ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
2ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
3АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
БизарноНа свадба снемало десерт, сватовите почнаа крвнички да се тепаат- летаат столови и чинии (ВИДЕО)Свадбата, одржана кон крајот на ноември, се претвори во целосен хаос и масовна пресметка меѓу гостите.Инцидентот се случил во индиската држава Бихар, а жестоката тепачка била снимена со камера и прикажана на социјалните мрежи. Што го предизвикало конфликтот? Медиумите известуваат дека конфликтот наводно се случил поради навидум банална работа - десерт. Роднините на невестата забележале дека традиционалниот индиски десерт Расгула повеќе не е на шведската маса. Тие се пожалиле кај семејството на младоженецот, а тензиите брзо ескалирале, се наведува. Безбедносните камери снимиле жестока тепачка меѓу свадбените гости, кои немилосрдно се удирале меѓусебно и фрлале столови еден кон друг. Различни изјави Иако десертот е во центарот на вниманието на странските медиуми, семејствата нудат сосема различни тврдења за причината за инцидентот. Таткото на невестата, Суреш Прасад, објаснил дека тензиите веќе биле присутни бидејќи семејството на младоженецот барало дополнителен мираз за време на самата свадба, пренесува Метро. „После тоа, почнаа да нè тепаат, повредувајќи неколку членови на нашето семејство. Поднесовме жалба во полициската станица“, тврди Прасад. Од друга страна, таткото на младоженецот, Махендра Прасад, категорично наведува дека тепачката започнала поради недостаток на десерт, а не поради мираз. „Спорот ескалираше до тој степен што семејството на невестата одлучи да ја откаже свадбата. Тие тврдат дека бараме дополнителен мираз, што не е вистина. Сè уште сакаме нашиот син да се ожени со истата девојка, но семејството на невестата одбива“, рече тој. Полицијата потврди дека гости од двете страни (невестата и младоженецот) биле повредени во тепачката, а истрагата е во тек. View this post on Instagram A post shared by Just Indian Things (@just.indian.things) Чеиз и традиција во Индија Овој инцидент повторно го привлекува вниманието кон традиционалните обичаи за финансирање на свадбите во Индија. Вообичаено, семејството на невестата ги покрива повеќето трошоци (вклучувајќи ја церемонијата, приемот и нејзината облека). Современите обичаи сè повеќе се движат кон порамномерна распределба на трошоците меѓу семејствата, при што некои парови избираат сами да ги финансираат своите свадби.Тагови: свадба столови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отстоБројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита. Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда. На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена. Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС. Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФлик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн. -Ова не беше добра вечер за Јамал – какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце. Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“. „Горд сум на Јамал бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЕвропаШокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живиПет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи. Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“. Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI). Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“. Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70. Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter