БалканНа вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лицаВчерашниот протест во Атина организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, беше еден од помасовните во изминатите години.Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба, јави дописничката на МИА од Атина. Откако во јавноста излегоа нови информации за несреќата од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, во сите грчки градови се одржаа протести, а најмасовни беа во Солун и Атина, каде што, како што соопштија од грчката полиција, учествуваа по околу 30.000 граѓани. По завршување на официјалниот и во двата града имаше инциденти, откако помали групи ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Според грчката полиција, во Солун, група од колку 30 маскирани лица се одвоиле од демонстрантите и ги нападнале полицајците со предмети и молотови коктели, при што биле приведени 23 лица, додека во Атина, околу 50 лица, исто така се одвоиле и ја искористиле толпата за прикривање, напаѓајќи ја полицијата со предмети и молотови коктели и 12 лица биле приведени, еден уапсен, а четворица полицајци биле повредени. Во Атина, како што вчера објави МИА, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден беше фоторепортер. Од Асоцијацијата на фоторепортери на Грција (ЕФЕ) и од Асоцијацијата на странски дописници (ФПА) со соопштенија го осудија полициското насилство врз нивниот член Мариос Лолос, кој воедно е и поранешен претседател на ФПА. Вчерашниот протест во Атина организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, беше еден од помасовните во изминатите години. Во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во близина на месноста Темпи во централна Грција при директен судир на товарен и патнички воз кои се движеле на иста шина, животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот дел студенти, а според извештајот на експертот ангажиран од семејствата на жртвите Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што предизвикала недостаток на кислород. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ФудбалСимеоне се расплака додека зборуваше за Меси: Видете го, има 39 години (ВИДЕО)Аргентина е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, тие ја победија Англија со 2:1 по голем пресврт во самата завршница. Англичаните водеа со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Две асистенции забележа легендарниот Лионел Меси. Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои својата втора последователна и четврта титула во целост. Натпреварот е закажан за недела, 19 јули во 21 часот. Франција и Англија играат за третото место еден ден порано во 23 часот. По натпреварот, Џулијано Симеоне (23), десниот играч за врска на Аргентина, му се поклони на Меси. Низ солзи, тој проговори за медиумите: „Меси има 39 години, постигна сè што еден фудбалер може да сонува и и покрај ова, тој сè уште се бори како најдобар. Значи, на сите нас ни преостанува само едно. Да дадеме сè што имаме и да трчаме за него и Аргентина.“ Меси е одличен на Светското првенство. Во седум натпревари, постигна осум гола и асистира за четири. Giuliano Simeone becomes emotional speaking about Lionel Messi following Argentina’s World Cup semi-final win over England by u/JorSimpson45 in soccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
БалканВучиќ: Само јас не ја потпишав заедничката декларација во Киев-Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот..Србија беше единствената земја на Самитот Украина–Југоисточна Европа во Киев што не ја потпиша заедничката декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и за засилување на притисокот врз Русија.. -Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот.. Србија не сака да се приклучи на воената поддршка за Киев и на политиката за дополнително економско изолирање на Москва, појасни Вучиќ, посочувајќи дека ја поддржува европската интеграција на Украина и ја признава нејзината територијална целосност. Документот го потпишаа претставници на Украина, Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Во киевската декларација руската инвазија е осудена како незаконска и неоправдана агресија, а од Москва се бара целосно и безусловно да ги повлече своите сили од целата меѓународно признаена територија на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Европа200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Џенова во која загинаа 43 лица Поранешниот директор на италијанската компанија за управување со автопати „Аутостраде пер л'Италија“, Џовани Кастелучи, е осуден на 12 години затвор за уривањето на мостот Моранди во Џенова во 2018 година, во кое загинаа 43 лица. Обвинителите бараа многу подолга казна за него, објави Би-Би-Си. Кастелучи беше еден од 57-те обвинети на судење во Џенова. Тој веќе отслужува шестгодишна затворска казна за сообраќајна несреќа во 2013 година. Друг висок функционер на компанијата, Микеле Донфери Мители, беше осуден на 11 години затвор. Мостот се урна за време на силен дожд во средината на туристичката сезона, а автомобили и камиони паднаа од висина на земја. Емануел Дијаз, чиј брат Хенри загина во несреќата, за италијанската телевизија изјави дека е „многу задоволен“ од пресудата. Егле Посети, која ги загуби сестра си и семејството во уривањето, верува дека 12-годишната казна што му е изречена на Кастелучи е „прифатлива“. Новиот директор се извини Сегашниот извршен директор на „Аутостраде“, Ариго Џана, денес издаде јавно извинување во отворено писмо објавено во еден голем италијански дневен весник. „Дејствијата и одлуките на некои луѓе оставија неизбришливи лузни“, напиша Џана, кој дојде на чело на „Аутостраде“ минатата година. „Денес да се издаде извинување кое тогаш не беше изречено е морална обврска за нас што оди подалеку од утврдувањето на правната одговорност и текот на правдата според вистината“, додаде тој. „Аутостраде“ и нејзината подружница претходно постигнаа договор за корпоративна одговорност. Тие платија околу 30 милиони евра финансиски казни. Ова им овозможи на компаниите да избегнат судење како корпоративни обвинети и можни построги санкции, вклучително и исклучување од јавни договори. Новиот мост, дизајниран од италијанскиот архитект Ренцо Пијано, роден во Џенова, беше отворен во 2020 година.Тагови: Џенова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08