На „условна слобода“ е пуштен волкот, кој изгриза жена во Хамбург- ќе го надгледуваат експерти - Канал 5

На „условна слобода“ е пуштен волкот, кој изгриза жена во Хамбург- ќе го надгледуваат експерти

Волк фатен откако нападна жена во германскиот град Хамбург е вратен во дивината со уред за следење, соопштија локалните власти, опишувајќи ја постапката како „условно ослободување“.

На „условна слобода“ е пуштен волкот, кој изгриза жена во Хамбург- ќе го надгледуваат експерти

Младиот мажјак е опремен со предавател и пуштен во неделата откако бил згрижен во центар за диви животни во Долна Саксонија, според Дојче Веле.

Членката на еколошкиот совет на Хамбург, Катарина Фегебанк, изјави дека мерката воспоставила рамнотежа помеѓу јавната безбедност и заштитата на животните, нарекувајќи ја „условно ослободување“.

Службениците додадоа дека движењата на животното ќе бидат постојано следени, дозволувајќи им на ловџиите да реагираат доколку повторно се приближи до населени места.

Волкот бил забележан во западен Хамбург кон крајот на март кога каснал 65-годишна жена.

Повредите, вклучувајќи рани на образот и устата, барале конци, но не биле опасни по живот, објави Билд. Потоа животното избегало низ градот, но на крајот било фатено од властите.

Волкот се наоѓа во паркот за диви животни Клевенштајн во Ризен, а неговата судбина ќе биде одлучена во наредните денови. Експертите истакнаа дека ова е прв документиран напад на волк врз човек во Германија.

Според експертите, волкот веројатно бил избркан од глутницата и бара нова територија, поради што е виден во различни делови на Хамбург во последните денови, вклучително и во близина на училиште и приватна градина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алексеј Покушевски повеќе не е кошаркар на Партизан

Српскиот кошаркар Алексеј Покушевски повеќе не е член на Партизан, соопшти белградскиот клуб. 

Алексеј Покушевски повеќе не е кошаркар на Партизан

„Во предвидениот рок, клубот одлучи да не ја активира дополнителната година од договорот, со што поранешниот заменик-капитен стана слободен да избере нова средина. Поку, твојот Партизан ти посакува многу среќа и успех во продолжението на кариерата“, се наведува во соопштението на „црно-белите“.

Покушевски има 24 години, а пред доаѓањето во Партизан настапуваше за Олимпијакос, по што беше избран како 17-ти пик на НБА-драфтот и кариерата ја продолжи во Оклахома Сити Тандер. Тој помина две сезони во дресот на Партизан, при што ги освои АБА-лигата и титулата шампион на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Чест е моја, денес да бидам домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму и на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Во името на Град Скопје, на претседателката на Индија ѝ посакав срдечно добредојде во нашиот град.

На овој свечен настан во Музејот на град Скопје, со поставувањето на бистата на Махатма Ганди, Скопје добива траен потсетник на вредностите што тој ги застапуваше - мирот, ненасилството, слободата, вистината и моралната храброст.

Неговото наследство нè потсетува дека најголемите промени започнуваат со почитта кон човекот и со уверувањето дека дијалогот секогаш е посилен од поделбите.

Овој чин има особено силна симболика токму во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза.

Иако нивните мисии биле различни, Махатма Ганди и Мајка Тереза ги обединува една универзална порака дека човечноста, љубовта, сочувството и грижата за другиот се најголемата сила што ја поседуваме.

Скопје е град кој длабоко ја познава вредноста на солидарноста.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, нашиот град ја почувствува подадената рака од целиот свет.

Токму затоа денес продолжуваме да градиме мостови на пријателство, меѓусебна почит и соработка меѓу народите.

Силно верувам дека овој значаен настан ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на пријателството меѓу Македонија и Индија и кон отворање нови можности за соработка во културата, образованието, науката и поврзувањето на нашите народи.

Нека ова спомен-обележје биде траен симбол на вредностите што нè обединуваат и порака дека мирот, човечноста и пријателството немаат граници.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

 Генерал-мајорот Михајло Драпатиј го потврди своето назначување за врховен командант на Вооружените сили на Украина, што вчера го објави претседателот Володимир Зеленски.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

„Му благодарам на претседателот на Украина за укажаната доверба, на министерот за одбрана за поддршката и на Одбранбените сили за новата фаза од службата“, напиша Драпатиј.

Тој истакна дека служењето на Украина за него отсекогаш претставувало чест и дека за време на војната за независност тоа значело „апсолутна одговорност“.

„Му благодарам на врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, за неговата доследна работа на зајакнувањето на украинската војска. Јас израснав во неа“, напиша Драпати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер