Станари од зграда пријавиле поплава од фекалии од див приклучок на угостелски објект, општина Аердром со став „винови се жителите“
2Станари од зграда пријавиле поплава од фекалии од див приклучок на угостелски објект, општина Аердром со став „винови се жителите“
3Ружински: Инвестираме во развојот на Берово со нова мултифункционална сала, обновени улици и детски игралишта
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
РакометНа списокот на Словенија и реконвалесцентите Хенигман и КавтичникСелекторот на словенечката ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ го објави конечниот список на играчите кои ќе бидат дел од Европско првенство во Хрватска.Словенците во текот на подготвителниот период се соочуваа со големи проблеми околу повредените играчи, па на крајот Вујовиќ меѓу 16-те играчи на списокот мораше да ги вметне и реконвалесцентите Ник Хенигман и Вид Кавтичник, кои најверојатно и покрај болките ќе мораат да смогнат сили да и помогнат на својата селекција. Од последниот избор на Вујовиќ, ги нема голманот Кастелич, како и бековите Цехте, Поточник и Лебан. Боите на Словенија на ЕП ќе ги бранат: Голмани: Матевж Скок и Урбан Лесјак Кружни напаѓачи: Блаж Благотиншек, Игор Жабиќ, Матиц Сухолежник Бекови: Јан Гребенц, Вид Кавтичник, Борут Мачковшек, Ник Хенигман, Миха Зарабец, Марко Безјак, Жига Млакар Крила: Гашпер Маргуч, Блаж Јанц, Матиц Вердинек, Дарко Цингесар Словенците, кои на последното Светско првенство минатата година го освоија бронзениот медал, ќе бидат првиот противник на Македонија во натпреварот кој ќе се игра утре во загрепска „Арена“ со почеток од 19.30 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Шоу бизВикторија Бекам откри што прави Дејвид кога сака гостите да си заминат од нивниот домВикторија Бекам откри како нејзиниот сопруг Дејвид им дава до знаење на гостите дека вечерата е завршена и дека е време да си одат дома.Тој едноставно почнува да ги гасне свеќите низ куќата. Модната дизајнерка ја сподели оваа анегдота, како и неколку од нејзините правила за организирање вечери, во промотивно видео за нова колекција на производи за домот, пишува „Дејли мејл“. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) Дејвид има посебен начин да им каже на гостите дека е време да си заминат Во видеото што го објави на Инстаграм по повод соработката со германскиот бренд „Вествинг“, Викторија (52) раскажа што се случува кога Дејвид (51) ќе одлучи дека дружењето траело доволно долго. „Дали знаете што се случува во домот на семејството Бекам кога Дејвид сака гостите да си заминат? Тој буквално оди низ собата, ги гасне свеќите и се надева дека луѓето ќе ја сфатат пораката“, рече таа. Дејвид претходно јавно зборуваше за своето опсесивно-компулсивно растројство, откривајќи во документарецот на „Нетфликс“ од 2023 година дека често поминува часови чистејќи ја куќата откако остатокот од семејството ќе си легне, бидејќи не сака наутро да затекне неред. Особено го нервира чистењето на свеќите. „Го отстранувам восокот и го чистам стаклото. Она што најмногу ме нервира е трагата од црн чад од внатрешната страна на стаклото. Знам, чудно е“, рече тој тогаш. Викторија има строги правила за организирање вечери Викторија исто така откри кои правила важат кога таа организира вечера. Хартиените салфетки за неа не доаѓаат предвид, а таа тврди дека дури и не би дошла на вечера ако знае дека ќе ја пречекаат со хартиени салфетки. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) Таа исто така објасни на што внимава при изборот на прибор за јадење, чаши за шампањ и садови за путер. Особено нагласи дека мобилниот телефон нема место на масата. „Мобилниот телефон никогаш, ама баш никогаш не смее да биде на масата“, рече таа, додавајќи дека тоа е многу неелегантно и нехигиенски.Тагови: Викторија Бекам Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаМНРиТ: Во врска со случувањата со Михајлова беше повикан амбасадорот на Република БугаријаВо врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков.На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи. Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции. На средбата беше посочено дека од Република Бугарија, како членка на Европската Унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи – почитување на судските постапки, институционална соработка и владеење на правото. На амбасадорот му беше пренесено дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа. На средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаСтанари од зграда пријавиле поплава од фекалии од див приклучок на угостелски објект, општина Аердром со став „винови се жителите“Куќен совет во населбата Аеродором добил предупредувачко писмо од општината Аеродром од инспекторката за домување Вилма Апостолоска дека ќе го казни претседателот на заградата на куќниот совет заради неодржување на одводната канализациона мрежа.