На штипскиот регионален пункт имунизирани речиси 11.000 граѓани - Канал 5

На штипскиот регионален пункт имунизирани речиси 11.000 граѓани

Пред штипскиот регионален вакцинален пункт од утринава се прави ред од десетина метри. 

На штипскиот регионален пункт имунизирани речиси 11.000 граѓани

Заинтерсираноста е голема и од граѓаните, но и од вработените во критичната инфраструктура. Преку „Мој Термин" веќе на пунктот се имунизираат и граѓани над 58 години.

Директорката на Здравствениот дом-Штип, Снежана Трајковска на денешната прес-конференција рече дека со намалувањето на возрасната граница расте и интересот за имунизација. Таа очекува до утре да заврши имунизацијата на критичната инфраструктура од штипскиот и струмичкиот регион, пред се вработените во училиштата, бидејќи претстои период на уписи и државна матура.

– Од наредната недела планираме веќе да почне и имунизацијата на работниците од приватниот сектор. Пристигнуваат списоци и ќе се направи распоред за да може сите да ги опфатиме и работниците од приватниот сектор да бидат ставени за имунизација и да добијат термин, вели Трајковска.

Таа забележува дека е огромен интересот од страна на приватниот сектор и се надева дека веќе од наредната недела би можеле да почнат со вакцинација и на работниците. – Доставуваат списоци и барања. Сите компании без разлика од која гранка се ќе бидат имунизирани и ќе се трудиме веќе од наредната недела да ги имунизираме сите, вели Трајковска.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов истакна дека до него пристигнуваат барања и апели од приватниот сектор да почне имунизацијата на работниците.

– Доколку од понеделник се дозволи и овие групи од приватниот сектор да почне да се вакцинираат, ние ги имаме списоците и ќе се доставата до Министерството за здравство и ќе им се даде термин за имунизација. Се надевам дека ќе почне од понеделник и ме радува што интересот е голем и што голема група на граѓани ќе бидат вакцинирани, рече тој.

Директорката на Здравствен дом-Штип, Трајковска истакна дека со отворањето на регионалните пунктови во Струмица и Велес ќе бидат растеретени и ќе нема да има голем ред пред нивниот пункт. Вакцини имаат и смета дека според количните што ги имаат нема да се направи застој за имунизација. На секој три дена им пристигнуваат нови количини, а дел од нив се распоредуваат и на пунктовите во здравстсвените домови во останатите општини од штипскиот и струмичкиот регион, каде се вакцинира населението над 70 години.

Прашана дали можноста за користење на годишни одмори од страна на здравствените работници може да им направи проблем во организацијата на имунизацијата, Трајковска е децидна дека такво нешто не може да се случи.

– Секој има право да го искористи својот годишен одмор, а доколку се појави недостаток од медицински кадар, во тој случај на пунктот ќе бидат ангажирани здравствени работници од останатите здравствени домови од двата региони, рече таа.

На пунктот во Штип дневно се имунизираат над 1.700 граѓани, а досега за десет дена се аплицирани речиси 11.000 вакцини од кинеската „Синофарм".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

Околу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа.

Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади.

Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор.

По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни.

Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии.

„Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авион

Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна додека патролираше низ шумските пожари во рускиот регион Иркутск се пронајдени живи по дводневна потрага.

Два дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авион

Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна пред два дена додека патролираше низ шумските пожари во регионот Иркутск се пронајдени живи, објавија денес регионалните служби за вонредни ситуации.

Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на висина од каде што ги испратиле своите координати користејќи импровизирана радио станица, објави РИА Новости.

Според него, тие се на околу 90 километри од градот Бодаибо, а испратен е хеликоптер за да ги евакуира.

Авионот исчезна во понеделник додека ја испитувал областа погодена од шумски пожари. Истражниот комитет на Русија започна истрага за сомнителни прекршувања на прописите за безбедност на воздушниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Project Helix“: Новиот „Xbox“ би можел да прикажува игри од сите генерации

„Microsoft“ наводно работи на нова „Xbox“ конзола со кодно име „Project Helix“, која би можела да понуди најголема библиотека со игри во историјата на платформата.

„Project Helix“: Новиот „Xbox“ би можел да прикажува игри од сите генерации

Според протечените документи, целта на компанијата е да ги обедини игрите од речиси сите „Xbox“ генерации на еден уред, објавува „Bug“.

Според „The ​​Verge“, „Helix“ треба да поддржува игри за оригиналните „Xbox“, „Xbox 360“, „Xbox One“ и „Xbox Series S/X“, како и „PC“ наслови, како и идни ексклузиви наменети за новата конзола.

Една од најинтересните карактеристики се однесува на физичките игри. „Microsoft“ наводно развива систем кој би им овозможил на сопствениците на „Xbox One“ и „Xbox Series“ дискови да ги конвертираат своите физички копии во дигитални лиценци кои би биле поврзани со нивната сметка и достапни на идните „Xbox“ уреди.

Сепак, реализацијата на овој план нема да зависи само од „Microsoft“. Според документацијата, издавачите ќе го имаат последниот збор кога станува збор за вклучување на нивните игри во новиот систем. Тие ќе одлучат дали одредени наслови ќе бидат достапни, колку ќе чинат и дали ќе бидат дел од претплатата за „Game Pass“ или ќе се продаваат одделно.

Неизвесноста ја зголемува и фактот дека „Microsoft“ сè уште не одлучил дали новата конзола воопшто ќе има оптички уред. Ако нема, можноста за конвертирање на физички дискови во дигитални лиценци би можела да стане клучна карактеристика за гејмерите кои со години ги градат своите колекции игри базирани на дискови.

Доколку „Microsoft“ може да обезбеди поддршка од голем број издавачи, „Project Helix“ би можел да стане првата „Xbox“ конзола што ќе ја собере речиси целата историја на платформата на едно место.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер