На сила новите мерки за цените на горивата на бензинските станици во Германија - Канал 5

На сила новите мерки за цените на горивата на бензинските станици во Германија

Во Германија од денеска на сила е новата регулатива за формирањето на цените на горивата на бензинските станици, по остриот раст на цените по почетокот на кризата на Блискиот Исток.

На сила новите мерки за цените на горивата на бензинските станици во Германија

Според новите правила, бензинските станици смеат да ги зголемат цените само еднаш дневно, и тоа напладне. Целта е да се ограничат ценовните флуктуации и да се обезбеди поголема транспарентност.

Намалувањето на цените и натаму ќе биде дозволено во секое време.

Законот вчера беше објавен во Сојузниот службен весник.

Со оваа мерка германската Влада го следи примерот на Австрија, каде на сила веќе извесен период е од неодамна и заострено слично правило.

Автомобилскиот клуб „ADAC“ и компаниите што стопанисуваат со бензински станици не се убедени дека новата регулатива значајно ќе влијае врз крајната цена на горивата.

За напочитување на новите законски одредби се предвидени парични казни во висина до сто илјади евра. Пакетот мерки за горивата вклучува и построги антимонополски правила, при што Сојузната канцеларија за картели ќе добие поголеми овластувања за постапување против прекумерно високи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Изведе аут како корнер

Фудбалер од Иран изведе неверојатен аут, топката леташе цели 45 метри, неговата техника го претвори во интернет-сензација.

Видео: Изведе аут како корнер

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно го привлече вниманието со својата необична техника на изведување аут. За време на натпреварот од руската Прва лига против Уфа, дефанзивецот на Спартак Кострома изведе аут со салто, исфрлајќи ја топката на импресивни 45,6 метри.

Според податоците од руската аналитичка платформа „RuStat“, ова е најдолгиот измерен аут забележан во руската Премиер лига и Прва лига откако започнало следењето на овие податоци во 2021 година. Топката се искачи речиси 11 метри во височина Спартак Кострома и Уфа одиграа нерешено 1:1 во понеделникот, во рамките на шестото коло од руската Прва лига, а еден од најинтересните моменти на натпреварот не беше гол.

„RuStat“ го измери аутот на Мохамади на растојание од 45,6 метри. Вкупната патека на движење на топката изнесуваше 51,6 метри, при што таа достигна максимална висина од 10,8 метри.

Со овој потег, иранскиот фудбалер постави рекорд во базата на податоци на „RuStat“ за двете највисоки нивоа на рускиот фудбал.

Истовремено, Мохамади не ја искористи класичната техника на залет. При изведувањето, тој се потпре на топката, направи салто нанапред и ја искористи силата на ротацијата за да ја фрли што е можно подалеку.

За Мохамади, ова не е само потег смислен за да го привлече вниманието на публиката. Откако запиша асистенција на натпреварот против СКА-Хабаровск, тој објасни дека со години вежбал ваков начин на изведување аут. „Како дете се занимавав со гимнастика. Уште од млади години го вежбам ова изведување аут со салто“, изјави Иранецот за „Чемпионат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Денеска детални резултати од контролата на прскањето против комарци

Денеска ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше синоќа министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски: Денеска  детални резултати од контролата на прскањето против комарци

Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во грција се регистрирани во подрачјето околу Солун и Вардар.

– Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во врска со прскањето. Потенцира дека не може јасно да се воспостави директна врска меѓу бројот на случаи на западнонилска треска и бројот на прскања во општините.

Клековски нагласи дека првиот случај на западнонилска треска во земјава е регистриран во 2011 година, а досега се регистрирани 54 случаи. Посочи дека имало и случаи кај мали деца со воспаление на мозокот, додека најголем ризик од смртен исход има кај лицата над 60 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политичка криза во Украина, на удар и претседателот Зеленски

Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето.

Политичка криза во Украина, на удар и претседателот Зеленски

Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето – што претставува најголем внатрешен предизвик за украинскиот претседател Володимир Зеленски од 2022 година наваму.

Триесет и петгодишниот Фјодоров беше долгогодишен сојузник на Зеленски сè до неговата неочекувана оставка од Министерството за одбрана во јули – само шест месеци по неговото назначување и ветувањето за спроведување темелни реформи.

„Демократијата не смее да биде заложник на Русија. Мораме да најдеме правен, безбеден и реален механизам што ќе ѝ овозможи на Украина да го обнови целосниот демократски процес, дури и во услови на долготрајна војна“, изјави Фјодоров.

Во она што изгледаше како отворен предизвик упатен кон Зеленски, Федоров изјави дека Украина се соочува со „системска криза на управувањето“. „Стариот систем пречесто живее според сопствени правила. Тој се штити себеси. Се плаши од промени“, рече тој.

Законот во Украина забранува одржување избори за време на воена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер