На „Скопско лето“ проекција на филмот „Јавачи на коњи“ во режија на Марјан Гавриловски - Канал 5

На „Скопско лето“ проекција на филмот „Јавачи на коњи“ во режија на Марјан Гавриловски

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ вечер ќе има вонредна проекција на филмот „Јавачи на коњи“, во режија на Марјан Гавриловски.

На „Скопско лето“ проекција на филмот „Јавачи на коњи“ во режија на Марјан Гавриловски
Улогите ги толкуваат Никола Кузелов, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски и Кристијан Стојановски. Влезот е слободен.

Првпат во Македонија, а според организаторите, специјално за „Скопско лето“, на плоштадот „Мајка Тереза“ пред платото на Македонска опера и балет вечер ќе се одржи концерт „Ладино богатство“ на Коби Ошрат (гитара и вокал), Галит Гијат (вокал), Ејал Хавив (клавијатура и хармоника) и Адам Тал (гитара, мандолина и ут) од Израел.

Коби Ошрат е композитор роден 1944-та година во Хаифа. Со богато меѓународно реноме и искуство, добитник на многу награди, тој исто така работи и како аранжер и диригент. Галит Гијат е израелска актерка и пејачка со успешна 25 годишна кариера на тв екраните, во театрите и кино салите. Адам Тал е гитарист со повеќе од 16 години искуство во свирење во живо и снимање во студио. Тој освен гитара свири, ут, бузуки, мандолина и други инструменти.Ејал Хавив е пејач и пијанист во израелскиот воен ансамбл при израелските одбрамбени сили.

Во Фоајето на Македонска опера и балет ќе биде поставена и изложба на фотографии „Мојот Ерусалим“ на Шломи Амсалем од Израел. Изложбата е во соработка со амбасадата на Државата Израел во Македонија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер