви изготвени решенија и постави прашање до министерката за култура дали на сила вработените ќе бидат принудени истите да ги примат, огласувајќи ги на огласна табла. -Не е јасно зошто Министерството за култура упорно се обидува да ја срочи содржината на поединечните акти/ решенија на начин како само ним им е замислен, иако истата треба недвосмислено да произлезе од содржината на двата колективни договори и да биде во согласност со начинот на пресметка утврден во истите. Па затоа му порачуваме на министерството да не врши притисок врз институциите и директорите и да остават решенијата да се изготвуваат без тендециозно инфилтрирање во содржината на истите ускратувајќи ги правата на вработените во културата, рече Атанасовска. Како што потенцира, до сега откако е потпишан Колективниот договор за култура ниту едно покачување на платата на вработените не поминало без одредени турбуленции и удари по вработените во културата. -Временото ограничување на правото од 10 проценти покачување до февруари 2024 година ќе ја издвои културата од другите дејности, како посебна дејност на која овие 10 проценти, според Министррството за финансии и се многу на и онака нивните “енормни плати”, додаде Атанасовска. Таа ги повика Министерството за култура и одговорните во останатите министерства на разумност, почитување на принципите на Колективните договори и колективното договарање. -Институциите од културата да ги повлечат овие по налог еднострано изготвени акти/решенија и примената на членот 14 од ОКД за јавен сектор да ја спроведат на начин утврден согласно Колективниот договор, со што ќе остане и ќе продолжи печатот на оваа администрација дека направила највеќе за вработените во културата во изминатите 30 години, даде Атанасовска. Претседател на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков денеска изјави дека со најавеното покачување на 10 проценти на плата во јавниот сектор, се врши обид кај вработените во културата ова покачување 10 проценти да биде времено, односно да биде со септемвриска плата до февруарска плата. Што значи, како што подвлече, од март ќе се работи по некои други правила. Како што додаде, ова е непринципиелно од Министерството за култура. -По предлог на владиниот записник од седница во септември, Министерството за култура изготви анекс на Колективниот договор којшто беше понуден на двата синдикати. Ние едногласно го отфрливме тој анекс и сега се прави обид преку директорите, преку издавање на нови решенија, преку притисок врз вработените, да се потпишат тие решенија. Содржината на тие решенија е соодветна на оној анекс на Колективен договор што беше отфрлен. На тој начин, се врши жесток притисок врз нашето членство, што воопшто не води кон принципите на добар социјален дијалог кој сме го имале и нема градење на взаемна самодоверба, рече Неделковски. Според Неделковски, со годишниот Колективен договор имаат многу поголеми права во однос на предлог анексот на Колективниот договор. -Се мисли на правото на плата, коешто е децидно кажано како е. Се мисли на дополнително регресот за годишен одмор, каде што сакаме да се уфрли со анексот да се зема доколку има средства обезбедени од државата. Практично не е така. И за јубилејните награди исто така се дава помало право во однос на тоа што го имаме. Значи, овој годишен Колективен договор што е во функција и се практикува, не може да се замени со ниту едно решение кое на сила сакаат да го донесат, додаде Неделковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЛишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветУкраински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во РусијаУкраина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат. 🇷🇺🎯🇺🇦 Украински дронове удариха през нощта „Нижнекамскнефтехим“ в Република Татарстан – един от най-големите нефтохимически комплекси в Руската федерация, собственост на холдинга СИБУР, и предизвикаха голям пожар в индустриалната зона на Нижнекамск. Кметът Радмир Беляев потвърди поражения по обекти в промишлената зона и в жилищен блок, без да назове предприятията, а трима души са ранени. Градът е на 1100–1200 км по права линия от украинската граница. Режимът на опасност от дронове беше въведен в целия Татарстан в 3:10 ч. московско време, а малко преди 4 ч. и конкретно за Нижнекамск и още 7 града. В 5:16 ч. Беляев обяви в Telegram: „Скъпи нижнекамци, моля ви да останете в укритията и да спазвате мерките за безопасност! В момента работи ПВО.“ Според данни на „АиФ Казань“ режимът е отменен в 8:20 ч. Министерството на отбраната обяви 533 свалени дрона в цялата страна през изминалата нощ и посочи Татарстан сред регионите, без отделно число за него. В 8:31 ч. кметът описа атаката като „масирана и продължителна“. По думите му щети са получили „обекти от промишлената зона“ и многоетажен жилищен блок, чиито обитатели са евакуирани, а „благодарение на бързата и добре координирана евакуация“ са избегнати човешки жертви. Министърът на здравеопазването на Република Татарстан Алмир Абашев съобщи за 3-ма ранени със средна тежест, предаде „Медиазона“. За евакуираните са открити два пункта за временно настаняване, а „Татенерго“ спря топлата вода в града до 20 ч. Около 7 ч. на гара Биклян в Нижнекамск се запали цистерна с етилбензол от отделно стоящ товарен влак, след като върху нея паднаха отломки от дрон. Куйбишевската железница обяви, че няма пострадали, като пожарът е потушен, а движението на влаковете е възстановено. Жителите описваха нощта в градските чатове в Telegram. Малко след 5 ч. започнаха съобщенията за много дронове над заводите и за поредица от експлозии, а около 6 ч. – за пожар и за линейки и пожарни, които се отправят към промишлената зона. Модератори изтриха видеата, а в един от водещите чатове напомниха, че снимането и публикуването на кадри от прелитане, сваляне или попадения на дронове е забранено. Украински мониторинг канали започнаха да споделят кадри от пожара в 5:46 ч. Нито руските власти, нито СИБУР назоваха засегнатото предприятие. Telegram каналът Exilenova+ спомена „Нижнекамскнефтехим“ като вероятния обект още в първата си публикация, а до същия извод след анализ на кадрите стигна и независимото руско издание ASTRA. Украинският канал Falconins сподели координати на зоната на поражение, които според OpenStreetMap попадат в площадката на комплекса. „Медиазона“ потвърди пожара по индикациите за топлинни аномалии в сателитната система за мониторинг на пожари (FIRMS) на NASA. Анализ на кадри, публикувани от Exilenova+, допуска, че под обстрел са били етиленовите мощности, без независимо потвърждение. Комплексът продължава да гори към 13:00 ч. Генералният щаб на Въоръжените сили на Украйна (ВСУ) не е обявявал удар по Нижнекамск. „Нижнекамскнефтехим“ е най-голямата производствена площадка за синтетичен каучук на СИБУР, водещата нефтохим компания в Русия. През 2025 г. комплексът е произвел 3 млн. тона стокова продукция, с 15% повече от 2024 г., според „Татар-информ“. По данни на СИБУР изопреновият каучук от Нижнекамск заема 42% от световния пазар. Заводът произвежда и бутилов, халобутилов и бутадиенов каучук, полимери, етилен, пропилен и бензол. Етиленовият комплекс ЭП-600 в Нижнекамск е достроен през декември 2024 г. и може да произвежда до 600 хил. тона етилен годишно, както и над 270 хил. тона пропилен и 245 хил. тона бензол. Така мощностите за етилен на предприятието се удвоиха, писа „Коммерсант“. От него по-нататък се произвеждат пластмаси на „Нижнекамскнефтехим“ и на съседния „Казаньоргсинтез“. Промишлената зона на Нижнекамск, където се намират още рафинериите ТАНЕКО на „Татнефт“ и ТАИФ-НК, беше нападана многократно през 2026 г. В атаката на 10 август загинаха 13 души, а руската служба на BBC я определи като един от най-смъртоносните удари в Русия от началото на войната по броя загинали. Тогава ASTRA също посочи като вероятна цел „Нижнекамскнефтехим“. На 13 септември генщабът обяви попадение по ТАНЕКО и пожар в един от резервоарите ѝ. Нижнекамск беше атакуван 4 дни след като Силите за специални операции (ССО) на Украйна обявиха трети удар по рафинерията на „Газпром нефт“ в Омск на 11 ноември. Това е най-големия завод за производство на нефт в Руската федерация, с годишен капацитет от над 21 млн. тона суров петрол, разположен на 2500 км по права линия от границите на Украйна. Губернаторът на Омска област Виталий Хоценко съобщи само за отломки от дронове. За разлика от рафинериите, които бяха ударени в последните няколко седмици, основната продукция на „Нижнекамскнефтехим“ не е гориво, а каучуците и пластмасите, използвани от шинната и химическата промишленост. По данни на СИБУР от продукцията на холдинга се прави всяка седма гума в Русия. Колко от тази верига е засегнал пожарът, ще покаже едва оценката на щетите: към обяд на 15 ноември властите говорят само за поражения по „обекти от промишлената зона“. 📰 Пълният анализ можете да откриете в моя блог: https://t.co/FhTejAmkYS — Frontline Monitor (@FrontlineMntr) November 15, 2026 Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМаж загина во пожар во барака во скопски ЖданецМаж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец. Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter