ЖивотНа својата шестгодишна ќерка ѝ дала 350 евра за козметика(видео)Корисниците на Тикток ја осудија оваа мајка за непримерно однесување, нејзиниот одговор ги изненади сите Лорен Беркли од САД предизвика низа негативни реакции откако ѝ дозволила на својата шестгодишна ќерка да потроши повеќе од 350 евра на шминка и козметика, со цел да види кои брендови ќе ги избере. Беркли откри дека нејзината ќерка не ги користи социјалните мрежи и нема поим кои брендови во моментов доминираат на пазарот. @bahamasyogini 10 year old sephora haul #sephorahaul #sephorakids #drunkelephant @Drunk Elephant #summerfridays #haul #momtok #beautytok #veblen #conspicuousconsumption ♬ original sound - your yoga mom 🤸🏼♀️ – Како некој што се занимава со маркетинг, бев многу љубопитна да дознаам дали децата ќе изберат одредени производи според нивниот изглед или поради влијанието што го имаат брендовите на социјалните мрежи и во јавноста – изјави Беркли. Оваа мајка ја однела својата ќерка во популарна продавница за козметика и ѝ дозволила слободно да избира производи две минути. Бидејќи девојчето избрало само четири производи, Беркли ѝ дозволила да продолжи со купувањето. - Ова беше еден вид социјален експеримент. Сакав да видам дали ќе купи производи од два бренда поради шареното пакување. Грејс има само шест години, па не ѝ дозволувам да користи социјални мрежи и немам намера да ѝ го дозволам тоа барем до 15-тата или 16-тата година - јасна е Беркли, а пренесува британски „Сан“. Таа го објави видеото на Тикток, кое за кратко време имаше повеќе од два милиони прегледи и 143.000 „лајкови“. Корисниците на социјалните мрежи брзо ги споделија своите мислења, многумина ја критикуваа мајката затоа што ѝ дозволила на нејзината ќерка да потроши толку многу пари на производи за кои сметаат дека се несоодветни за нејзината возраст. - Зошто намерно се обидуваш да ѝ ја уништиш кожата? Козметиката може да ѝ ја уништи бариерата на кожата, таа е уште дете, не прави го тоа! - Хидратантниот крем со сјај содржи хијалуронска киселина. На детето навистина не му треба тоа! - На некои луѓе им е потребна дозвола за родителство пред да имаат деца. - Оваа жена веројатно го гледа своето дете само додека снима видеа. Најверојатно, девочето поголем дел од времето поминува со дадилка. - Зошто го правиш тоа, мамо? Подобро однесете ја во продавница за играчки – гласеа дел од коментарите под виралното видео на Беркли. Беркли не сакала да ги игнорира критиките на нејзините придружници под видеото, па напишала: - Ви благодарам што ме посрамотивте. Но, ни по овој нејзин одговор, коментарите за нејзиниот екперимент не стивнуваа, но сепак беа поблаги. -Сите како деца имавме сјај за усни и си игравме со кал, преправајќи се дека е маска за лице. -Маските за лице и сјајот за усни се очекувани производи што едно девојче би ги одбрало од продавница за козметика – коментирале луѓето. Овој случај покрена жестока дебата на социјалните мрежи за правилно воспитување на децата и одговорноста кај родителите во изборот на производи за деца. Додека едни ја осудуваа Беркли што ѝ дозволила на нејзината шестгодишна ќерка да потроши голема сума пари на козметика, други ја бранеа мајката, посочувајќи дека тоа е дел од созревањето и истражувањето. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook