Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
1Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
РакометНа списокот на Јовиќ, 28 ракометари за квалификациите за ЕП Младинската машка репрезентација на Македонија (до 20 години) на почетокот на април ќе настапи во квалификациите за Европското првенство 2016, а в.д. селекторот Александар Јовиќ, денеска го објави списокот од 28 ракометари кои ги повика на првиот собир на 20 март. На првата прозивка на Јовиќ недела (20 март) која ќе биде во спортска сала „Автокоманда’’ треба да се јават следниве ракометари: Кизиќ Никола - Вардар јуниор, Томовски Мартин - Металург, Даниловски Никола - Пелистер, Велковски Мартин - Металург, Палевски Давор - Металург, Јаневски Јане - Прилеп, Димитриоски Димитар - Металург 2 Јагуриновски Томислав - Металург, Шилегов Мице - Металург 2, Блажевски Бојан - Металург 2, Давитковски Кристијан - Вардар јуниор, Кузмановски Филип - Металург, Крстевски Гран - Металург, Танкоски Марио - Металург 2, Нелоски Марко - Металург, Талески Филип - Металург, Арсеновски Филип - Металург, Бишковски Мартин - Металург 2, Лазаревски Милан - Металург 2, Алушовски Дарио - Работнички, Лефковски Марио - Пролет, Огњановски Марко - Преплет, Шулевски Петар - Металург 2, Ончев Тоше - Вардар јуниор, Гроздановски Виктор - Металург 2, Трпчевски Стефан - Вардар јуниор, Димовски Александар - Вардар јуниор и Маркулов Андреј - Пелистер. Квалификацискиот турнир за Европското првенство ќе се игра во периодот од 8. до 10 април, а домаќин на турнирот е Швајцарија. Нашата репрезентација, покрај со домаќинот, во квалификациската група ќе се сретне уште со Фарски Острови и Црна Гора. Сите натпревари ќе се одиграат во Шафхаузен. Распоред на натпревари: 08.04. (19:30) Македонија – Швајцарија 09.04. (17:00) Македонија – Фарски Острови 10.04. (10:30) Македонија – Црна Гора Според системот на натпреварување, најдобро пласираните две репрезентации од квалификациската група ќе обезбедат учество на Европското првенство за младинци што ќе се игра во Данска од 28 јули до 7 август 2016 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоаЕкономскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти. Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти. Ова се важни показатели за структурата на растот. Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност. За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност. Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард. И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните. Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Биљана Кузманоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Кружен тек на Северен БулеварКружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина. Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните. Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаТошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово„Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните. При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност. Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди. „Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски. Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11