На Унгарија ѝ е отворен патот до претходно блокираните милијарди евра од ЕУ - Канал 5

На Унгарија ѝ е отворен патот до претходно блокираните милијарди евра од ЕУ

Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ го одобрија новиот унгарски национален план за закрепнување и отпорност, кој отвора можност за пристап до претходно блокирани средства во износ од 10 милијарди евра.

На Унгарија ѝ е отворен патот до претходно блокираните милијарди евра од ЕУ

Средствата беа блокирани поради сериозни и систематски прекршувања на владеењето на правото за време на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Новата унгарска влада на премиерот Петер Маѓар поднесе изменет предлог за Националниот план за закрепнување и отпорност, кој беше одобрен денес.

Од Механизмот за закрепнување и отпорност, Унгарија има право на 10 милијарди евра, од кои 6,5 милијарди евра се грантови, а 3,5 милијарди меки заеми.

10 милијарди евра

Советот денес одобри нов План за закрепнување и отпорност (ППО) за Унгарија. Новиот план треба да овозможи исплата на 10 милијарди евра на Унгарија, што се состои од околу 6,5 милијарди евра грантови и околу 3,5 милијарди евра заеми.

Советот на ЕУ наведува дека изменетиот унгарски план за закрепнување и отпорност ќе обезбеди заштита на финансиските интереси на Унијата, ќе ја зајакне унгарската антикорупциска рамка, ќе ја зголеми транспарентноста на јавните ресурси и јавните набавки и ќе го подобри вклучувањето на засегнатите страни и социјалните партнери во законодавниот процес. Новиот план, исто така, вклучува мерки за зајакнување на независноста на судството и владеењето на правото во Унгарија.

Плаќањата од Механизмот за закрепнување и отпорност се насочени кон цел, што значи дека Комисијата исплаќа износи на секоја земја само кога ќе ги исполнат договорените клучни цели и задачи за завршување на реформите и инвестициите вклучени во нивниот план.

Унгарија има многу малку време да ги повлече средствата блокирани досега. Рокот до кој членовите мора да ги спроведат сите реформи и инвестиции и да ги исполнат сите поставени цели и клучни фази е 31 август, 30 септември е крајниот рок за поднесување на конечни барања за плаќања, а крајниот рок за плаќања е 31 декември оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје.

Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба.

Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските.

На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам.

Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага.

-Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата.

Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер