ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
НБАНа тренинг на Бруклин тепачка меѓу Телетовиќ и БлатшеСпоред информациите на ЕСПН на тренингот на НБА лигашот Бруклин имало физичка пресметка меѓу Босанецот Мирза Телетовиќ и неговиот соиграч Ендрју Блатше.Истиот извор тврди дека соиграчите за да ја запрат тепачката морале да ги разделуваат Телетовиќ и Блатше . Интересно тренерот на Бруклин легендарниот Џејсон Кид не гледа ништо лошо во оваа тепачка. -Тоа е добра работа . Тоа е конкуренција . вакви работи се неизбежни во тим кој се натпреварува на високо ниво, изјави Кид . Слично размислува и најдобриот кошаркар на Нетси Дерон Вилијамс. -Јас вакви тепачки гледам секоја година ,најмалку по десетина. Ова беше типична НБА тепачка, порача Вилијамс. По инцидентот НБА ветеранот Кевин Гарнет го смирил воинствениот Телетовиќ кој потоа се обидел да разговара со Блатше но тој одбил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на ЗаевТалогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој си ги прати “децата“ од СДС да прават инциденти во Ново Село.СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии. Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти. Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и целата јавност ги виде лицата на “децата“ на СДС кои ги прати да направат инцидент во Ново Село за време на посетата на претседателот Мицкоски. Филипче исто како и Заев е опкружен со насилници, тепачи и наркомани. Ефтимов и Стојанов кои се обидоа да направат инцидент во Ново Село се насилници и тепачи со криминално досие, двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвинички претепале туристи во Струмица, и токму затоа Филипче ги одбрал нив. Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како „децата“ на Македонија, но тоа никако не смее да биде иднината на Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ЕвропаУнгарија добива нов претседателСе очекува унгарскиот парламент денес да го избере Андраш Бака – поранешен претседател на Врховниот суд разрешен од Виктор Орбан – за нов претседател на државата. Со овој потег, проевропскиот конзервативен премиер Петер Маѓар има за цел да го ослаби преостанатото влијание на неговиот претходник врз државните институции, пренесува „Франс 24“ (France24). Функцијата претседател остана испразнета по контроверзното разрешување минатиот месец на Тамаш Шуљок, поранешниот претседател и сојузник на Орбан. Владејачката партија „Тиса“ на Маѓар во саботата го номинираше Бака за оваа улога, која има главно церемонијален карактер. Бака претходно 17 години служел како судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Маѓар изјави дека животот на Бака е „пример за посветеност на демократското владеење на правото и уставните начела“ и нагласи дека Унгарија мора „да се врати на патот на владеењето на правото и уставноста“. Партијата „Тиса“ има двотретинско мнозинство во парламентот, што е доволно 73-годишниот Бака да биде избран уште во првиот круг, без поддршка од опозицијата. Гласањето во парламентот започнува во 14 часот. Мандатот на претходниот претседател Суљок беше скратен со уставен амандман како дел од реформите на Маѓар. Партијата „Тиса“ на Маѓар победи на изборите во април, ставајќи крај на 16-годишното владеење на националистите на Орбан, со ветување за „промена на системот“.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСадикова: Предизвик е музиката за пијано да се свири на харфаПубликата на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова. Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во секој звук од харфата и ја наградија уметницата со громогласни ракоплескања. -Првото дело со кое ја започнав вечерта беше Токата и фуга од Бах која е транскрипција за харфа на Белов, потоа продолжив со кинеска музика, свирев два става од Свитата Бергамаск од Клод Дебиси, првиот Прелудиум и познатата Клер де Лун. На програмата беа Париш Алварс со многу убави варијации на теми од операта „Норма“ на Белини, Шопен со Фантазија- импромпту, исто така транскрипција за харфа и продолжив со Мануел де Фаља, за програмата да ја завршам со Беджих Сметана и Фантазија за харфа од „Влтава“ односно со транскрипцијата за харфа од Трнечек, рече извонредната харфистка Садикова. Според неа, убаво звучи, но истовремено е и предизвик музиката за пијано да се свири на харфа. -Сакам музика за пијано и сметам дека таа звучи многу убаво на харфа. Мислам дека звучи поинаку, но сепак е премногу убаво на харфа. Секако,изведбата на пијано е многу полесна отколку на харфа поради педалите и промената на хармониите. Тоа е голем предизвик. Целата црква е преубава, го сакам звукот на харфата во неа, секоја нота звучи совршено. Секој човек многу убаво ќе ја слушне харфата овде, без да се користи микрофон, додаде Садикова. Родена во Санкт Петербург, Алиса Садикова започнала да учи хафра во класата на Карина Малееве во Специјалната школа за талентирани деца при Конзерваториумот „Н. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург. Образованието го продолжила како стипендист на Фондацијата „Салви“ во школата „Кембриџ музика мунди“ во Белгија, во класата на Кетрин Мишел, а потоа и на престижната школа „Џулијард“ во САД каде дипломирала минатата година. Во моментов е запишана на постдипломски студии во класата на Ненси Ален на „Џулијард“ со стипендија од Фондацијата „Ковнер“. Во нејзината биографија се впишани повеќе од 20 први награди од интернационални натпревари што ја прави една од најнаградуваните харфистки на денешницата.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter