На улица Македонија новогодишен базар „Подари среќа“ - Канал 5

На улица Македонија новогодишен базар „Подари среќа“

Градот Скопје и Конгресниот центар „Александар Македонски“ и оваа година подготвија интересна содржина за жителите и посетителите на Скопје, каде од 24-ти декември на улица „Македонија“, под мотото „Подари среќа“ ќе се Новогодишниот базар. Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе им понуди на граѓаните и богата музичка програма.

На улица Македонија новогодишен базар „Подари среќа“


“Подари среќа” ќе биде место каде сите посетители ќе можат да купат интересни подароци за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколади и многу други производи. Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки чии средства ќе се донираат во СОС Детско село, а при тоа ќе се присетат и на традицијата на испраќање на новогодишни честитки, за чија цел е “резервирано” поштенското сандаче на Македонски Пошти, лоцирано во Ристиќева Палата. Во склоп на програмата, оваа година традиционално ќе се одржии Дедомразовската трка на 25-ти декември со почеток во 12.00 часот.

За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот. Истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведба на претставата на Брашко, дружба со Петко но и детско воодушевување преку изведбите на волшебниот настап на магионичарот Кристијан.

Музичката програма во попладневните часови започнува со новогодишни попладневни (after-work) забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи.

ПРОГРАМА:

Сабота 24.12.2016

- 10.00 Пристигнување на Дедомразовци
- 10.30 Свечено отворање на Базарот
- 10.30 Новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица
- 11.00 Дружење со Петко
- 11.30 Настап на Поточиња
- 12.00 Детски игри (Не лути се човече, Сложувалки, Хулахопи)
- 12.30 Christmas mix со City Radio
- 17.00 Настап на детски хор Фалсето
- 18.30 Back Door Band
- 20.30 Sarah Mace

Недела 25.12.2016

- 10.00 Детски игри
- 10.30 Новогодишна парада
- 10.30 Зумба со Дедомразовци
- 12.00 Дедомразовска трка
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 17.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 17.30 Настап на пензионерски хор
- 18.00 Brass Brothers
- 20.00 Dj Branchez

Понеделник 26.12.2016

- 10.00 Новогодишна парада
- 10.30 Претстава „Брашко“
- 11.00 Детски игри
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица
- 16.30 Beta House Band
- 18.30 Dj Синиша

Вторник 27.12.2016

- 10.00 Новогодишна парада
- 10.30 Дружење со Петко
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 16.30 Мандолински оркестар
- 17.30 Настап на пензионерски хор „Елегија“
- 18.30 Градски дувачки оркестар
- 20.30 Dj Синиша

Среда 28.12.2016

- 10.00 Претстава „Брашко“
- 10.30 Детски игри
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 16.30 ContruDj
- 18.30 Dj Dela

Четврток 29.12.2016

- 10.00 Новогодишна парада
- 10.30 Детски игри
- 12.30 Настап на Златно Славејче
- 13.00 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 16.30 Eye Que
- 18.30 Дамјан Пејчиновски
- 20.30 Dj Bobi

Петок 30.12.2016

- 10.00 Настап на Новогодишен оркестар
- 10.30 Детски игри
- 13.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 13.30 Christmas mix со City Radio
- 16.00 Настап на пензионерски хор
- 16.30 Тајфата на Коки
- 18.00 Тамбураши
- 20.00 Тумбао Салса Бенд
- 22.00 Dj Mats

Сабота 31.12.2016

- 10.00 Претстава „Брашко“
- 10.30 Детски игри
- 10.30 Магично шоу со Кристијан
- 11.00 Новогодишна парада и дефиле на Снежна кралица
- 11.30 Дедо Мраз се приклучува на парадата
- 12.00 Дружење со Дедо Мраз и неговите помошници
- 12.30 Christmas mix со City Radio

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарноста

Американците кои патуваат за утрешната прослава на Денот на благодарноста ќе се соочат не само со лоши временски прогнози, туку и со високи цени на горивото – последица од војната во Иран.

Рекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарноста

Проценките на „GasBuddy“ покажуваат дека во текот на петдневниот празничен период, кој завршува во недела, возачите ќе потрошат приближно 980 милиони долари повеќе за гориво отколку минатата година. Како резултат на тоа, овогодинешниот Ден на благодарноста би можел да го надмине рекордот поставен за време на администрацијата на Бајден, станувајќи најскапиот во историјата во однос на трошоците за гориво, пренесува Си-Ен-Ен.

Значително повисоки цени на горивото

Во вторникот, националната просечна цена за галон обичен бензин изнесуваше 3,62 долари. Ова е значително повисоко од 3,03 долари, колку што беше забележано минатата година, и малку го надминува претходниот рекорд од 3,59 долари, поставен пред четири години по руската инвазија врз Украина.

Сепак, има и добри вести: цените на горивото нагло паднаа во последните недели. Анализата на податоците од ААА, спроведена од Си-Ен-Ен, покажува дека просечната цена на бензинот паднала за 56 центи во текот на првите 24 дена од ноември – што претставува најголем пад некогаш забележан за овој период.

„Никој сè уште не треба да отвора шампањ“, изјави Патрик Де Хан, раководител за анализа на нафтениот пазар во „GasBuddy“. „Во секоја поединечна сојузна држава, луѓето сè уште трошат повеќе за гориво отколку минатата година – дури и во државите што привремено ги укинаа даноците на горивото.“

Овие невообичаено високи цени можеби ќе одвратат дел од Американците од патување. „ААА“ предвидува дека 72,9 милиони луѓе ќе патуваат со автомобил, што претставува благ пад во споредба со 73,1 милион луѓе минатата година. Во соопштение, „ААА“ објаснува дека овој пад од 200.000 патници делумно се должи на рекордно високите цени на горивото, при што се напоменува дека во текот на август, септември и октомври на бензинските пумпи биле забележани нови месечни рекорди.

Неодамнешен пад

Иако цените остануваат блиску до историски највисоките нивоа, Белата куќа го истакнува неодамнешниот пад како свој успех. „Токму како што предвиде претседателот Доналд Џ. Трамп, цените на горивата паѓаат, а американските семејства добиваат олеснување токму навреме за Денот на благодарноста“, соопшти Белата куќа во вторникот.

Ситуацијата навистина е подобра отколку што беше пред неколку месеци. Според проценките на „GasBuddy“, Американците заштедуваат 1,3 милијарди долари на гориво во споредба со минатиот месец.

Постојат неколку клучни причини за овој пад. Цените на нафтата паднаа бидејќи конфликтот поврзан со Иран не ескалираше до степенот од кој се стравуваше. Оперативните проблеми во рафинериите, кои се појавија оваа есен, се главно решени, а побарувачката за бензин бележи сезонски пад како што деновите стануваат пократки.

Факторот Иран

И покрај падот, цените на горивата остануваат многу високи за овој период од годината. Според проценките на Универзитетот „Браун“, Американците потрошиле дополнителни 165 милијарди долари на бензин и дизел откако кон крајот на февруари започна конфликтот поврзан со Иран – што изнесува речиси 1.300 долари по домаќинство. Главната непозната за понатамошниот развој на ситуацијата останува конфликтот во Иран. Трговците со енергенси очекуваа продолжување на отворените конфликти по изборите на средината на мандатот, но тоа досега не се случи. Сепак, „JPMorgan Chase“ во вторникот ги информираше своите клиенти дека воената ескалација е најголемиот ризик на кој треба да се внимава по изборите. Оваа банка од Волстрит предупредува дека ескалација би можела да се случи уште следниот месец, што би предизвикало остар скок на цените на нафтата. Од „JPMorgan“ проценуваат дека овој скок веројатно би бил од краткотраен карактер, но само под услов ескалацијата да не трае долго и во неа да не бидат вклучени копнени сили.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“

Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ  видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. 

Видео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“

Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма.

Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите.

Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна.

По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи:

„Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. 

О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден

Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар.

„Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето.

Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер