На сопругата во кома и ја пуштил омилената песна за да се збогува, а таа се разбудила - Канал 5

На сопругата во кома и ја пуштил омилената песна за да се збогува, а таа се разбудила

Откако ја изгубила свеста на прославата на 46-от роденден на сопругот, Марија Нил (48) од Британија на пат до болница доживеала тежок мозочен удар. И била направена тешка операција на мозокот и била воведена во вештачка кома. Лекарите се обиделе постепено да ја разбудат, но откако ниту после седум дена не реагирала, на семејството му било кажано дека треба да се простат од неа. Наместо тоа, нејзиниот сопруг Стив и ги пуштал омилените песни, на кои танцувале на венчавката и чудото се случило....

На сопругата во кома и ја пуштил омилената песна за да се збогува, а таа се разбудила
Стив и Марија имаат четири деца, три сина и една ќерка, кои велат дека никогаш нема да го заборават тој ден.

„Со часови и зборувавме, се обидовме со се само да ја испровоцираме да реагира. И тогаш татко сними песни на телефонот и и ги пушташе на мама, додека солзи му течеа низ лицето и паѓаа на нејзините образи. Срцето ми се кинеше додека ги гледав, но тогаш таа ја помрдна раката, а за неколку дена почна и со главата“, раскажува ќерката.

Со звуците од песните на Симпли ред Марија полека се враќала во живот.

„После еден час интензивно слушање таа почна да реагира. Бев воодушевен, вон себе од среќа. Не се опишува тоа со зборови. Таа е мојот животен партнер, многу сме блиски, скогаш бевме заедно“, раскажува Стивен.

Лекарите веднаш го предупредиле семејството дека закрпнувањето ќе биде бавно и неизвесно, но тоа што го постигнала таа во меѓувреме лекарите го опишуваат како чудо. Марија е во состојба да говори и да пишува, добро ја движи десната страна од телото, додека левата тешко ја мрда и се уште е врзана за инвалидска количка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста .

ЈО: Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик и предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Согласно зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална координација и постапување во предметите поврзани со семејно насилство, во конкретниот случај веќе се преземаат дејствија за обезбедување на доказите, особено имајќи предвид дека насилничкото однесување на осомничениот 54-годишник се повторува.

Против него веќе е поднесено едно обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, кое е во фаза на судење.

Дејствијата на загрозување на сигурноста што сега ги презел вклучуваат не само вербални закани дека ќе ги запали ќерката и внуката, туку и конкретни дејствија со кои тој истурил две шишиња бензин во домот.

По пријавата на настанот итно е изготвена проценка на ризик која укажува на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство и на ризик од повторување на насилството. Овие проценки упатуваат на оправдан страв дека осомничениот би можел не само да ги повтори до сега сторените дела, туку дека би можел да стори и потешко дело, односно да го стори делото со кое се заканува.

Поради ваквите околности јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга поблага мерка и предложи најстрога мерка за обезбедување присуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.

Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари

Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.

Обвинетиот во текот на постапката за прибирање докази беше обезбеден со мерка притвор, имајќи ги предвид ризиците тој да се обиде да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. Притоа обвинителството ги ценеше информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Сметајќи дека овие ризици и натаму постојат, јавниот обвинител со поднесеното обвинение му предложи на судот да ја продолжи притворската мерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!

Фудбалерот на Комо, Моиз Кен, ќе отсуствува од терените најмалку два месеца поради повреда, потврди тренерот на најпријатното изненадување во европскиот фудбал , Сеск Фабрегас.

Комо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!

26-годишниот италијански репрезентативец ја повредил десната нога за време на натпреварот против Белгија во Лигата на нации, но најновиот проблем се појавил на левата нога, објасни Фабрегас.

Од Комо претходно соопштија дека по враќањето од репрезентативните обврски, Кен морал да побара медицинска помош поради повреда заработена на тренинг.

Поради оваа принудна пауза, напаѓачот би можел да ги пропушти и важните натпревари во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Барселона, кои се на програмата во јануари.

Италијанскиот клуб моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, во која учествуваат 36 екипи, а во вторник ќе биде домаќин на АЕК. До крајот на лигашката фаза, тимот го очекуваат уште дуели со Реал Бетис, како и два големи предизвици против ПСЖ и Барселона.

Кен пристигна во Комо на почетокот на сезоната од Фиорентина, како позајмен играч на една година, а неговото отсуство претставува голем проблем за Фабрегас, кој до јануарскиот преоден рок на располагање го има само Тасос Дувикас како класичен напаѓач. Комо моментално е на петтото место во Серија А, а во сабота на домашен терен ќе го пречека Каљари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер