На Светското првенство во Катар нема да игра најскапиот фудбалер на светот - Канал 5

На Светското првенство во Катар нема да игра најскапиот фудбалер на светот

Светското Првенство во Катар започнува денеска и речиси сигурно ќе биде последно во кариерата на Лео Меси и Кристијано Роналдо, играчи кои доминираа во последните 15 години и се меѓу најдобрите досега.

На Светското првенство во Катар нема да игра најскапиот фудбалер на светот

Аргентинецот и Португалецот го одбележаа актуелниот век пред сѐ со голови, но и со пазарна вредност.

Сепак, бидејќи денес имаат 35 и 37 години, јасно е дека не се лидери во однос на трансфер потенцијалот. Листата на најскапи играчи во светот ја предводи тој што воопшто нема да игра во Катар - Ерлинг Хааланд (22). Норвежанецот кој со соиграчите остана на третото место зад Турција и Холандија во квалификациите и со тоа го пропушти Мундијалот, вреди 170 милиони евра.

Во Катар ќе играат 32 репрезентации од кои секоја ја предводат по 26 играчи. Ова е списокот на најскапите играчи кои ќе се натпреваруваат од 20 ноември до 18 декември според податоците на Transfermarkt.

Во отсуство на Халанд, на прво место е напаѓачот на ПСЖ и Франција, Килијан Мбапе (23), чија вредност е 160 милиони евра. Ова нема да му биде прво Светско првенство за Мбапе и покрај неговата младост, бидејќи беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот во Русија 2018 година. На 59 настапи досега за Франција има постигнато 28 гола.

Второто место му припаѓа на Винисиус Јуниор (22), крилниот напаѓач на Бразил и Реал Мадрид. Се очекува да дебитира во најголемото национално натпреварување со оглед на тоа што за Бразил дебитираше во 2019 година, оттогаш одигра 16 натпревари и постигна еден гол. Трансфермаркт вели дека Винисиус вреди 120 милиони евра.

Играчот од средниот ред на Англија и Манчестер Сити, Фил Фоден (22) е на третото место на листата на најскапи играчи на Светското првенство во Катар. Доколку некој сакаше да го земе од тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, Трансфермаркт смета дека тој треба да плати најмалку 110 милиони евра. За англиската репрезентација одиграл 18 натпревари на кои двапати се запишал во листата на стрелци.

Првите три најскапи играчи доаѓаат од Франција, Бразил и Англија, репрезентации кои според букмејкерите се главни фаворити за освојување на Светското првенство кое првпат се одржува во зима и за првпат во Блискоисточна земја. Англија има четворица меѓу десетте најскапи, Шпанија двајца, од кои Гави е прогласен за најдобар млад играч на светот, а Франција, Бразил, Германија и Уругвај имаат по еден.

Иако Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) објави дека хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол вреди 96,2 милиони евра, што би можело да го направи најскапиот дефанзивец досега, Трансфермаркт ја наведува сумата од 60 милиони евра.

Да напоменеме дека српскиот напаѓач Душан Влаховиќ проценет на 80 милиони евра е на 16. место меѓу најскапите играчи на Мундијалот. Меси вреди 50 милиони, а Роналдо 20 милиони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. 

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија.

Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето.

,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање.

Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“

Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата.

Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Со огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер