Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
2Сиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во Турција
ЗдравјеНа Светскиот ден на здравјето докторите со апел за поголем степен на вакцинацијаНедозволиво е во 21 век да имаме епидемија на болест за која имаме вакцина. Докторите, и денеска по повод 7 април Светскиот ден на здравјето со апел – родителите добро да размислат и навреме да ги вакцинираат своите деца. „Вакцинацијата е едниствениот начин за спречување на болестите или пак нивно полесно нивно полесно клиничко манифестирање. Жалосно е денеска кога технологијата, кога медицината е отидена толку далеку да ние се уште зборуваме за ефикасноста, безбедноста, и значајот на вакцините. Мораме да си придржуваме до овој систем ако сакаме да имаме пред се здрави деца, а после младина, па и ние возрасните и оние многу повозрасните од нас, кој се во уште поголем ризик, од младите или од поминатите имунитети, да останеме здрави. “-Милена Стевановиќ – инфектолог Во Скопје и Куманово и натаму е на сила епидемијата со пертусис. Во главниот град бројката минатата недела надмина над 300 заболени со голема кашлица. Во моментов на детската клиника Козле има хоспитализирани 3 дечиња, сите се под 3 месечна возраст, а нивната здравствена состојба како што информираат од болницата за Канал 5 е добра. „Во болницата има 3 позитивни деца на пертусис. Сите се под 3 месечна возраст и не се вакцинирани.“- Јетмир Зибери – Директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата КОЗЛЕ Комисијата за заразни болести на состанокот пред три дена не препорача нови мерки за спречување на ширење на големата кашлица, останува на сила препораката во градинките да се примаат само деца кои изминативе 6 месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, со услов во следните шест да примат и ревкацина. Состојбата со пертусис според здравствените власти во другите градови засега е под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФаталната русокоса и девојка на кошаркарот на Монако го покажа своето извајано телоПоранешната навивачка на литванскиот Жалгирис Габија Карабинаита повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Атрактивната русокоса објави нова серија фотографии од плажа на кои позира во минијатурно бикини и со одбојкарска топка, а нејзините следбеници не останаа рамнодушни. Со години, убавицата од Литванија важеше за едно од најпрепознатливите лица меѓу навивачките на Жалгирис. Нејзините настапи во познатата „Жалгирио Арена“ честопати привлекуваа речиси исто толку внимание како и настаните на паркетот, поради што таа доби голем број следбеници на социјалните мрежи. Сепак, во последните месеци нејзиниот живот целосно се промени. Откако започна врска со кошаркарот на Монако, Џерун Блосомгејм, таа се пресели во Кнежевството, каде што максимално ужива. Во едно интервју откри дека нивната љубовна приказна започнала сосема спонтано – со порака на Инстаграм. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаStreet View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата„Google Street View“ се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за луѓето насекаде. Македонија е место каде што богатото културно наследство се среќава со секојдневната урбана трансформација. Историските знаменитости, природните богатства, растечките населби и променливата патна инфраструктура се дел од динамичниот карактер на земјата. Редовното освежување на сликите од Street View помага да се осигури дека Google Maps продолжува да ги одразува овие промени со поголема точност, релевантност и детали. Со ова најново освежување се опфатени околу 13 000 километри низ целата земја, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Ажурираните слики ќе ги направат „Google Maps“ уште покорисни за жителите, бизнисите и посетителите кои секојдневно се потпираат на нив за навигација, планирање патувања и откривање нови места. Новите слики ќе понудат и свеж поглед на контрастите што ја прават Македонија толку препознатлива, од современите урбани простори и прометни патишта, историските места како што се Скопската тврдина и Аквадуктот, препознатливите градски знаменитости, вклучувајќи го Камениот мост и Мостот на уметноста, како и природните и културни пејзажи, а меѓу нив и Охридското Езеро што зазема посебно место, како дел светското наследство на УНЕСКО. Street View им овозможува на луѓето виртуелно да истражуваат улици, населби и дестинации пред да ги посетат лично. Без разлика дали однапред проверуваат рута, бараат локален бизнис, планираат патување или откриваат обележје, обновените слики ќе помогнат во полесна навигација, посигурно планирање патувања и побогато разбирање на местата низ целата земја. Google е посветен на заштита на приватноста на корисниците. Пред објавувањето на собраните слики, се користи напредна технологија за автоматско замаглување на лицата и регистарските таблички на возилата. Street View вклучува функција за барање за замаглување на одредени слики (како што се лица, возила, куќи итн.) со кликнување на опцијата „Report a problem“ што се наоѓа во долниот десен агол на објавените слики на Google Maps. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google можете да најдете на: https://policies.google.com/privacy. За да ја истражите Македонија во Street View, отворете Google Maps на вашиот компјутер или мобилен уред, пронајдете место што сакате да го посетите и повлечете ја жолтата икона Pegman на сина линија за да влезете во Street View.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова на состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во ТурцијаДенеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – е посилно НАТО“, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Ова утринава го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара,учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на самитот на алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, јашар ѓулер.Тагови: Силјановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43