Куќен совет во населбата Аеродором добил предупредувачко писмо од општината Аеродром од инспекторката за домување Вилма Апостолоска дека ќе го казни претседателот на заградата на куќниот совет заради неодржување на одводната канализациона мрежа поточно шахта која припаѓа на зградата. Овој допис стигнал до претседателот откако заедницата на станари реагирале до општината дека угостителски обејкт до зградата од тоалетот е приклучен во нивната шахта и ги полни подрумите со фекалии скоро три години. Станарите повикале мајстор, кој утврдиле дека фекалиите се од угостителскиот објект кој е директно приклучен во шахтата и им дал и писмено одговор каде е причината. За чистење и санирање на штета платиле 500 евра. Но, од општината се прогласуваат ненадлежни и ги повикуваат водовод кој исто така се нагласуваат дека тоа не е во нивна наделженост, треба да го реши општината, за да на крај виновен е оној кој пријави проблем. Земјиштето каде што дел од тоалетот на уготстелскиот објект и шахтата го откупиле жителите на зградата, и има писмен одговор одоговор за отстранување на дел од урбаната опрема која ја дава градот Скопје донел одлука да биде остранета и истиот допис е пратен во општина Аеродром кој досега ништо нема постапено. „Ние не можеме да разбереме, општина Аерoдром беше ставена на мапа со нилската треска, јасно беа посочени вакви места како извор за комарци, реагираме, друг поплавува се гледа од каде е цевката и никој не постапува и на крај ние сме виновни, велат жителите. Граѓаните велат дека по повикот на премиерот Христијан Мицкоски каде повикува граѓани да пријават корупција ќе го пријават овој случај, зошто нема одговор туку казна. Во овој случај јасно се гледа нема меѓусебна комуникација помеѓу институциите. Претседателот на куќниот совет реагирал, а инспектор од општина Аеродром кажува дека е ненадлежен, а притоа не објаснува како станарите да реагираат туку ја префрлаат ситуацијата со други институции, а наведува дека е виновен претседателот кој исто така бара спас во институција. Ова е еден од примерите каде секој се повикува за ненадлежен, а во исто и време нема прецизирано закони кој и како е надележен. По пожарот во Кочани каде загинаа 63 луѓе и трае се уште судскиот процес. Главен атрибут на јавното обвинителство е непостапувањето на инспекторите во целиот случај на време. Одбраната на обвинетите реагира дека различни закони даваат различни ингеренции и на крај останува празнианта кој треба да реагира. Министерството за економија донесе измени во законот за угостилеска дејност. Предлог-измените на Законот за угостителска дејност се во финална владина процедура и се изработуваат одговорно, со целосно вклучување и имплементирање на сите забелешки од надлежните институции. Нашата цел е јасна – да воведеме ред, да ги затвориме правните празнини и да спречиме каква било можност за произволна примена на законот, велат од Министерството за економија за Канал 5. „Свесни сме дека угостителството не се регулира само со еден закон, туку и со повеќе од 15 правилници од различни институции, од кои дел се постари од 15 години. Токму затоа побаравме техничка помош од Европската Унија за изработка на темелна анализа и во иднина подготовка на целосно нов Закон за угостителство, како и за усогласување на подзаконските акти со современите стандарди што се применуваат во западноевропските држави“, потенцират од економија. Од министерството за економија објаснуваат дека по трагедијата во Кочани, Министерството за економија и труд издаде вкупно 7 лиценци – 3 за кабаре, 2 за дискоклуб и 2 за дискоклуб на отворен простор – исклучиво по спроведени постапки согласно важечкиот закон и по добиени сите потребни согласности. За министерството за економија важна е безбедноста на граѓаните. Потребни се европските стандаради и правила за безбедност, но и чесни угостители. НОВИОТ ЗАКОН ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ МОРА ГИ РЕГУЛИРА И БРОЈОТ НА КАФЕАНИ, РЕСТОРАНИ И КАФЕ БАРОВИ ВО ЗГРАДИТЕ Од друга страна при барање да се добие дозвола за угостелски објект освен што се гледа добиениот елаборатат, никој не доаѓа на терен и да види на мал простор колку објекти за угостителска дејност има во какви услови се. Граѓаните реагираат дека треба да има промени во делот на добивање на урбана опрема да се види колку вакви објекти има на мал простор, многу често дел од опремата е и опаснот од пожари но и неможност да пристапи противпожарно возило, раскажуваат граѓаните. Многу често од мали дуќанчиња се направени кафе барови каде и самата комунална и одводна мрежа е проблем од заглавени хартии и измет и друг отпад завршува во подрумите во зградата, велат граѓаните. Од градот Скопје велат дека таква одредба нема, каде има ограничување на број на угостителски објекти. „Инспекцискиот надзор во оваа област вршат градежната општинска инспекција, комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат. Во однос на поплаките за бучава, надлежни за постапување се инспекциските служби на општините. Користењето на летна тераса се наплатува согласно утврдениот надоместок, кој изнесува 15 денари по метар квадратен на ден. Законските одредби и висината на казните се пропишани и изгласани од страна на законодавецот, а санкциите се определуваат во зависност од видот и тежината на сторениот прекршок. “, велат од Град Скопје. Граѓаните од скопски Капиштец од иницијативата „За пристоен Капиштец“,го кренаа гласот против гласната музика на угостителски објект. Велат дека има мал чекор, музиката е за поника за некој децибел, но има вечери кога повоторно се пријавува. „И натаму има вечери кога бучавата е над дозволеното и кога има нарушување на јавниот ред и мир. Оваа промена ја гледаме како резултат на притисокот што го создадовме преку долгогодишните пријави, медиумската видливост и мирниот протест, а не како воспоставен систем на контрола. Со години сите ние индивидуално поднесувавме претставки, повикувавме институции и баравме решенија. Но кога голем број соседи застанаа заедно, стана јасно дека не станува збор за изолиран проблем, каприци или за незадоволство на неколку поединци. “, раскажуваат граѓаните. Државниот пазарен инспектрат извршил 4432 надзори, издале 1792 прекршочни налози во вкупна вредност 250 илјади евра казни. Од инспекторат обајснуваат дека треба итна промена на Законот за угостителска дејност да се стави и делот на бројот на угостителски објекти во една зграда, но и дека казните се многу ниски до 300 евра ако се врши угостителска дејност надвор од деловниот објект, без давање на одборение издадено од градоначалникот на Град Скопје. Многу често плаќаат казни, но проблемите остануваат велат за канал 5 од Државниот пазарен инспекторат. Од министерството за економија потенцираат дека во предлог измените на законот за угостителска дејност се во финална фаза и се ставаат сите забелешки. По трагедијата во Кочани се заоструваат мерките за добивање на дозволи и лиценци за ноќни барови и кабареа, дискотеки на отворен простор. Предлог-измените на Законот за угостителска дејност се во финална владина процедура и се изработуваат одговорно, со целосно вклучување и имплементирање на сите забелешки од надлежните институции. Нашата цел е јасна – да воведеме ред, да ги затвориме правните празнини и да спречиме каква било можност за произволна примена на законот, велат од Министерството за економија за Канал 5. „Свесни сме дека угостителството не се регулира само со еден закон, туку и со повеќе од 15 правилници од различни институции, од кои дел се постари од 15 години. Токму затоа побаравме техничка помош од Европската Унија за изработка на темелна анализа и во иднина подготовка на целосно нов Закон за угостителство, како и за усогласување на подзаконските акти со современите стандарди што се применуваат во западноевропските држави“, потенцират од економија. Од министерството за економија објаснуваат дека по трагедијата во Кочани, Министерството за економија и труд издаде вкупно 7 лиценци – 3 за кабаре, 2 за дискоклуб и 2 за дискоклуб на отворен простор – исклучиво по спроведени постапки согласно важечкиот закон и по добиени сите потребни согласности. За министерството за економија важна е безбедноста на граѓаните. Потребни се европските стандаради и правила за безбедност, но и чесни угостители. ИВАНОВСКА: ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ЈАВНО ДА ГИ ОБЈАВИ КОЈ ДОБИЛ ДОЗВОЛА И ЗА ШТО? За експертите кои ја следат корупцијата објаснуваат дека корупција со општините и угостителите има и без да има потврда дека некој земал пари или не. Билјана Ивановска, поранешна претседателка на антикорупциската комисија објаснува дека, корупција е и кога некој не постапува по пријава, на некој начин замижал ја злоупотребил службената положба и издале дозвола што не е во согласност со законската регулатива. Скопје е брутално натрупано пред самите влезови на зградите, целосно запоседнат јавен простор од кафе бар или кафана каде што не може да се помине, зафатено зеленило, цели тротоари. Не може само писмени елаборати, треба на терен да се провери натрупансот од вакви објекти, бучава, миризба колкав простор имаат граѓаните или со еден збор не може неколку угостителски објекти во една зграда или во секоја зграда во еден каватр. За естиката воопшто не се помилсува, но никој не помислува дека ваквиот зафатен простор е проблем да пристигне брза помош, против пожарно возило, потенцира Ивановска за канал 5. За Ивановска она што треба да направи Град Скопје и сите општини е на своите веб страници да ги објави сите издадени дозволи, со што граѓаните може да се информираат и да реагират. Реакциите на граѓните за сите прекршувања од угостителите и постапувањето навремено од инспекторите може да биде превенција од нови трагедии по примерот на Кочани. Овој текст е изработен во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска во Северна Македонија и имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ). Содржината на овој текст е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на проектот, донаторите или имплементаторот. Швајцарија и Шведска не мора нужно да ги делат ставовите изразени во овој текст.Тагови: фекалии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter