На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини денеска е зголемен. На ГП Табановце се чека околу 60 минути, а на ГП Богородица се чека околу 40 минути за влез и излез од државата.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Николовски: Со донацијата на Италијански карабинери, шумската полиција ќе биде доопремена

Со донацијата на Италијански карабинери, шумската полиција ќе биде доопремена со сè што е потребно за нивно непречено извршување на задачите.

Денеска, во кругот на касарната Ѓорче Петров во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во присуство на италијанскиот амбасадор, Н.Е Андреа Силвестри и Војниот Аташе за одбрана на Италија, г-дин Стефано Анџиони, ја прими огромната донација на униформи и опрема од Италијански Карбинери, наменета за Шумската Полиција.

Постапката за оваа огромна донација започна во декември 2017 година. Во текот на овој месец веќе пристигнуваа првите камиони со донацијата и се складираа во магацините на Министерството за одбрана, пред да бидат распоредени во шумско-полициските станици низ целата територија на државава.

„Пристигнаа првите 14 од вкупно 20 камиони со над 6000 парчиња летни и над 11000 парчиња зимски униформи, над 1600 парчиња мантили, 8500 летни кошули, 5000 зимски кошули, како и волнени џемпери, чорапи, маици, елеци, капи, високи и ниски чизми, спортски обувки, ранци, кабаници за дожд и друга дополнителна опрема за терен. Вкупната бројка на донираните униформи и друга опрема е околу 46 000 парчиња, во вредност од 4.2 милиони евра. Ова е огромна поддршка за Шумската полиција и јас уште еднаш упатувам огромна благодарност до Карабинери на Италија и италијанската амбасада“ изјави министерот Николовски.

Тој упати благодарност и до Министерството за одбрана и министерката Славјанка Петровска, за соработката и помошта за отстапување на магацински простор за безбедно да се прими и складира оваа огромна пратка.

Дел од опремата и униформите за Шумската полиција, може да биде наменета за територијалните противпожарни бригади, полицијата, армијата и дирекцијата за заштита и спасување, како и за ЈП „Национални шуми“, со оглед на тоа што донацијата е во огромни количини и содржи и противпожарна опрема, огноотпорни чизми, панталони и ракавици.

Министерот Николовски потсети дека минатата година Шумските полицајци за прв пат после 12 години добија по два сета зимски и летни униформи и чизми во вредност од околу 15 милиони денари, средства кои беа обезбедени од буџетот на МЗШВ. Униформите беа изработени согласно стандардите на Европската унија како и меѓународните прописи во однос на дизајнот и производството, а посебно во однос на безбедноста и здравјето нa вработените.

„Сега, преку донацијата на Италијански карабинери, шумската полиција ќе биде доопремена со сè што е потребно за нивно непречено извршување на задачите. Да не заборавиме дека шумските полицијци работат тешка и одговорна задача и често пати во борбата со организираниот криминал на дива сеча, нивните животи се во опасност, а до скоро тие немаа основни средства за работа. Драго ми е што моето залагање за опремување на шумските полицајци, кое го започнав уште за време на мојот прв мандат, сега го гледам целосно реализиран. Верувам дека шумските полицајци и понатаму ќе вложуваат максимални напори во борбата за сузбивање на организираните групи на дрвокрадци“ потенцираше Николовски.

Значителна е и поддршката на шумската полиција која редовно се вклучува и во борбата против шумските пожари. Министерот Николовски упати јавна благодарност до сите вработени шумски полицајци за нивното совесно и одговорно извршување на работните задачи, за што секторот има и официјална потврда од Светската царинска организација и Интерпол.

Деновиве ќе пристигнат уште 6 пратки со што донацијата ќе биде целосно испорачана, по што ќе следи распоредување до вработените.

Бескомпромисната борба против организираниот криминал и нелегалната сеча, ќе продолжи и понатаму, а министерството и понатаму ќе се грижи за континуирано подобрување на условите за работа на шумската полиција.

ЕК ги повикува земјите членки да го финализираат Фронтекс со Македонија

Европската комисија поднесе предлог за потпишување и склучување на договор меѓу ЕУ и Македонија за Фронтекс, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, го поднесе на 23 септември до советот, т.е. Земјите членки на ЕУ. Договорот до сега е блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик“ во текстот на договорот.

Во соопштението на ЕК се наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нерегуларна миграција, борба против шверц и засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ.

Комисијата потсетува дека договорот со македонија ќе содржи и „силни одредби за заштита на темелните права“. Предлогот сега треба да го одобрат земјите членки на еу за да може договорот да биде финализиран и да стапи на сила.

Костовски: Радишани добива нов ултра модерен спортски рекреативен центар „Македонија“

Веднаш спроти Манастирот св. Наум кај местото викано олимпија, наскоро ќе никне нов ултра модерен спортско рекреативен центар, можеби најубав во градот Скопје.

РАДИШАНИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ НОВ УЛТРА МОДЕРЕН СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР КОЈ ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА

Веднаш спроти Манастирот св. Наум кај местото викано олимпија, наскоро ќе никне нов ултра модерен спортско рекреативен центар, можеби најубав во градот Скопје.

Овој спортско рекреативен центар ќе содржи:

Модерно фудбалско игралиште со виско квалитетна вештачка трева, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување.

Баскет игралиште со специјална подлога за баскет, нови кошеви и ново лед осветлување.

Ново модерно детско игралиште

Нов парк за рекреација на граѓаните

Нов паркинг простор

Го менуваме ликот на општина Бутел, секое населено место до крајот на мојот мандат ќе добие нов лик.

ВЕТЕНОТО ГО РЕАЛИЗИРАМЕ!

#МодернаОпштинаБутел

притисни ентер