Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
1Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
2Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
3Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
МакедонијаНа универзитетите почна новата студиска година - прв академски час за околу 13 илјади бруцошиНови почетоци, нови амбиции, но и прашање кое за многумина е клучно во годините што претстојат – што ќе им донесе академскиот живот? На платото на УКИМ свечено беше означен почетокот на новата академска година, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование Весна Јаневска. За бруцошите – пораки за знаење, истрајност и искористување на можностите што ги носат студентските години. Но, покрај факултетот, испитите и дипломата, бруцошите и годинава се исправени пред важен предизвик – дали својата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа. Дали по завршувањето на студиите планирате да останете во Македонија или би заминале во странство? На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Неговата порака до бруцошите – каде и да ги однесе образованието и животот, да се вратат дома. „Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму далеку од овде е подобро и дека таму е сѐ поинаку отколку тука дома.Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. / Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот.“ – Христијан Мицкоски. Околу 13 илјади бруцоши денеска го започнаа своето високо образование на универзитетите низ земјава, отворајќи ново поглавје во своето образование. Тагови: студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
БалканПротест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“. Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг. На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“. Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти. Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаЕпилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровериНе само во Македонија, членовите на организираната криминална група која вчера беше разбиена во Прилеп, имале нелегални активности и во Грција на Халкидики, а еден од нив бил и бегалец од куќен притвор во Шпанија.Министерот за внатрешни работи Тошковски во гостување на Радио Лидер откри дека повеке од една година работеле на овој случај кој резултира со над 20 кривични пријави, меѓу кои и полицајци кои и помагале во криминалните дејствија на групата. Најави дека и понатаму ќе се истражуваат активностите и документите кои се поврзуваат со оваа група која се поврзува со наркотици. пронајдени се околу 130 илјади евра готовина, запленети се десетина возила, меѓу кои и луксузни автомобили масерати и ленд ровери, а постојат сомнежи и за фалсификување на документи и перење пари.. целата шема функционирала над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
ЗдравјеКлековски: Современа терапија за 126 пациенти со цистична фиброзаДецата од две до 12 години со цистична фиброза се вклучени на терапија и имаат одлични резултати. Вкупно има 79 деца, додека седум деца не се бидејќи имаат одредени мутации за што лекот не може да помогне.Најважно е што за сите пациенти има лекови и нема на листа на чекање, објасни министерот за здравство Сашо Клековски. Од 2027 година на листата за лекување на цистична фиброза ќе има нови лек што треба да им помогне на сите пацинети кои имаат гентески мутации. По објавувањето на ревизорскиот извшетај со забелешки за системот „Мој Термин“ што во периодот од 2021 до 2026 година, од вкупно 1.945 дена, системот „Мој Термин“ поминал дури 737 дена без активен договор. Министерот Клековски објасни дека побарал да се видат сите недостатоци и ќе реагираат за тоа која фирма ќе продолжи да работи. Конечниот извештај на ревизорите открива дека државното здравство се потпира на застарена опрема, додека листите на чекање за хируршки интервенции се манипулираат со упати без термин, оставајќи илјадници пациенти во неизвесност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45