БалканНа Веља Невоља му е продолжен притворот, двајца членови на бандата си одат домаНа Вељко Беливук и на повеќето членови на неговата банда, обвинети за пет брутални убиства и други кривични дела им е одреден притвор, соопшти денеска Вишиот суд во Белград.Двајца обвинети ќе излезат од притвор - Слаѓана Секулиќ и Никола Стефановиќ, на кои им е одреден домашен притвор, јавува Крик. Беливук, неговата десна рака Марко Миљковиќ и уште 23 обвинети членови на криминалната група остануваат во притвор. Кога судот последен пат му го продолжил притворот, во август годинава, од притвор беа ослободени тројца обвинети кои кажаа детали за кривичните дела кои ги товари групата во текот на истрагата. Бојан Хрватин, кој открил детали за киднапирањата и убиствата, Владимир Димитријевиќ, кој зборувал за дилерството на дрога и Воислав Ѓорѓевиќ, кој ја опишал тортурата на еден млад човек во кафуле на стадионот на Партизан. Слаѓана Секулиќ и Никола Стефановиќ ќе добијат куќен притвор со наногица. Секулиќ е обвинета дека како член на групата учествувала во трговијата со дрога, како и дека нејзе и нејзиниот сопруг Владо Георгијев, Беливук им ја дал куќата во близина на Лозница, каде што чувал и тестирал оружје. Георгијев и Секулиќ се обвинети и дека го информирале Беливук за присуството на полицијата во околината на стадионот на Партизан. Никола Стефановиќ набавувал и одржувал автомобили за Беливук и Миљковиќ, меѓу кои и блиндирано „ауди“, велат од обвинителството. Да потсетиме, Беливук и неговата група се обвинети за пет убиства, киднапирања, силувања, трговија со дрога и нелегално поседување оружје. Обвинението е потврдено и судењето треба да започне наскоро. Беливук и неговите соработници, тврди обвинителството, формирале криминална група која убила пет мажи во 2019 и 2020 година - Лазар Вукичевиќ, Здравко Радојевиќ, Александар Глигоријевиќ - Пуки, Горан Величковиќ познат како Гокси и Милан Љепоја. Обвинителството тврди дека обвинетите ги намамиле жртвите во куќа во белградската населба Ритопек и таму ги убиле. Телата биле отстранети така што ги сечеле, ги мелеле во машина за мелење месо, а потоа во вреќи ги носеле до реката и ги фрлале. Клучен доказ на обвинителството се фотографиите на убиените и измачуваните жртви кои ги разменувале обвинетите, како и експлицитните пораки со детали за убиствата. Членовите на криминалната група се чувствувале безбедно бидејќи меѓусебно комуницирале преку специјални „небесни“ телефони за тајна комуникација. Оваа информација до српското обвинителство ја доставила француската полиција која успеала да ја пробие заштитената комуникација. Покрај горенаведеното, важен доказ за обвинителството е и сведочењето на членот на групата Бојан Хрватин, кој станал покајнички сведок. Хрватин учествувал во некои од убиствата и детално му опишал на обвинителството како се извршени. Мотивот за убиствата е одмазда, соопштило обвинителството. Групата на Беливук била дел од кавачкиот криминален клан, кој со години е во конфликт со ривалскиот шкаљарски клан. Во оваа кланска војна, која избувна поради договорот за кокаин, се убиени повеќе од 50 луѓе, а убиствата со текот на времето станале понасилни. Обвинителството, сепак, во обвинението не го споменува кланот Кавачки или Шкалјарски, ниту дека групата на Беливук била формирана и била активна многу пред 2019 година, која година ја преземаат за да ја започнат својата истрага, пишува Крик. Тие не ги испитувале длабоките врски што кланот на Беливук ги имал во државата, во полицијата, но и во политичките структури што му овозможиле на Беливук да стане толку силен. Неговиот клан, меѓу другото, бил близок со генералниот секретар на Владата Новак Недиќ, но и со поранешната државна секретарка во МВР Дијана Хркаловиќ. Овие врски никогаш не биле испитани, заклучува Крик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 15 степени Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, 10 Прилеп, Битола, Претор, Тетово, Зајчев Рид, Велес, Скопје Петровец, Охрид, 11 Кавадарци, Демир Капија, Штип, 12 Виница, Берово, 15 Струмица, 16 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 19 Ѓуриште, 12 Кавадарци, 9 Виница, Попова Шапка, Велес, 8 Битола, Крива Паланка, 7 Струмица, Берово, 6 Маврови Анови, Претор, Демир Капија, 5 Зајчев Рид, Штип, 4 Крушево, Тетово, Прилеп, Гевгелија, 3 Лазарополе, 2 Скопје Петровец, Охрид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаЃорѓиевски: Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Денеска одржавме состанок со претставници на ГРЕКО, посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво. Како претседател на ЗЕЛС, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за одговорно управување со јавните средства. Нашата определба е општини што работат транспарентно, чесно и во интерес на граѓаните!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран објави снимка од нуклеарна експлозија и упатства за граѓаните како да се заштитатИранските државни медиуми објавија осумминутно видео кое содржи упатства за граѓаните како да преживеат нуклеарен напад.Снимката објаснува како да се заштитите од експлозија, како да најдете засолниште и како да избегнете изложеност на радиоактивни материи. Видеото е објавено во време на зголемени тензии меѓу Иран, САД и Израел. Иранската државна новинска агенција ИРНА го објави видеото на 29 октомври, како дел од Националната недела на цивилна заштита. Упатствата се подготвени од службите за итни случаи во провинцијата Исфахан, каде што се наоѓа иранскиот нуклеарен објект Натанц. Објаснување за граѓаните како да преживеат нуклеарна експлозија Во видеото се предупредуваат граѓаните да не гледаат директно во блесокот од нуклеарна експлозија. Доколку се затекнат на отворен простор, треба да побараат заштита зад цврста пречка, да легнат на земја и да си ги заштитат главата и лицето. Откако ќе помине ударниот бран, се советува што побрзо да влезат во најблискиот цврст објект – најдобро во подрум или во просторија во центарот на градбата – притоа држејќи се што подалеку од прозорците и надворешните ѕидови. Исто така, се советува граѓаните да ги затворат сите врати и прозорци, како и да ги исклучат клима-уредите и системите за вентилација што вовлекуваат воздух однадвор. Се препорачува престој во засолништето најмалку 24 часа Во случај на можна изложеност на радиоактивни честички, граѓаните треба внимателно да ја соблечат горната облека, да ја стават во затворена кеса и да се измијат со млака вода и сапун. Иранските служби, исто така, советуваат користење на флаширана вода и спакувана храна. Граѓаните треба да останат во засолништето најмалку 24 часа и да ги следат официјалните известувања пред да излезат. Упатствата се објавени во рамките на иранската Недела на цивилна заштита, која се одбележува со години. Сепак, ваквата детална јавна подготовка за можна нуклеарна експлозија привлече внимание поради моменталните односи меѓу Техеран и Вашингтон. Такер Карлсон тврди дека Трамп размислува за нуклеарен напад Објавувањето на видеото предизвика дополнително внимание откако американскиот конзервативен коментатор Такер Карлсон изјави дека претседателот Доналд Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран во текот на следните неколку дена. Карлсон на социјалната мрежа „X“ напиша дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно врши притисок врз Трамп да го нападне подземниот комплекс познат како „Планина Пикекс“, кој се наоѓа недалеку од нуклеарниот објект во Натанц. Според Карлсон, израелските разузнавачки служби сметаат дека Иран таму повторно го започнал процесот на збогатување ураниум. Тој исто така тврди дека конвенционалното американско оружје не е во состојба да ги уништи длабоко вкопаните тунели. Карлсон не понуди никакви независно проверливи докази за своите тврдења дека се подготвува нуклеарен напад. Ниту американските, ниту израелските власти не потврдија дека се размислува за таков напад. Трамп претходно ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Американскиот претседател претходно зборуваше за можноста за нови напади врз иранските нуклеарни постројки, вклучително и „Планина Пикекс“, но јавно ја отфрли употребата на нуклеарно оружје. Во интервју за „Newsmax“ кон средината на октомври, тој изјави дека на САД не им е потребно да користат нуклеарно оружје против Иран. Тврдењата на Карлсон предизвикаа бројни реакции во американската јавност, но засега нема потврда дека Вашингтон подготвува нуклеарен напад. Иранските власти официјално не го поврзаа објавувањето на безбедносните упатства со конкретна закана од страна на САД. Видеото е дел од програмата за цивилна заштита, а самото негово објавување не значи дека иранските служби имаат сознанија за претстоен нуклеарен напад. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00