Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
1Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ЖивотНа Водици, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 вернициНа големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници.По повод големот христијански празник Богојавление, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани. Во денешната објава на манастирот, се замолуваат сите заинтересирани, кои сакаат да земат учество во овој чинот да се пријават кај надлежниот архимандрит, отец Доситеј на следниот телефонски број +389 70 342 970. -По објавата само денеска пријавени се над 100 верници, од повеќе градови на нашата држава. Можност имаат да се пријавуваат и следните денови. Очекуваме да има повеќе од двојно. На свечениот чин на полагање на светиот крст во водите на Радика, по традиција, ќе присуствуваат претставници на општина Маврово и Ростуше, како и жители од долнореканските села, рече за МИА архимандрит Доситеј. Според отецот, многу е важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест. - Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот, додава отец Доситеј. Што се однесува до богослужбите, по повод овој голем празник, утре, 17 јануари, во 6:30 часот ќе биде одржана утрена богослужба, во 8 часот Царски часови со изобразителна за Светото Богојавление (според црковниот типик овој ден не се служи Божествена Литургија), во 16:00 Вечерна богослужба, додека од 23 до 4 часот Традиционално реканско сеноќно бдение со Архиерејска Божествена Литургија, на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј. - На 18 јануари, сабота, од 4 до 4:30 часот Богојавленски Голем водосвет во манастирската фијала а во 19 часот празнична вечерна богослужба. На 19 јануари, на денот на празникот, во 8 часот, по традиција ќе биде одржана Божествена Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во село Ростуше, на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј од каде во 9:30 часот ќе тргне торжествената Литија до „Ростушки мост“, каде ќе биде полагање на Крстот во реката Радика,. Вечерта во 19 часот ќе почне вечерна богослужба во чест на Свети Јован, додека во понеделник кога се слави соборот на Свети Јован Крстител, во 6:30 Утрена и Божествена Литургија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната годинаИзградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година.Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Прилеп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаЦената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тонСветот „во трка“ по бакар. Цената руши рекорди, па на Лонодонската берза за метали достигна историски максимум од 14.912 долари за тон. Причината е растечката побарувачка, но и стравувањата дека новото производство нема да може доволно брзо да го следи растот. Според долгорочните проценки, светската побарувачка за бакар може да надмине 50 милиони тони годишно до 2050 година, од околу 34 милиони тони денес. Македонија има бакар – но сè уште нема јасен одговор дали може да го искористи потенцијалот кој е под земја, без да ја загрози животната средина. Најголемиот потенцијал го има Иловица, но неизвесноста околу реалзиацијата на проектот продолжува. Дел од жителите на Иловица организирани преку иницијативата „И Здравје и Работа“ даваат поддршка. Дел од неа е и Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, кој за Канал 5 вели дека има начин како да имаме финансиски бенефит како држава и да ја заштитиме животната средина, ако се почитуваат светските еколошки стандарди. -Ние граѓаните, мнозинството од двете населени места, па можам да кажам и општина Босилово и регионот и граѓаните од таму со кои комуницираме, сме „за“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Имаше неколкумина кои беа противници на отворањето со напомената дека со рудникот ќе се загрозат животната средина, воздухот, почвата, меѓутоа, со најсовремена европска и светска технологија имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде. - Никола Стаменов – Иницијатива „И здравје и работа“ Бакарот е неопходен за електричните мрежи, обновливите извори на енергија, електричните возила, но и за изградбата на центри за податоци кои се потребни за развојот на вештачката интелигенција. Поради ова, побарувачката расте, а отворањето нови рудници трае со години. Дополнителен притисок на пазарот периодов создаваат и САД, каде поради очекувањата за царини се пренасочуваат големи количества физички бакар кон американскиот пазар, а тоа ја намалува достапноста на металот на другите пазари. Каја нас, бакар веќе се експлоатира во Бучим, каде годишно се преработуваат повеќе од 4,5 милиони тони руда, но Иловица-Штука според проценките би произведувала околу 16 илјади тони бакар годишно, во период од околу 20 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИстиот познат вкус, со освежен изгледСкопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско муралСо одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО. Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа. Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување. За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter