На средбата на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил побара реформи на ООН - Канал 5

На средбата на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил побара реформи на ООН

Министерот за надворешни работи Бразил Мауро Виеира повика на реформи на Организацијата на Обединетите нации и другите мултилатерални институции, критикувајќи ја нивната неспособност да спречат глобални конфликти.

На средбата на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил побара реформи на ООН

Во воведниот говор на состанокот на Г-20 во Рио де Жанеиро, со кој Бразил го започна своето годишно претседавање со Групата 20 најголеми економски сили во светот, Виеира оцени пред колегите министри дека Советот за безбедност на ОН не е во состојба да спречи или запре конфликти како актуелните во Украина и во Појасот Газа.

„Мултилатералните институции не се соодветно опремени за да се справат со актуелните предизвици, како што се покажа со неприфатливата парализа на Советот за безбедност во однос на актуелните конфликти“, рече Виеира.

Министрите за надворешни работи на 20 водечки богати и земји во развој оваа недела разговараат за сиромаштијата, климатските промени и засилените глобални тензии, поставувајќи ја агендата за нивната работа што води до Самитот на Г-20 на 18-19 ноември во Рио.

Еден од клучните предлози на Бразил дадени од претседателот Луис Инасио Лула да Силва е реформата на институциите за глобално управување како што се Обединетите нации, Светската трговска организација и мултилатералните банки, каде што тој бара поголема застапеност на земјите во развој.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

притисни ентер